Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Супер си е приказната во Дорн замислена да тече, тоа со отровните ножиња, стрели итн е трејдмарк, само што глумењето на змииве од Дорн не е ни за на турскиве серии.

Воопшто не е супер замилсена приказната во Дорн да тече, од самиот почеток.

Првата сцена во Дорн беше како Џејми и Брон влагаат во престолнината на покраината, без никој да ги примети. Каде бе така се влегувало во замок/резиденција? Па кај Хорхе не моеш така да влезеш.

Па затворањето на Џејми и Брон, па преговорите, па „ослободувањето“, па отровот за Мирсела, па Обара, па змиите... Апсолутно све беше катастрофално смислено и изработано. Ова последново беше шлаг на дебилноста.

Немаше ама никаква логика убивањето. Како може со турпија забиена во грб секундарно да убиеш грамада човек ко Аеро Хотах и овој да не мрдне, а со истата турпија другава забодуваш инвалидизиран човек ко Доран во срце и овој дава отпор!? Барем обратно да беше, Хотах да умреше едвај а овој одма, ќе имаше бар медицинска логика.

Ептен ад-хок работаат сценаристите ко што пиша некој погоре. Во Дорн освен цицките на една од змииве ништо друго не вредеше. Ако веќе ја менувале оригиналната арка на Џејми и Дорн од книгите, барем нека го направеле тоа ккако што треба. Вака ем го уништија Џејми ко лик ем ја уништија одличната приказна за Дорн која Мартин ја смислил. И јас мислев дека не се толку шутраци продуцентите ама очигледно се баш Dumb and dumber.
 
mgot-601-death-scroll-1200x800.jpg


Мало објаснување зошто Тристан бил на бродот, а војната во секој случај ќе била неизбежна, без оглед дали Доран или некој друг владее со Дорн.
 
Според мене супер почна сезоната. Не дека немаше пропусти ама неможе да очекуваме на серија од грандиозни размери да нема такво нешто, па дури и за ХБО. Многу работи направија различно од книгите па сега се фаќате за секоја ситница.
 
Ова многу почесто се случувало низ историјата од што мислиш. Пример да го земам Селеук, еден од дијадосите на Александар III Македонски Велики, кој формирал своја династија т.е де факто држава, со цел да биде наследникот на Македонија. И тогаш било Total War, ко што беше War of the five kings, буквално иста ситуација.

И сеа Селеук со себе имал воен командант, Птолемај Кераун, кој дошол кај него пошто бил прескокнат за наследник од ривалот на Селеук и таткото на Кераун, Птолемај Сотер. Арно ама овој бил бајаги неспособен. Селеук све правел, и успеал да излезе како победник, last man standing, што значи на него му припаднала држава. Успеал да ги надживее и победи сите други, останало уште да стигне во Пела и да се круниса како новиот македонски владетел. Арно ама, на патот кон Пела, дур кампувале у некој логор, седеле, пиеле, се заебавале, и Кераун од нигде, од чиста мира го убива Селеук, ждранг нож у гради, ајде поздрав. Го убил пошто мислел дека ќе биде сега он the ultimate владетел. Ама се заебал.

И такви има милијарда други случаи, coups биле секојдневие у минатото (не дека сега ги нема). Е сеа дали ќе се заебат овие што го убија Доран, останува да видиме. Како и да е, ваквиот тек на настаните воопшто не е чуден.
Oва што си го напишал 300 пати подобро звучи одколку заговорот на песочните змии :D
 
Мене многу ми се допадна првата епизода. Не го очекував крајот и она што се случи во Дорн воопшто. Ако не држат во неизвесност за Џон Сноу до следната сезона, срам да им е. Едино ме буни зошто го донесоа Доран во минатата сезона кога го убија веднаш во оваа, апсолутно ништо не направи, безначаен лик, не знам зошто се губело време на тоа. Се си мислам дека им била замислена приказната да тече на одреден начин и сеа набрзинка се премислиле. Штета ако е така.

Sent from my E2105 using Tapatalk
 
wtf?? што крај ќе беше ова, инаку се на се добра епизода со добар вовед на моменти ме нервираат женава на оберин и нејзините деца некако ногу ми се исфурани ликовите :D

Не му е жена, швалерка му е, и само една од змиите е нејзина ќерка.

kako sto gledate toa se kucinja od vidot BLACKHAUND impresivni tragaci mozat da prosledat miris star i do tri dena no tie nikako ne se krvolocni kucinja go drzat primatot za najdobri gonici vo svetot funcioniraat na nacin sledenje na traga i markiranje no ne i fajteri kako pit buli dobermani itn okolu kucinjata nema zamerka go odbrale najdobroto
+ gledam vo trajlerov od 2 epizota pocnaa i da gi voskresnuvaat

И страшно се познати како трагачи на снег, за што сведочи и нивното дебело крзно и широки шепи, овај чекај малку ....

Ги испотепаа сите солидни актери од Дорн.

И обожавам како огромнион црнец од 150 кила инстантно умре од мало ноже забиено во грб.

Не е проблем да се убие човек и со мало ноже, проблем е кога тој човек цел живот го посветил на тоа да биде телохранител. Таков човек никогаш нема да си дозволи некој потенцијално опасен да застане позади неговиот грб.

Посебен ќеф ми направија Болтонци и шеткањето низ Мирин на Варис и Тирион.

Страшно логична работа да се шетаат низ град без заштита, град во кој имаш вооружена побуна и неколку убиства и обиди за убиства на владетелката и нејзината администрација.

Плус, сер Ализер е одличен негативец на Ѕидот. Тој е дефинитивно е еден од најдобро развиените споредни ликови, се надевам подолго ќе се врти.

Сер Алистер, и да се согласувам дека човекот одлично глуми.

Последните 2 минути беа 5 пати поголем хорор од хорор филмот што го гледав вчера.

Не, ова беше мизерно:
tuSQ4dX.jpg

Не заебавај, ова е најдоброто нешто што некој од песочните змии го имаат одглумено (и покрај нелогичноста да одиш со камшик на рапир во затворена просторија, ама тоа го ставам како вина на сценаристите и продуцентите).

Плус, му верувам на инстинктите на Давос, он намириса нешто уште овој кога прв пат отвори уста :D.

Може има расипани заби ?? :P :ROFLMAO:

Шо сте запнале зошто Еларија и оние умренине како мислат да го одмаздат Оберин и сестра му со тоа што ќе ги убијат сите. Па така де , ги убиваат сите , они идат на власт ( очигледно имаат поддршка , стражи мажи не реагираа нели ) и после иде одмаздувањето .. доколку нападнат. Сеа дали тоа ќе се случи не знам. Сепак и Елариа кажа , редно е на Дорн да седне некој со муда. Океј. Женски муда.
Доран не превземаше ништо во врска со тоа. Затоа они сакаат да земат работи во свои раце

За да дојде некој на власт мора да е од некоја од големите куќи, барем во Дорн. Елариа Сенд е (по нашки речено) копиљ. Нема куќа позади себе и доколку некој друг освен Мартелите дојде на власт, тоа сигурно нема да биде таа.

Кажа мајката дека сите во Дорн се разочарани дека Елиа и Оберин Мартел биле убиени а кралот не сторил ништо. Дека не излегол надвор од дворецот да види дека сите се разочарани. Затоа и стражата не мрдна, изглеа се согласуваат со неа.:confused:

А стражата сигурно ја бирала Еларија со змиите, а не баш Доран и неговите најблиски луѓе (Арео Хота во прв ред) ?? Тој сигурно би избрал луѓе кои лесно би можеле да го предадат.
Освен тоа секој кој е на власт си организира служба која го известува за тоа што се случува околу него, нешто не верувам дека Доран Мартел немал таква служба веројатно оставена од неговиот дедо и предедо.

Јасно, типичен palace-coup, се случувало низ историјата и се случува и денес, не мора народ и револуција, режим се руши и со внимателно елиминирање на лидерите и тоа во нивното гнездо.

Сценариото само по себе не е толку лошо, колку што е изведбата.

Не, не се случило никогаш човек (маж или жена) да дојде на власт, а претходно да бил никој и ништо, секогаш ударот го вршат луѓе кои веќе имаат некоја власт и поддршка помеќу дел од старата властелата или од надвор.
Еларија Санд нема таква поддршка.
Ај помисли зошто Руз толку инсистира на Санса на северот, едноставно мора да имаш некое поврзување со претходната власт за да имаш легитимитет за да владееш. Тоа ти е една од причините зошто Роберт Баратеон седна на престолот, Баратеони се директно поврзани со Таргериани.
Која е Елариа Санд ?? Швалерка на покојниот брат на човекот на власт која таа го уби. Кој и да дојде на власт во Дорна ќе изврши смрна казна над неа и над песочните змии.

Висината на надворешниот ѕид на Винтерфел е 24 метри, така и личеше во серијата. Зимата дојде и завеја огромен снег (до самиот ден на битката). Снегот натрупа два метри покривка, одприлика. Кога вее снег натрупува испред големи препреки како што е толкав ѕид и до ѕидот неговата дебелина (на снежната покривка) е поголема одколку на други места. Таму повеќе натрупува, заради ѕидот. Дебелината на покривката до самиот ѕид, кај што скокнаа од висина од 24 метри ги спаси.

Се е тоа во ред Берик, само што јас не видов никаде длабок снег. Снегот по кој Санса и Теон бегаа не беше подебел од два-три сантиметри, а со оглед на замрзнатиот поток, тешко дека можел во меѓувреме толку да се стопи. ;)


Ова многу почесто се случувало низ историјата од што мислиш. Пример да го земам Селеук, еден од дијадосите на Александар III Македонски Велики, кој формирал своја династија т.е де факто држава, со цел да биде наследникот на Македонија. И тогаш било Total War, ко што беше War of the five kings, буквално иста ситуација.

И сеа Селеук со себе имал воен командант, Птолемај Кераун, кој дошол кај него пошто бил прескокнат за наследник од ривалот на Селеук и таткото на Кераун, Птолемај Сотер. Арно ама овој бил бајаги неспособен. Селеук све правел, и успеал да излезе како победник, last man standing, што значи на него му припаднала држава. Успеал да ги надживее и победи сите други, останало уште да стигне во Пела и да се круниса како новиот македонски владетел. Арно ама, на патот кон Пела, дур кампувале у некој логор, седеле, пиеле, се заебавале, и Кераун од нигде, од чиста мира го убива Селеук, ждранг нож у гради, ајде поздрав. Го убил пошто мислел дека ќе биде сега он the ultimate владетел. Ама се заебал.

И такви има милијарда други случаи, coups биле секојдневие у минатото (не дека сега ги нема). Е сеа дали ќе се заебат овие што го убија Доран, останува да видиме. Како и да е, ваквиот тек на настаните воопшто не е чуден.

Селеукидите и пред Александар биле голема куќа во Македонија, за времето на Александар Селеук бил еден од неговите главни генерали, позади себе имал скоро четвртина од Александровата армија.
Штоима Еларија Санд позади себе освен четири лоши пичиња ?? Која од големите куќи на Дорн стои позади неа ?? Има ли помош од страна ??

Не, вакво нешто не се случувало често во историјата, и доколку се случело било многу краткотрајно бидејќи останатите владетелски куќи (кои се меѓусебно роднински поврзани) ќе превземат мерки против бунџијата за утре истото да не им се случи и нив. Погледај што се случуваше во СССР после октомвриската револуција кога цел свет ги стави во изолација и војуваше против нив десетина години.
 
Последно уредено:
Што е финтава што неможам да најдам ни еден торент од новава сезона? Ај некој да ми прати линк :icon_lol:
 
Не му е жена, швалерка му е, и само една од змиите е нејзина ќерка.
Не. На четири од нив им е мајка.

Не е проблем да се убие човек и со мало ноже, проблем е кога тој човек цел живот го посветил на тоа да биде телохранител. Таков човек никогаш нема да си дозволи некој потенцијално опасен да застане позади неговиот грб..
Ќерките на Оберин би требало да се луѓе од доверба за Доран. Они стално се муваат наоколу, кога мајка им е тука. Не верувам дека Доран би имал недоверба од тој тип, кон нив, ниту пак кон Еларија. Тие фамилијарни врски кај Дорњаните се поцврсти, фамилијата е посвета.
Мало ноже не би можело така лесно да убе таков човек, како што е телохранителот. Еден удар не би завршил ништо, а напаѓачот би се соочил со реакција. Единствено би можело нешто да се направи, кога би имало на него некој отров кој инстантно убива, како на пример отровот од боцката од мантикор. Тој може да се најде во чиста форма во природата (од боцката на мантикорот) и за да се добие не е потребна вештината на алхемичарите од Лис - потребна за на пример, се добие нешто поподмолно како што се лишанските солзи.
Проблемот, тука е суштински, а тоа се мотивите на Еларија да го убие Доран. Причината е лабава, ептен. А убиството сепак лошо изведено, како што е целата дорњанска приказна. Проблемот е во D&D.
Но имало у серијава и понесврзани, надвор од контекст и нелогични нешта, како што е ова:
Страшно логична работа да се шетаат низ град без заштита, град во кој имаш вооружена побуна и неколку убиства и обиди за убиства на владетелката и нејзината администрација.




За да дојде некој на власт мора да е од некоја од големите куќи, барем во Дорн. Елариа Сенд е (по нашки речено) копиљ. Нема куќа позади себе и доколку некој друг освен Мартелите дојде на власт, тоа сигурно нема да биде таа.
Која е Елариа Санд ?? Швалерка на покојниот брат на човекот на власт која таа го уби. Кој и да дојде на власт во Дорна ќе изврши смрна казна над неа и над песочните змии.
Големите куќи често застануваат зад своите копилиња, бидејќи во крајна линија тие не се баш никој и ништо. Секогаш постои можност некој крал да има наклоност кон некое копиле и да му го даде фамилијарното име. Томен направи така со Ремзи (за кој не би можело да се каже дека ја нема подршката од својата куќа), а и Станис со Џон така сакаше да направи. Можам и други примери од историјата да ти наведам кај што копилињата и тоа како добиваат подршка од своите и од други куќи (да не ни споменувам за Играта на Змејовите и што тогаш се случи со копилињата).
Кога на ова ќе се додаде и фактот (кој чинам дури и во серијата го спомнаа), а тоа е дека односот кон копилињата во Дорн не е ист како во остатокот од Вестерос (да не опишувам сега како тие заедно живеат со своите благородни роднини и уживаат висок статус) , тогаш евидентно е, дека не може баш така лесно, во овој момент да се исклучи подршката на големите куќи. Кон ова одат и следниве две информации:
Четирите ќерки на Еларија, како и другите Песочни Змии имаат многу блиски односи со наследниците на неколку важни куќи, меѓу кои и на најважната - Ајронвуд, а самата Еларија е Алер. Алер е сурова куќа лоцирана у сурови услови, единствена куќа која убила змеј и која заробила или убила империјален Таргариен, кој никогаш не видел бел ден после тоа. Можда малку потсеќа на Болтон.
На крајот од краиштата од кај ти информација дека целта им е да владеат со Дорна?Нивната цел е одмазда, тоа го знаеме.


Се е тоа во ред Берик, само што јас не видов никаде длабок снег. Снегот по кој Санса и Теон бегаа не беше подебел од два-три сантиметри, а со оглед на замрзнатиот поток, тешко дека можел во меѓувреме толку да се стопи. ;)
Некои работи во серијата се исти како и во книгата. Зимата веќе е дојдена и снегот врне, натрупува. Блиску до ѕидини повеќе повеќе натрупува, заради физика. Скокаат у снегот од 24 метра височина и преживуваат. Да не натрупувал толку снегот таму на таа локација (па и на целиот Север), зарем ќе имаше потреба Станис кој е покрај Винтерфел да ја убива ќерка си (колку и да нелогично беше тоа) за времето да се подобрело за да може да нападне? Снегот ги спаси Санса и Теон.
Но, жртвата на Ширин и магијата од Ашаи направи времето одеднаш да се подобри и снегот магично брзо почна да се топи. Нивното бегство низ шума е во тие услови.
 
Од овие што се во серијата, Еларија е мајка само на Таин, останатите имаат други мајки. Нити Сарела, нити најмладите четири не се претставени во серијата.

Како мислиш дека им се луѓе од доверба, кога самот Доран знае дека му работат позади грб. Освен тоа по некое правило кај владетелот не се оди вооружен (освен стражата).

Мало ноже може да заврши работа, ако се погоди на право место, не мора ни да е потопено во отров. Освен тоа ножето на Таин и не беше баш така мало. ;)

А за причината и изведбата 100% се согласуваме. :)

Големите куќи по некогаш застануваат позади своите копилиња, по некогаш тотално забораваат на нив, а по некогаш и се одрекуваат од нив, не е битно дали се од Дорн, Поречјето или на Северот. Се зависи од моментните потреби на куќата (сети се на Робертовите копилиња).
Доколку матичната куќа на Еларија би се грижела за неа, би барала легитимизација на истата, или барем би одржувала некакви врски со неа. Рамзи на пример живее со Руз, и истиот бара легитимизација на Рамзи од Томеин.
Ние немаме никаква информација дали такви врски постојат, а освен тоа, куќата Алер е подржувач на куќата Мартел, што би требало да значи дека не би била за убиство на главата на чија куќа се вазали. А и останатите големи куќи и не се баш нешто расположени за бунтување против Мартелите во моментов (барем во серијава ништо од ова не е порикажано).

Што се однесува до снегот, Теон и Санса трчаат по истиот. Знам дека може да се створат намети, ама не од количината снег по која овие двајца трчаат.
Во книгите дебелината на снежната покривка е далеку поголема, толкава што поради тоа не може да тргне потера по нив нити пешки, нити на коњи, а и девојката и Теон се повредени (Теон помалку бидејќи паѓа врз неа).
 
Што е финтава што неможам да најдам ни еден торент од новава сезона? Ај некој да ми прати линк :icon_lol:
Па најверојатно нуб си.
Ќе речев бараш на замунда и кик ес пошо таму знаат да бришат ако продукциската куќа им го побара тоа, но проверив, и ги има.
Така да, нуб си. Нешто правиш погрешно. Проблемот се наоѓа меѓу столчето и тастатурата.
 
Од овие што се во серијата, Еларија е мајка само на Таин, останатите имаат други мајки. Нити Сарела, нити најмладите четири не се претставени во серијата.
И во серијата и во книгата она е мајка на четири оберинови ќерки (сите ќерки на Оберин се познати под името Песочни Змии.), кои постојат и во двата света (види на официјалната Википедија од серијата, па после види на официјалната ASOIAF Википедија), а не како што спомена прееска:
...., и само една од змиите е нејзина ќерка.



Големите куќи по некогаш застануваат позади своите копилиња, по некогаш тотално забораваат на нив, а по некогаш и се одрекуваат од нив, не е битно дали се од Дорн, Поречјето или на Северот.
Значи сепак застануваат понекогаш.... Нормално дека, ако имаат интерес за тоа.
Но, дали копилињата се од Дорна или другде - битно е. Во Дорна копилињата имаат поинаков третман во однос на остатокот од Вестерос, при појавата на Оберин во серијата тоа е истакнато, како и во повеќе наврати во делата на Мартин.
 
Па најверојатно нуб си.
Ќе речев бараш на замунда и кик ес пошо таму знаат да бришат ако продукциската куќа им го побара тоа, но проверив, и ги има.
Така да, нуб си. Нешто правиш погрешно. Проблемот се наоѓа меѓу столчето и тастатурата.

Ајде хакеру дај ми линк од kickass ако си проверил. И прееска проверив и сега нема, има само за трејлерот торенти.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom