Божино
4815162342
- Член од
- 27 јуни 2007
- Мислења
- 8.605
- Поени од реакции
- 13.303
"A man with no motive is a man no one suspects."Варис немал никад лични аспирации за тронот.
2:04
"A man with no motive is a man no one suspects."Варис немал никад лични аспирации за тронот.
Oбјасни миТоа е кажано со друга сврха во дијалогов (ако сакаш ќе ти објаснам) и Варис има цел и мотив.
Литлфингер го има за цел тронот, а Варис го има за цел враќањето на Таргариените.
Па тоа ти велам, тоа што го вика у дијалогов ("A man with no motive is a man no one suspects.") нема никаква врска со неговите лични амбиции за тронот. Неговите лични амбиции за тронот не постојат. Ни во книгата, ни во серијата.Oбјасни ми
Јасно е кој е очигледниот план на Варис, посебно во книгите, дека е човек кој се грижи за доброто на континентот, за луѓето, the common men и од старт се залага за Таргериенс... Ама пошто е ова GoT секогаш чекав и се надевав дека ќе распали со лична амбиција, али ваљда нема да се деси. One can dream tho.
Самите си го поставија тој проблем со тајмлајнот. Прво одеа споро (што беше всушност одличен потег), за сеа у 2 епизоди да пропаднат 2 фамилии во Вестерос, 2 флоти плус најјаката платеничка/робова војска која ја видел светот на ASOIAF. Во исто време ни ги покажуваат и WW, а сеа дур сите зборат за нив, нив ги нема.И затоа јас пак ќе го спомнам фактот дека Нед и Роберт во само една епизода со цела пратња отидоа од Винтерфел до Кингс Лендинг во првата „непогрешива“ сезона.
Мене епизодата ми се допадна многу, досега најдобра од трите, на глупости и нелогичности укажувам секогаш, како сцената со Арја преправена во Волдер Фреј- тоа беа тешки глупости, магично изградената флота на Јурон, можеа барем некое глупо обајснување да смислат како е изградена, но некои големи нелогичности сега освен тајмингот баш и нема.
На тој од банката Серси му кажува дека експлозијата во катедралата е несреќен случај и колку и да се верзиите меѓу луѓето различни официјално кај неа нема вина, а како што кажа Џејми еден ден народот те плука гол дур шеташ по улици друг ден те воздигнува што е тоа чудно, народот е овца- дали во серијава или во реалниот живот нема разлика.
Ако Тарли како најсилен и уште неколку вазали на Тајрел откажале послушност тоа автоматски значи дека нивната армија е преполовена, Ланистерската е во фул бројка, во серијава отсекогаш е потенцирано мислам дека Ланситерите а не Тајрел имаат најголема армија.
Тоа што баш на Серси и успева сето ова и изгледа како бријилајнтен тактичар и воен лидер, можда е малку ради приказната да биде поинтересна, но и фактот дека ја советуваат доста интелигентни луѓе како Кајбрн, Џејми, Рендал Тарли.
Aко веќе барам замерки за епизодава, не ми се допадна како тоа Џора се излечи од тешка неизлечива болест за една вечер како ништо да не е. Исто и Бран и неговото понашање како некој забеган проповедник со тој матен поглед у далечината.
Никој не е самопрогласен режисер. Да бевме тоа ќе давав замерка на кинематографија, кадри, музика итн... Тоа го прават режисерите.Најверојатно цел квалитет е опаднат ради немањето материјал од дедото, па се губат малце во сите овие минуси што ги споменувате.
Не мислам дека е ради задоволување на публиката, зошто реално, шоуво ако никој не го гледа, ќе го укинат. А публиката не ја сочинуваат само режисери и оние самопрогласените режисери. Ако толку ве нервира, не гледајте веќе.
Цитатот е од Littlefinger, чисто како foreshadowing. Во сцената е друг муабет, отвори.Па тоа ти велам, тоа што го вика у дијалогов ("A man with no motive is a man no one suspects.") нема никаква врска со неговите лични амбиции за тронот. Неговите лични амбиции за тронот не постојат. Ни во книгата, ни во серијата.
ОК, не го отворив, затоа и не ни ти објаснив.Цитатот е од Littlefinger, чисто како foreshadowing. Во сцената е друг муабет, отвори.
Јас не негирам ништо од ова што имаш пишано, сите сме свесни за огромна разлика меѓу првите сезони и овие сега. Само мислам дека за сето тоа најглавна причина е немањето книги, а не факторот публика.Никој не е самопрогласен режисер. Да бевме тоа ќе давав замерка на кинематографија, кадри, музика итн... Тоа го прават режисерите.
До задоволување и до шок фактор е, константно го прават баш истото, но публикумот им дозволува, повеќе луѓе го хејтаа појавувањето на Ед Ширан на 11 секунди отколку значајни дупки во сценариото и главноит плот.
Значи не збориме за падот на квалитетот на дијалозите во сценариото кој е неспоредлив со првите сезони. Седум сезони чекаме средба меѓу мразот и оганот, и они имаат дебилен разговор на ниво на тетки у ЈСП. Дијалогот меѓу Џон и Даенерис беше дно, но веќе навикнавме на такви. Ликовите кои доминираа со дијалози како Тирион, Варис и Литлфингер сега муабетат ко просечен македонски јавувач во утринска емисија.
Но реков на тоа се навикнавме, на падот во квалитетот во дијалозите, овие ја дотупеа со широките плотови за ликовите.
Инаку да, дебелиот е најкрив за све, за 7 години можеше барем едната книга да ја издаде. Ама му чуе, си ја живее славата која ја доби на свои 50 години, главен е, си лапа пари. ХБО ќе му плати за уште бар 2 приквела базирани на приказната, он ќе си пишува факинг кард гејмс...
Тоа е и мојата главна замерка, нешто што ме разочара уште кога пред неколку години Д&Д го најавија дека целиот проект го замислиле во седум сезони. а има материјал комотно за десет сезони со десет епизоди, па дури и крајот да биде без оригиналниот материјал, нема да има такво брзање за многу ликови и настани како сега.Во идеално сценарио серијава би траела 10 сезони, без изразени филери, без бегање од оригиналниот плот и без менување на првично смилсениот заклучок (Hello LOST my old friend) и во тоа сценарио сите книги би излегле пред шоуто.
Јас не негирам ништо од ова што имаш пишано, сите сме свесни за огромна разлика меѓу првите сезони и овие сега. Само мислам дека за сето тоа најглавна причина е немањето книги, а не факторот публика.
Фактот е дека ништо од тоа ние, ко гледачи не можеме да смениме. Нити да кажеме кој да ја гледа серијава, зошто почнале сите што врска немаат да гледаат. Па добро, најпозната глобална серија е, што да гледаат луѓето, Модерн фемили или Биг бенг?
Жално е што од врвна серија и нешто што стварно не беше видено на телевизија, што најверојатно и најмногу придонесе за свртување на луѓето кон телевизиски серии наместо филмови, стана каша попара и нешто што ретко веќе е предмет за дискусија и барање загатки. Но, што да правиме, ќе ја догледаме каква што е. Не е никој крив освен самите оние што ја создаваат серијата, за нејзиниот пад во било каков квалитет.
Еј баш има таков обид за фан pleasure, го зборевме тоа и за минатата епизода, со Лејди Мормонт.Тоа е и мојата главна замерка, нешто што ме разочара уште кога пред неколку години Д&Д го најавија дека целиот проект го замислиле во седум сезони. а има материјал комотно за десет сезони со десет епизоди, па дури и крајот да биде без оригиналниот материјал, нема да има такво брзање за многу ликови и настани како сега.
Мене ми се допадна замислата во делот на битките од епизодава, но војната на петте крала траеше две цели сезони, со постојани маневри, битки и планови, тука пола војна е готова у 15 минути, исто како лани битката за Мерин, опсадата на Риверан. Се е тоа одлично замислено, костимографски, сценски и визуелно супер изведено, но нема време да се реализира како што треба, се брза и се прелетува во битни работи. Супер серија е тука нема дилема, ама ХБО се криви што им удоволија на Д&Д и не ги притиснаа за десет сезони, додуша они ГОТ хајпот и славата ќе го продолжат со приквели, ем они задоволни, ем дебелиот ќе си продужи да лапа пари, ем на крај и ДиД богати и славни ќе си бидат за пет животи.
Денерис му е тетка, Џон е наводно син на брат и Регар и ЛијанаДа прашам, Данерис и Џон се брат и сестра т.е. полу брат и сестра ?
Како шо си кажав. Пазете се сеа.Ќе земaм ќе јa хaкнaм стрaнaтa нa Hbo