Тука е цела нелогичност и аматеризам. Целата приказна можеше да заврши уште минатата епизода, откако ја изгаси свеќата, тогаш можеше да дојде соперничката и да имаат дуел, немаше потреба од брканицата, од одење кај актерката Л.Крејн.
Или веќе ако го планирале тоа, зошто мораше да ја има сцената со бодењето, тоа најмногу ми ја руши цела приказна, можеше само да прикажат Арја како оди кај Л.Крејн да се збогува пред да си оди и таму да ја најде оваа другата, и после да почне сцената со бркањето каде Арја намерно ќе ја наведе другата до темната соба.
И на крај, ако веќе сакале и сцената со бодењето да стои, требаше да биде направено се како да е планирано, како што сите мислеве минатата недела, дека е употребена лажна крв или сл. Вака е на ниво на ефтина серија каде има неуништиви ликови каде сабја не ги сече и куршум не ги дупи, па оној огромниот бодигард на Доран со еден убод со мало ноже у грб падна како покосен, Арја три пати и го зарија ножот у стомак, скока и трча како ништо да не е.
Проблемот е во изведбата, не толку во приказната, ако веќе сакале да прикажат дека Арја имала план, требаше од почеток да делува така.