Клипче алал ти вера кој крал си

Иначе и јас да се надоврзам на Стелт, само малку од поразличен аспект. Првпат воопшто за ГОТ слушнав петтата сезона кога траеше, т.е пред да почне тогаш дома макс тв ставивме и брат ми знам чекаше април да дојде за на ХБО да си гледа како човек. Ми велеше да почнам да ја гледам и си ветив дека ќе почнам да ја гледам серијата откако ќе заврши сезоната која траеше.
Започнав да ја гледам некаде јули 2015, речиси пред една година, само што за разлика од Стелтчо прва епизода која ја изгледав ми беше с01 е01. Барем вака беше потпишана во видеотеката
Најбитно од се е што немав појма за ништо во врска со серијата или книгите врз основа на која е пишувана. Комплетен странец. Тоа мислам е клучно што серијата ми ја направи интересна. Првите епизоди ми беа претешки за гледање, ама упорно давав шанса. Полека почнав да сфаќам многу работи и најдобро од се е што си ги повторував често епизодите и при секое прегледување научував нешто ново.
Нејсе поентата ми е дека еве пример The red wedding мислам дека 5-6 пати враќав назад за да укапирам што се случи и како се случи. Во исто време бев

и 

, втората сезона Тирион кога се врати како hand od the king 

, смртта на Нед, смртта на Џофри, говорот на Тирион на судењето, белите шетачи и останатото на Ѕидот ме оставаа во некое WOW стање. Клучно за тоа беше што не читав ништо поврзано со серијата или книгите, едноставно епизода по епизода ги изгледав сите 5 сезони и оценката ми беше повеќе од 10 за серијата. Кога на тоа ќе надоврзам и тие history of lore на јутуб што ги има сликата е комплетна. Инаку иако е претешко да се издвои посебна епизода, сепак топ 3 ми се 8ма и 9та епизода од 5та сезона(која иако генерално не беше којзнае што, сепак овие две епизоди беа страшно нешто, особено кога Џон ги спасува дивјаците и моментот кога night king ги крева рацете за да ги оживее мртвите, се претресов мислам во тој момент, врв од серијата ми е тоа) и се разбира 9та епизода од 3та сеозна.
Е сега сета таа магија на непознатото ми се сруши со шестава сезона. Што од фејсбук, што од читање секакви теории, што од оваа тема која започнав да ја читам, па дури мислам дека и од самото искуство на изгледани 5 сезони, интерпретацијата стана полесна. Смртта на Болтон, убивањето на оној на Железните острови не ме импресионираа ни малку, едноставно од небото се гледаа. Сцените со Арја, само за на крајот да каже дека не е никој туку е Арја Старк од Винтерфел беа страшно изгубено време, земајќи го во предвид фактот што тоа се очекуваше две епизоди пред всушност кога се деси. Се до оваа 9та епизода, сезонава ја држеше Бран со неговите одлични визии и Hold the door, ака Ходор.
Последнава епизода беше одлична, онака стварно 10ка за реализацијата на идејата, само што идејата горе долу беше позната. Мислам дека ова се должи на фактот што првите пет сезони ги изгледав без апсолутно никако сознание, па затоа ми беа страшно интересни, а оваа заради се што набројав погоре ми зеде дел од магијата.