Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Дали е ова грешка на продукцијата? Санса заминува 20 секунди пред Рамзи да каже дека кучињата не се јадени 7 дена, а на крајот од епизодата Санса ги цитира овие зборови

1.jpg 2.jpg
 
Можам да го замислам Џон: Еј знае што кажа Ремзи? 7 дена не ги хранел кучињата хахахах
Звучи смешно, знам, но размисли малку.
Било кој друг нормален муабет да си помислиш дека прават, ќе звучи смешно.
 
Најверојатно се работи за грешка, незнам зошто толку се напнавте демек се безгрешни ГоТ
 
Најверојатно се работи за грешка, незнам зошто толку се напнавте демек се безгрешни ГоТ

Не знаеме после колку време се одвива сцената со кучињата откако влегоа во Винтерфел, може после 1, 2, 5, 10 саата, Санса сигурно сама не го врза и стави Ремзи таму, така да сигурно Џон и има спомнато што му рекол Ремзи додека смислувала/смислувале како да го довршат.

Не може туку-така да се најде Ремзи врзан таму, мора да е организирано за да ја има таа симболика со кучињата.
 
„Little cunt making threats, hasn't fed his hounds in 7 days. I will feed him to fucking Thenns before he lets them loose“ - off-screen пијана сцена на Тормунд :icon_mrgr:
Две страни тупење како дознала Санса за кучињата, а не била присутна кога Ремзи изјавил дека се гладни една недела. Веројатно некој вечерта во шаторот и кажал или спомнал, едноставно.
 
Тоа што беше епизодата breathtaking нема збор, одлична, една од најдобрите во цела серија. Меѓутоа сите забелешки пишани во темата не се незначителни, и ако сакаа да биде најдобра епизода и во серијата и општо, требаше да избегнат некој од грешките.

1. Санса и гладните кучиња :D доста сарказам на оваа тема, ама сосема непотребна и наивна грешка, можела санса да почека уште малку ремзи да каже за кучињата. И така Санса е најнекорисниот и најглуп карактер

2. Почетокот на битката - Рикон умира, коњаницата на Џон тргнува напред, и Џон е на сред бојно поле. Ремзи ги има спремни стрелците, и ја пушта коњаницата напред во масакр. Ајде шо нема логика да ја пушти коњаницата како прво, кога веќе беа во битка, неговата побројна и поопремена коњаница плус подршка од стрелци ( ок и негови луѓе умираа од нив, ама помалку), е целосно уништена заедно со на Џон. Ремзи, од лик кој го градеа неколку сезони како одличен воин и стратег, го направија како да изгледа како почетник, и тоа во моменти кога беше во огромна предност. Џон на друга страна, го направија комбинација од Нео и Ахил, избегнува стрели и сече се по ред. Total bullshit

3. Текот и крајот на борбата - Може сум грешка, ама од периодот на Александар и фалангата, тој начин на пешадија е многу ретко користен и не толку ефективно. Од кај им истекна тоа сценарио незнам. Нападот со коњаница од зад грб беше одличен, нема збор за тоа, единствен начин коњаница да победи пешадија со долги копја и штитови (спеарман). Пешадијата беше уништена, а сите стрелци на Ремзи исчезнаја ??? Имаше голем број на стрелци, кои се изгубија после битката. Портата на Винтерфел со една дрвена штичка потпрена, фантастично.

4. Џон и Ремзи - Ај шо ги избегна сите стрели (се заштити), го кутна на земја, му го истури мозокот од мавање, и Ремзи остана жив за да може да има сцена со кучињата, која (1) е исто не толку добро направена.
 
1. Санса и гладните кучиња :D доста сарказам на оваа тема, ама сосема непотребна и наивна грешка, можела санса да почека уште малку ремзи да каже за кучињата. И така Санса е најнекорисниот и најглуп карактер

5.
Не знаеме колку поминало откако Санса го праша Џон за Ремзи внатре во Винтерфел, може он самиот и кажал дека кучињата се гладни додека смислувале начин како да заврши. Не може туку-така да се најде Ремзи врзан таму, мора да е организирано за да ја има таа симболика со кучињата. Може после 10 саата или 1 ден се одвива сцената кај кучињата откако го праша, за тоа време ќе дознае свашта.
Tолку многу работи се дешаваат off screen во ГоТ, ти и уште некои тука се фативте како Санса дознала за кучињата.

Никој не праша како Дотраките на КОЊИ дојдоа во скоро ИСТО време со Дани која леташе на факинг ЗМЕЈ. Еве и да не е исто, со саати е разликата. Неколку саати откако Дани долета на змеј во Мирин, Дотраките на коњи дојаваа баш во тоа време. Реално? Шок, шок, шок (ФОТО + ВИДЕО)???

Никој тука (барем јас не прочитав) не се побуни зашто џинот немаше некое троа дебело дрво, па да се узнаеја и фаланги и тактики и копја и курци - палци.

Ееееј ЏИН имаа во своите редови, го оставија без ниедно оружје за да дозволи да го заокружат.

Никој тука не се побуни (или ептен некој беше спомнал) зашто Ремзи не стрелаше во Џон кога овој блееше како теле во џинот, туку мораше полумртвиот џин да го стрела во окото (WTF беше тоа???)

Сфатете дека некои работи или се дешаваат off screen или се дешаваат ради драма во самата епизода/серија.

Али не, битно Санса не дознала за кучињата. Или на вратата на Винтерфел имало една греда!!!!!

НЕБИТНО е, и 100 кубика дрва да имаше позади вратата исто ќе се одвиваше - џинот ќе умреше, Ремзи ќе го изедеа кучиња.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom