wtf?? што крај ќе беше ова, инаку се на се добра епизода со добар вовед на моменти ме нервираат женава на оберин и нејзините деца некако ногу ми се исфурани ликовите
Не му е жена, швалерка му е, и само една од змиите е нејзина ќерка.
kako sto gledate toa se kucinja od vidot BLACKHAUND impresivni tragaci mozat da prosledat miris star i do tri dena no tie nikako ne se krvolocni kucinja go drzat primatot za najdobri gonici vo svetot funcioniraat na nacin sledenje na traga i markiranje no ne i fajteri kako pit buli dobermani itn okolu kucinjata nema zamerka go odbrale najdobroto
+ gledam vo trajlerov od 2 epizota pocnaa i da gi voskresnuvaat
И страшно се познати како трагачи на снег, за што сведочи и нивното дебело крзно и широки шепи, овај чекај малку ....
Ги испотепаа сите солидни актери од Дорн.
И обожавам како огромнион црнец од 150 кила инстантно умре од мало ноже забиено во грб.
Не е проблем да се убие човек и со мало ноже, проблем е кога тој човек цел живот го посветил на тоа да биде телохранител. Таков човек никогаш нема да си дозволи некој потенцијално опасен да застане позади неговиот грб.
Посебен ќеф ми направија Болтонци и шеткањето низ Мирин на Варис и Тирион.
Страшно логична работа да се шетаат низ град без заштита, град во кој имаш вооружена побуна и неколку убиства и обиди за убиства на владетелката и нејзината администрација.
Плус, сер Ализер е одличен негативец на Ѕидот. Тој е дефинитивно е еден од најдобро развиените споредни ликови, се надевам подолго ќе се врти.
Сер Алистер, и да се согласувам дека човекот одлично глуми.
Последните 2 минути беа 5 пати поголем хорор од хорор филмот што го гледав вчера.
Не, ова беше мизерно:
Не заебавај, ова е најдоброто нешто што некој од песочните змии го имаат одглумено (и покрај нелогичноста да одиш со камшик на рапир во затворена просторија, ама тоа го ставам како вина на сценаристите и продуцентите).
Плус, му верувам на инстинктите на Давос, он намириса нешто уште овој кога прв пат отвори уста

.
Може има расипани заби ??
Шо сте запнале зошто Еларија и оние умренине како мислат да го одмаздат Оберин и сестра му со тоа што ќе ги убијат сите. Па така де , ги убиваат сите , они идат на власт ( очигледно имаат поддршка , стражи мажи не реагираа нели ) и после иде одмаздувањето .. доколку нападнат. Сеа дали тоа ќе се случи не знам. Сепак и Елариа кажа , редно е на Дорн да седне некој со муда. Океј. Женски муда.
Доран не превземаше ништо во врска со тоа. Затоа они сакаат да земат работи во свои раце
За да дојде некој на власт мора да е од некоја од големите куќи, барем во Дорн. Елариа Сенд е (по нашки речено) копиљ. Нема куќа позади себе и доколку некој друг освен Мартелите дојде на власт, тоа сигурно нема да биде таа.
Кажа мајката дека сите во Дорн се разочарани дека Елиа и Оберин Мартел биле убиени а кралот не сторил ништо. Дека не излегол надвор од дворецот да види дека сите се разочарани. Затоа и стражата не мрдна, изглеа се согласуваат со неа.
А стражата сигурно ја бирала Еларија со змиите, а не баш Доран и неговите најблиски луѓе (Арео Хота во прв ред) ?? Тој сигурно би избрал луѓе кои лесно би можеле да го предадат.
Освен тоа секој кој е на власт си организира служба која го известува за тоа што се случува околу него, нешто не верувам дека Доран Мартел немал таква служба веројатно оставена од неговиот дедо и предедо.
Јасно, типичен palace-coup, се случувало низ историјата и се случува и денес, не мора народ и револуција, режим се руши и со внимателно елиминирање на лидерите и тоа во нивното гнездо.
Сценариото само по себе не е толку лошо, колку што е изведбата.
Не, не се случило никогаш човек (маж или жена) да дојде на власт, а претходно да бил никој и ништо, секогаш ударот го вршат луѓе кои веќе имаат некоја власт и поддршка помеќу дел од старата властелата или од надвор.
Еларија Санд нема таква поддршка.
Ај помисли зошто Руз толку инсистира на Санса на северот, едноставно мора да имаш некое поврзување со претходната власт за да имаш легитимитет за да владееш. Тоа ти е една од причините зошто Роберт Баратеон седна на престолот, Баратеони се директно поврзани со Таргериани.
Која е Елариа Санд ?? Швалерка на покојниот брат на човекот на власт која таа го уби. Кој и да дојде на власт во Дорна ќе изврши смрна казна над неа и над песочните змии.
Висината на надворешниот ѕид на Винтерфел е 24 метри, така и личеше во серијата. Зимата дојде и завеја огромен снег (до самиот ден на битката). Снегот натрупа два метри покривка, одприлика. Кога вее снег натрупува испред големи препреки како што е толкав ѕид и до ѕидот неговата дебелина (на снежната покривка) е поголема одколку на други места. Таму повеќе натрупува, заради ѕидот. Дебелината на покривката до самиот ѕид, кај што скокнаа од висина од 24 метри ги спаси.
Се е тоа во ред Берик, само што јас не видов никаде длабок снег. Снегот по кој Санса и Теон бегаа не беше подебел од два-три сантиметри, а со оглед на замрзнатиот поток, тешко дека можел во меѓувреме толку да се стопи.
Ова многу почесто се случувало низ историјата од што мислиш. Пример да го земам Селеук, еден од дијадосите на Александар III Македонски Велики, кој формирал своја династија т.е де факто држава, со цел да биде наследникот на Македонија. И тогаш било Total War, ко што беше War of the five kings, буквално иста ситуација.
И сеа Селеук со себе имал воен командант, Птолемај Кераун, кој дошол кај него пошто бил прескокнат за наследник од ривалот на Селеук и таткото на Кераун, Птолемај Сотер. Арно ама овој бил бајаги неспособен. Селеук све правел, и успеал да излезе како победник, last man standing, што значи на него му припаднала држава. Успеал да ги надживее и победи сите други, останало уште да стигне во Пела и да се круниса како новиот македонски владетел. Арно ама, на патот кон Пела, дур кампувале у некој логор, седеле, пиеле, се заебавале, и Кераун од нигде, од чиста мира го убива Селеук, ждранг нож у гради, ајде поздрав. Го убил пошто мислел дека ќе биде сега он the ultimate владетел. Ама се заебал.
И такви има милијарда други случаи, coups биле секојдневие у минатото (не дека сега ги нема). Е сеа дали ќе се заебат овие што го убија Доран, останува да видиме. Како и да е, ваквиот тек на настаните воопшто не е чуден.
Селеукидите и пред Александар биле голема куќа во Македонија, за времето на Александар Селеук бил еден од неговите главни генерали, позади себе имал скоро четвртина од Александровата армија.
Штоима Еларија Санд позади себе освен четири лоши пичиња ?? Која од големите куќи на Дорн стои позади неа ?? Има ли помош од страна ??
Не, вакво нешто не се случувало често во историјата, и доколку се случело било многу краткотрајно бидејќи останатите владетелски куќи (кои се меѓусебно роднински поврзани) ќе превземат мерки против бунџијата за утре истото да не им се случи и нив. Погледај што се случуваше во СССР после октомвриската револуција кога цел свет ги стави во изолација и војуваше против нив десетина години.