Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Без навреда ама овие што константно ситничарат и по темава и по социјални мрежи за серијава ми се исти како оние што додека трае утакмица и им губи тимот ќе изнапцујат се и кога ќе шибне два гола во 80+ ги снемува. Јебале ве филер епизодите :icon_lol: :icon_lol:
 
Прво нешто со сакам да спомнам е музиката :cuc:
Епизодата немат потреба од коментирање, Серси немојш да не ја сакаш, ќе бидит интересно со нејзе во 7ма и начинот на кој Џејми ја гледаше мислам дека ќе имаат конфликти, како и да е Даенерис идат на така, жалам шо ќе морат да умрит во 7ма.
Сем незнам зш мислам дека немат да успејт, али како и да е библиотеката преубава, ме потсети на некој дел од играта Принцот од Персија.
Ајра не ја очекував во епизодава, одлична сцена, мило ми е за стариот умре онака баш како шо заслужи да умрит и тој и неговите смредни синови.
Сцената THE KING IN THE NORTH :cuc:

Едино Бејлиш ме плашит не се откажвит тој лесно ќе имат уште тука заплети.

Сега Џон колку војска имат на располагајне на северов без таа на Бејлиш нормално?
 
Незнам јас ама мислам дека Серси ке го јаде у 7ма...

И Ланистерс ќе испоумрат... само џуџето како хенд оф д квин ке остане..

Иначе сеа нешто гледав по ова гот викито..

Џон е внук на Даенерис сеа?
 
RIP најубавата цура во серијава, Марџори мааааааааааааааа, ми се плаче ми се колне, не е фер. Врабецот си викам му текна дека Марџори е во право пред да умре, што мислите?

Пола екипа ја скинаа, затоа имаше вести дека ќе им ги зголемат платите следната сезона, никој нема да остане да глуми :D

И јас инаку очекував вајт вокери епизодава.

Музиката топ, на почеток во Кингс Лендинг ми беше малку чудно ама убаво во секој случај.

Promise me, Ned. The prince that was promised. Се си мислам Џон ќе се жртвува некако за вајт вокерите и ќе и остане тронот на Дани, колку не ја можам, чудо едно.
 
сите имаат телепорти само самвел мораше да патува цела сезона до олдтаун.
мене ми беше стварно Мех епизодава можите слободно со дрва и камења да фрлате по мене. спора досаадна,предвидлива, телепортов ме уби начисто така да сума сумарум фала богу шо заврши.
А што демек 1 епизода мора да е еднаква на 1 ден во серијата?
Јасно беше дека помина одреден период.

Епизодава беше врВ, според мене за нијанса подобра од минатата. Саат и 7 минути у еден здив.

Музиката. :cuc:
 
Леле колку беше добра епизодава еј, сеа станав и одма на тоа помислив. Вечер ја глеам репризата пак обавезно. Мислам дека најјако беше што воедно направија и осврт на секој лик до кај е што е, онака сите ги имаше у барем по една сцена, а у исто време сите сцени беа прејаки и у секоја имаше што да видиш пошто сепак се случуваа битни настани, воопшто не беа филери. Серси више тотално е без чувства, не покажа ништо ни за Томен еј. Моќна беше и онака, а камоли како кралица. И многу feelz имаше у сцената кога Денерис го назначи Тирион за hand of the queen и му даде беџот :place:

А леле мајко, Арја ќе биде најбоље следната сезона, ова само навестување беше. Сценава иако беше кратка, не смее да се заборави. Според мене ова беше многу позадоволувачки и од Ремзи и од Џофри и од сите гадови што умреа, пошто ова гнидава едвај чекав да умре. И како го напраи тоа еј, у стил на Картмен од Саут Парк, напраи да си ги изеде децата човече АУ!

But... they are right here my lord... :sneaky:
 
Прво нешто со сакам да спомнам е музиката :cuc:
Епизодата немат потреба од коментирање, Серси немојш да не ја сакаш, ќе бидит интересно со нејзе во 7ма и начинот на кој Џејми ја гледаше мислам дека ќе имаат конфликти, како и да е Даенерис идат на така, жалам шо ќе морат да умрит во 7ма.
Сем незнам зш мислам дека немат да успејт, али како и да е библиотеката преубава, ме потсети на некој дел од играта Принцот од Персија.
Ајра не ја очекував во епизодава, одлична сцена, мило ми е за стариот умре онака баш како шо заслужи да умрит и тој и неговите смредни синови.
Сцената THE KING IN THE NORTH :cuc:

Едино Бејлиш ме плашит не се откажвит тој лесно ќе имат уште тука заплети.

Сега Џон колку војска имат на располагајне на северов без таа на Бејлиш нормално?
Јас па обратно мислам дека Џејми од што е заслепен за Серси дури ни смрта на неговиот син не му значи ништо.. битна е само она и никој друг и сеа ќе бидат ruthless
 
Пак со глупости, кое телепортирање, на бродовите ги имаше симболите покрај на Теон и Јара и на Дорн и на Тајрел. Варис ги собра сојузниците и заедно со нив тргнаа кон Кингс Лендинг, којзнае колку време имаше поминато во меѓувреме, да не сакаш да ги дадат Дани и Тирион како го чекаат Варис со Олена и змиите да се врати на крај од сезона? :facepalm:
Не ми се верува за ваква епизода, вакво финале пак има вакви коментари. Најдобро нешто досега, ги затвори сите дилеми што се создаваа низ сезоната оваа епизода и плус отвори многу нови за наредна - Дани конечно тргна во поход на тронот и тоа со добри сојузници; Серси ја чека таму побрутална од било кога, без сите деца ќе нема ронка милост за никој; Џон е крал на северот и допрва треба да дознае кој е всушност; Сем беше супер со глумата и кога пробуваше да биде шармантен со тој намќорот мене ми беше ептен смешно и таму сигурно ќе се одвиваат интересни работи, ќе биде битен адут во идната војна со мртвите; дојде зима и Најт Кинг се ближи сигурно... Прејака, немам зборови за епизодава.

Лијана Мормонт :kruna::cuc:
Не ги приметив симболите на бродовите бидејќи гледав на многу лоша снимка затоа така кажав, а и уствари повеќе беше на смеа кажано не дека ми смета тоа, како што гледаш оваа и претходната ми се најдобри, можеби не во цела серија ама сезонава да.
 
Серсеи била досаден карактер сезонава, ни пола од тоа порано :blablab: То сестро, матер им еба.

200_s.gif

Серсеи е најглупиот карактер во серијалот, со најглупи постапки, неразумни, непроценети.

Да не ги двојам сеа сите постапки посебно, ќе треба реферат да напишам, ама ликови заради помали грешни проценки го јадеа стапот.

Заедно со Литлфингер го имаат најголеиот т.н. plot armor, досеа милион пати можеше некој лесно да ги сјебе затоа што заслужија, али не брате...

Целосно антипатичен карактер, луда кучкетина, ќе славам денот кога ќе ја скинат.

ЏЕЈМИ БРАТУ ОСВЕСТИ СЕ КОНЕЧНО И УБИЈ ЈА КУЧКАТА !!!

Супер епизода реално, најзадоволувачка досеа зошто „омилените“ ликови ни “победија“.

Но речиси сите замерки се точни, ова можеа да го распоредат во неколку епизоди, палењето на КЛ можеше да се деси у 8 епизода на пример, ама се знаеше дека ќе набутаат се у последната.

Малку глупо испадна.

Немаше плот твист, ни негативен ни позитивен, беше предвиливо, се надевам дека ќе не пукнат со некој твист како што Мартин го прави/ше тоа.

Би сакал да не мораа да ја убрзат олку ситуацијава и да тераат до 10 сезона, ама тоа е што е, ако има 7/8 сезони јасно е зашто вака го убрзаа дејството за да добие крај.

p.s. најдобриот момент од задњиве 2 епизоди беше режисерот, снегот што паѓаше во позадина во Винтерфел дури беа на состанот северњаците беше мајкоебачки момент!


за крај, се знае:

I2JcWIH02OT9Egl-5QKfM_bbB6rHrHnLwrfVYgrRNt0.jpg


THE NORTH REMEMBERD!
THE KING IN THE NORTH!
ALL HAIL JON STARK TARGARYAN!
 
Последно уредено:
Се мислев уште пред 2-3 епизоди да пишам, ама ај да видам уште колку пати некој ќе се пожали за телепортот.

Пошто гледам дека е една од најчестите забелешки (кога нема што друго да се забележи па ајде да не биде без замерка) да ве потсетам на нешто, ако може сте го заборавиле или не сте го приметиле досега.

Чисто сакајќи да проверам дали телепортот е нов изум од овие две сезони (кога нели серијата оди вон книгите ;))
вртам сцени од првите неколку епизоди од прва сезона.

И што приметувам, уште во прва епизода, дезерторот од Ноќната стража во првата сцена е некаде позади ѕидот, за 15 минути во втората сцена веќе е во близина на Винтефел.

Идемо даље, Нед и Роберт во една епизода се во Винтерфел, а веќе во другата се во Кингс Лендинг, за една епизода, и тоа пази, не се работи за војска на коњи, не се работи за еден коњаник, се работи за цела свита со пратња, кочии, курци и слични ствари.

Истовремено, Денерис, Висерис и цела банда Дотраки направија договорија и направја сваба во Пентос, а за само една епизода веќе беа во степите на Дотраки.

Горе на север, Тирион во една сцена моча од врвот на ѕидот, веќе за само една епизода е во крчмата во Риверлендс, знаете колку далечина е тоа, многу е.

И не ни сакав да проверувам понатаму, во втора, трета или четврта сезона, очигледно телепортот бил измислен уште во првите пет минути од премиерата.

Разберете една работа, серија од 10 епизода мора така да дејствува, ако за некое во епизода дејствие на Северот поминале денови, во Кингс лендинг поминале недели, во Есос може месеци и обратно.
 
@Bateman
Не е телепортот проблем него набутаноста во една епизода. Можеа да го распоредат ова низ повеќе епизоди а не да глеаме мизерни епизоди ко некои од претходните. Имаа доволно матерјал за секоја епизода да има силен настан у неа, но не, ќе ставиме све у една.

Не мора да бидеме толку Over-protective кон серијата.

Не мислам тука на глупи замерки ко ДАЛИ САНСА Е ТРУДНА И ДАЛИ ДОЗНАЛА ЗА КУЧИЊАТА, него за грешки што прават малку деблино да изгледа дејството.
 
Алал да им е на дечкиве на темава на кои цела сезона све им е предвидливо. Би сакал да ни напишете вака што ќе биде со војната во Сирија, дали Шкотска и Северна Ирска ќе се отцепат од Велика Британија после Brexit-ов, дали Русија конечно ќе излезе на топло море, дали/кога Македонија ќе влезе во ЕУ и НАТО и дали ќе го мењаме името, дали у Венецуела конечно ќе се крене народот против војската која де факто е приватна армија на корумпираната влада, што ќе се случи со арапските држави кога нафтата нема да биде повеќе #1 најбаран ресурс и дали подемот на десницата во западна европа ќе значи обвновување на фашизмот и нацизмот или едноставно конечно ќе дојде до баланс на конзервативизмот и либерализмот низ државите.

Кога ќе можете пишете, без брзање. Само тоа да не биде ОТКАКО ќе се десат сите работи, пошто така НЕ БИ ИМАЛО ПОЕНТА тоа дека све било предвидливо!

ШУКУРАЦ!
 
Еве ви да не го дрвите веќе со телепортот на Варис.

На крајот имаше бродови со симболите на Тајрел и Мартел, што значи уште пред да тргне Дани накај Вестерос, Варис го договара сојузот со Мартел и Тајрел.

1Q37L0w.png


Ur0aiXa.png
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom