Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Никаде во епизодава не се потврди дека остаре ради ѓерданот и дека токму тој ја држеше да биде млада и згодна, секси, fuckable.. океј забегав. Ова е сето чиста претпоставка на гледачот. Може би ради некоја магија е млада или па во вољата и верување на Богот на Огнот е тоа што ја правеше да биде млада. Зашто после поразот на Станис самата она пополека почна да губи верба во него, и со убиството на Џон Сноу може тотално ја изгуби вербата и остаре. (ова е само моја претпоставка, може да бладам и да излезе дека е огромна грешка на HBO.)Или е голем пропуст, или ќе се најде некое логично објаснување (у кадата и е ставен меѓу нозе ѓерданот)
Кажа мајката дека сите во Дорн се разочарани дека Елиа и Оберин Мартел биле убиени а кралот не сторил ништо. Дека не излегол надвор од дворецот да види дека сите се разочарани. Затоа и стражата не мрдна, изглеа се согласуваат со неа.![]()
Сите сме сложни за изведбатаЈасно, типичен palace-coup, се случувало низ историјата и се случува и денес, не мора народ и револуција, режим се руши и со внимателно елиминирање на лидерите и тоа во нивното гнездо.
Сценариото само по себе не е толку лошо, колку што е изведбата.
три теории според мене црвенокосата да го жртвува волкот црвенокосата да се префрли во неговото тело или оние кои го убија џон црвенокосата ке ги жртвува нив повеке волкот ми иде логика изгледа он ке е курбан // другар ми на последната сцена со црвенокосата ептен се возбудил на цицињата таман добил на ерекшоно и оп бабата и од бес го рокнал мониторот со пепеларата инаку се на се не епизодава баш и не беше лошаМелисандре се жртвува,за да го оживее Џон Сноу.
Моја теорија.
Никој сеуште не им објави војна на Ланистерс, посебно не Болтонс. Тоа беше хипотетичка поставка, од страна на Руз.Ќе биде интересно за Ланистер, во една епизода војна им објави Дорн и Болтон а тие кутрите неможат да се справат ни со проблемите во сопствениот двор.
Во Речните Земји со дружината. Они се цело време таму.п.с ајде барем овде исчезнаа кучиња, туку каде отиде Берик Дондарион
Таа сцена беше, очигледно, веќе четврта референца на Монти Пајтон, во серијава. Ова од Брајановото Житие ќе да е.Само мене ме беше очаен обидот за хумор во сцената со Дотраките, гледам никој за тоа не пишал![]()
Само една од многуте нелогичности во серијава. Баш ме интересира кое е објаснувањето за ова.Не приметив од прва дека сцената со Тристан е всушност на бродот во престолнината.Огромна нелогичност ми е ова. Последаната епизода трите сестри беа заедно во Дорн кога отплови бродот. Како успеале овие двете да се инфилтрираат, да го убијат принцот и, претпоставувам неприметно да си одат?
Руз е многу практичен човек. Но, тој со својот законски син не прави ништо. На него му треба Ремзи, заради Санса, заради Северот. Еве, Ремзи го нема, он е наследен од законитиот син со Валда и Северот не е негов, by right (не дека ќе го напушти Винтерфел, туку тука има еден, да го наречам PR момент, во очите на северњачките лордови/куќи). Затоа му треба Ремзи, али ако Ремзи не успее да ѝ донесе крвна врска на Болтон фамилијата со заштитниците на Северот кои се тоа со илјадници години, па тогаш без Ремзи ќе мора некако да оди работата, пошто и така тој (Руз) е прогласен за Заштитник на Северот, само подршката на северњачките куќи, која и така сега е никаква, би била уште полоша. Санса му е битна за таа работа.Еј многу битен момент кој не смее да биде испуштен е тоа што Лорд Болтон му се закани на Ремзи дека ако не ја најде Санса, ќе го замени Ремзи со синот на дебелана му жена кога ќе се роди. А искрено не верувам дека ќе успеат да ја вратат Санса, такада ќе има фрки меѓу таткото и синот. Реално Ремзи моментално е единствен наследник, ако ги кикне татко му и жената дур уште е трудна, он ќе си биде главен лорд. Верувам дека ако тоа му е единствена опција, и те како ќе ја искористи.
Бриена уште од влегувањето на Санса во Винтерфел, дреме у блиска куќа/ин и се звери накај Винтерфел очекувајќи го знакот. Сите работи околу Винтерфел ги приметува (кој влегува, кој излегува,Станис енд стаф...).Најмалку очекував да има акција во бегството на Санса и Теон, ама од нигде се појави Бриен како Бетмен во Вестерос. Добро, уште од лани се знаеше дека кога-тогаш ќе се сретнат, ама некако вештачки и исфорсирано ми беше како се појави како синхронизирана со луѓето на Болтон. Ама добро, тепачката па беше интересна така да не се замарам многу со ова.
Он беше пратен од Станис, уште пред битката, да бара помош од Џон Сноу, да прати трупи накај Винтерфел (Дивјаците се единствени трупи со кои "располагаше" Сноу). Во меѓувреме Мелисандра кидна на денот на битката и дојде во Црниот Замок, кај што беше и Давос. Таму посведочи за тоа што се случило (или што најверојатно ќе се случи, со оглед на околностите кои искрснаа ден пред битка).Давос беше добар, само не ми текнува дали во финалето разбра за поразот на Станис или уште ништо не знае. Ова второто би било многу голем пропуст, ама не се сеќавам шо се слули лани, така да немам коментар.
Ете почнаа. Набрзинка баш.Генерално океј, вака нека тераат, само се надевам дека набрзинка ќе ги решат работите во Дорн за да не мора веќе да ни вршат тортура со тие глупости.
Па не е само тој момент на нелогичност во серијава, ги има многу, да бидеме искрени. Логиката им е дека кога барателите на Дени бараат наваму- натаму, лесно е, да налетаат на траги од еден каласар, па ако ги пратат ќе дојдат, евентуално до местоно кај што кружат у круг сите тие коњи (ко што видовме у финалето лани), па у центарот на кругот виделе прстен.Прочитав неколку страни наназад, ама не најдов коментар за престенот на Денерис. Солидна епизода во секој случај, ама тоа со прстенот не го можам. Ај ќе си речеш Бриен ги чула коњите, па ги следела Болтонци и така случајно се најде да ја спаси Санса, ама да го најдеш прстенот во сите тие планини, that is way too much of a telenovela moment. HBO pls.
Висината на надворешниот ѕид на Винтерфел е 24 метри, така и личеше во серијата. Зимата дојде и завеја огромен снег (до самиот ден на битката). Снегот натрупа два метри покривка, одприлика. Кога вее снег натрупува испред големи препреки како што е толкав ѕид и до ѕидот неговата дебелина (на снежната покривка) е поголема одколку на други места. Таму повеќе натрупува, заради ѕидот. Дебелината на покривката до самиот ѕид, кај што скокнаа од висина од 24 метри ги спаси.А еден многу дебилен момент имаше кога Санса и Тион рипаат од врв на замок и така магично преживуваат, ни свиткана нога, ни ништо...следна сцена трчаат по снегови како да немале пад од 50 метри пред малку.
Многу дебилно како за HBO беше ова, да е друга телевизија ќе го сфатам, за нив е дебилно. Ама добро ако испадне вистина ова со ѓерданов и дека направиле таков пропуст, ова со Санса и Тион е нула во врска со тоа.
Faith Militant ти се јаки?@Iceboy - Тоа е затоа што Faith Militant се една сенка од тоа што биле еднаш во историјата, а шоуранерите и таа сенка ја преставиле уште помизерно, и затоа е досадна прича. Инаку да знаеш наназад колку интересни ствари има. Ако се одлучат на Prequels, би сакал да ја видам и старата верзија на Faith Militant во склоп на некоја поголема приказна. Има што да се раскаже, има што да се види.
Faith Militant ти се јаки?
...воинствени мажи со rainbow шари на штитовите. Тоа ти е јако ваљда.