Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
20160622_050819.png

Ice and fire confirmed? o_O

ne
 
Џон не направи ништо погрешно досега, освен тоа што покажа дека е наивен и глуп. Не дезертираше затоа што заклетвата е се до смртта. Целата поента на неговата смрт беше да се ослободи од заклетвата. Тоа што ги пушти дивјаците да го поминат Ѕидот исто не е погрешно - Ѕидот е таму да штити од White Walkers, не од дивјаците. Ѕидот не е само физичка бариера, туку има магија која не им дозволува на шетачите да го поминат. Тоа што дивјаците поминаа покажува дека истиот не е наменет да ги сопре нив туку некој друг. А зошто и да ги сопре, дивјаците се само обични луѓе што не сакаат лордови, грофови, кралеви, цареви. Тоа што дупеше под заклетва исто ко Сем исто така мислам дека не ја прекршува заклетвата - истата вели дека не смеат да имат деца, не вели ништо за дупење.

Како и да е, последната епизода покажа дека Џон сеуште не е созреан. Санса испадна посозреана од него. Фати сам да се бори против цела армија, тотално отсуство на самоконтрола и способност да го контролира својот бес и емоции. Зелен е уште, ама главен лик е така да не верувам дека ќе цркне по втор пат до крајот.
 
Клипче алал ти вера кој крал си :pos::cuc:

Иначе и јас да се надоврзам на Стелт, само малку од поразличен аспект. Првпат воопшто за ГОТ слушнав петтата сезона кога траеше, т.е пред да почне тогаш дома макс тв ставивме и брат ми знам чекаше април да дојде за на ХБО да си гледа како човек. Ми велеше да почнам да ја гледам и си ветив дека ќе почнам да ја гледам серијата откако ќе заврши сезоната која траеше.

Започнав да ја гледам некаде јули 2015, речиси пред една година, само што за разлика од Стелтчо прва епизода која ја изгледав ми беше с01 е01. Барем вака беше потпишана во видеотеката :icon_lol:

Најбитно од се е што немав појма за ништо во врска со серијата или книгите врз основа на која е пишувана. Комплетен странец. Тоа мислам е клучно што серијата ми ја направи интересна. Првите епизоди ми беа претешки за гледање, ама упорно давав шанса. Полека почнав да сфаќам многу работи и најдобро од се е што си ги повторував често епизодите и при секое прегледување научував нешто ново.

Нејсе поентата ми е дека еве пример The red wedding мислам дека 5-6 пати враќав назад за да укапирам што се случи и како се случи. Во исто време бев :vozbud: и :(, втората сезона Тирион кога се врати како hand od the king :cuc:, смртта на Нед, смртта на Џофри, говорот на Тирион на судењето, белите шетачи и останатото на Ѕидот ме оставаа во некое WOW стање. Клучно за тоа беше што не читав ништо поврзано со серијата или книгите, едноставно епизода по епизода ги изгледав сите 5 сезони и оценката ми беше повеќе од 10 за серијата. Кога на тоа ќе надоврзам и тие history of lore на јутуб што ги има сликата е комплетна. Инаку иако е претешко да се издвои посебна епизода, сепак топ 3 ми се 8ма и 9та епизода од 5та сезона(која иако генерално не беше којзнае што, сепак овие две епизоди беа страшно нешто, особено кога Џон ги спасува дивјаците и моментот кога night king ги крева рацете за да ги оживее мртвите, се претресов мислам во тој момент, врв од серијата ми е тоа) и се разбира 9та епизода од 3та сеозна.

Е сега сета таа магија на непознатото ми се сруши со шестава сезона. Што од фејсбук, што од читање секакви теории, што од оваа тема која започнав да ја читам, па дури мислам дека и од самото искуство на изгледани 5 сезони, интерпретацијата стана полесна. Смртта на Болтон, убивањето на оној на Железните острови не ме импресионираа ни малку, едноставно од небото се гледаа. Сцените со Арја, само за на крајот да каже дека не е никој туку е Арја Старк од Винтерфел беа страшно изгубено време, земајќи го во предвид фактот што тоа се очекуваше две епизоди пред всушност кога се деси. Се до оваа 9та епизода, сезонава ја држеше Бран со неговите одлични визии и Hold the door, ака Ходор.

Последнава епизода беше одлична, онака стварно 10ка за реализацијата на идејата, само што идејата горе долу беше позната. Мислам дека ова се должи на фактот што првите пет сезони ги изгледав без апсолутно никако сознание, па затоа ми беа страшно интересни, а оваа заради се што набројав погоре ми зеде дел од магијата.
 
Не му прајте спојлери на чоекот,сега ќе ја почнува од прва сезона.:icon_lol:
 
^
Многу влијае тоа, колку за оваа сезона имаше теории, видеа, пишувања и дискусии немаше за ниедна досега.

Па спојлери од кастинзи, спојлери од снимања, изјави на актери, нормално е дека веќе факторот изненадување не е ист, пет теории да напише некој за еден настан, а ти да ги прочиташ, една од тие теории да е точна ќе делува како да си го знаел веќе текот на дејството.

Плус и фактот дека приказната е малце упростена и убрзана, ама за тоа дискутиравме претходните недели повеќе.
 
Сфе е тоа у ред ама не можеш бе да ја глеаш оваа битка а претходно да не си глеал Ред Вединг, шо и се деси на Арја, на Санса па како стигна Џон до тука...

Едно е да прочиташ а друго е да видиш, не е ова Два ипол мажи па ај ќе почнам од трета сезона пошо се знае дека Чарли ебел сфе живо и диво у претходните и пак тоа ќе се врти.

Аматерски потег.
 
Башка да не знаеш дека постои таа што замина со црнецот, пратечи вокал што и беше на Дени и 5 сезони што ја тажите :icon_lol:
 
Што ако ги нема глеано кога повеќе знае од тебе за серијата :D[DOUBLEPOST=1466559166][/DOUBLEPOST]

А зошто не може нивниот потег да се толкува како „тие сметаа дека нивниот потег е правилен затоа што Џон ги изневери со тоа што ги пушти дивјаците да го поминат ѕидот“?

Омилен кај фановите и се забораваат глупостите што ги има направено и тоа како ја има обрука Најтс Вач. Ако не ти текнува, Стелт ќе ти објасни, ги има глеано сите сезони по дватрипути.

Може и така да се смета, нормално, затоа што така сметаа и така испадна. Се зависи од која страна гледаш. Пред да висне Алистер Торн се сеќаваш што му кажа на Џон? До некаде беше и во право. Меѓутоа никој неможе да каже дека Џон не и служеше верно на стражата, се што правеше сметаше дека прави за нејзино добро.

Не ми треба никој да ми објаснува, ја гледам и јас серијата, првите 4 сезони ги имам гледано по двапати.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom