Тоа што беше епизодата breathtaking нема збор, одлична, една од најдобрите во цела серија. Меѓутоа сите забелешки пишани во темата не се незначителни, и ако сакаа да биде најдобра епизода и во серијата и општо, требаше да избегнат некој од грешките.
1. Санса и гладните кучиња

доста сарказам на оваа тема, ама сосема непотребна и наивна грешка, можела санса да почека уште малку ремзи да каже за кучињата. И така Санса е најнекорисниот и најглуп карактер
2. Почетокот на битката - Рикон умира, коњаницата на Џон тргнува напред, и Џон е на сред бојно поле. Ремзи ги има спремни стрелците, и ја пушта коњаницата напред во масакр. Ајде шо нема логика да ја пушти коњаницата како прво, кога веќе беа во битка, неговата побројна и поопремена коњаница плус подршка од стрелци ( ок и негови луѓе умираа од нив, ама помалку), е целосно уништена заедно со на Џон. Ремзи, од лик кој го градеа неколку сезони како одличен воин и стратег, го направија како да изгледа како почетник, и тоа во моменти кога беше во огромна предност. Џон на друга страна, го направија комбинација од Нео и Ахил, избегнува стрели и сече се по ред. Total bullshit
3. Текот и крајот на борбата - Може сум грешка, ама од периодот на Александар и фалангата, тој начин на пешадија е многу ретко користен и не толку ефективно. Од кај им истекна тоа сценарио незнам. Нападот со коњаница од зад грб беше одличен, нема збор за тоа, единствен начин коњаница да победи пешадија со долги копја и штитови (спеарман). Пешадијата беше уништена, а сите стрелци на Ремзи исчезнаја ??? Имаше голем број на стрелци, кои се изгубија после битката. Портата на Винтерфел со една дрвена штичка потпрена, фантастично.
4. Џон и Ремзи - Ај шо ги избегна сите стрели (се заштити), го кутна на земја, му го истури мозокот од мавање, и Ремзи остана жив за да може да има сцена со кучињата, која (1) е исто не толку добро направена.