Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Daenerys-Explosion.gif

Wait, wait, wait!

Дури сеа ти го приметив никот. Rigel fooking Kent, is that you?
Се враќаш на форумов на ист ден коа е „убиен“ Џон?
Џон ќе се врати истотака, theory confirmed!
 
Нека го активираат Брен Старк , порасна детево.[DOUBLEPOST=1434411958][/DOUBLEPOST]
Wait, wait, wait!

Дури сеа ти го приметив никот. Rigel fooking Kent, is that you?
Се враќаш на форумов на ист ден коа е „убиен“ Џон?
Џон ќе се врати истотака, theory confirmed!

Џон беше убиен , ај нека воскресне . :D
 
Може ќе кастираат друг актер за Брен следната сезона.
Зошто бе?
Брилијантните Д&Д ќе смислат решение. На пример му зараснале штаки на нозете од тоа дрвото и сеа е повисок.
Bran is Groot.
Леџит.
 
Јас мислам дека му ја сече ногата пошто нели она му крвареше за да не добие гангрена оти некако не ми изгледа мечот многу навкосо за да му го пресечи вратот а да го пресечи по телото не можи пошто оклоп носи :) (just looking on the bright side не ме напаѓајте :D)

Ја изгледав уште неколку пати сцената со Џон да најдам некоја дупка во плотот која можеби ќе даде мала надеж дека ќе преживее ама јок (n)
Луѓе јас во депресија паднав а за вас не знам :nesumjas:


Во право си , не кажаа директно како му ја сече главата . Којзнае што смислила Бриен .
 
https://www.youtube.com/watch?v=PzmpxuDqt9A

Бидејќи нема веќе голема опасност од спојлери, изгледав едно видео од кретениве што ги спомнавте пред неколку недели, т.н експерти за ASOIAF.
Ауу, колку се само огорчени, мизерни и патетични. Ја разбирам критика, но ова, ова веќе не е критика, ова е фрустрираност, па шо курац ја гледате уопште ако до толку не можете да ја поднесете.

Има некои поенти кои се точни и логични во анализава, ама тие се минорен дел (како што за нив се минорни добрите работи во серијата) а останатото е класично јадење гомна.
 
Сезонава башe онака просечна. Најдобра епизода, дефинитивно ми беше кај WW.
Инаку, Kit Harington ( Џон Сноу) потпишал договор за 7ма сезона ;). Голема е веројатноста да биде вратен од црвената, и нормално на крајот да седне на the iron throne :cool:.
Па можеби ќе има флешбек сцени.:toe:
 
Гендри се влече низ сезониве , време е и тој да дојде во израз , единствен син е на Роберт Баратеон.
 
Џон беше убиен , ај нека воскресне . :D

Dute, don't play with us now.

И ти беше "killed" од форумов. Еве се врати. Воскресна на истиот ден кога го скинаа ликот за кој се веруваше дека е ветениот принц кој ќе го спаси Вестерос. Значи не бил Џон туку Ти. Фак.
You are Azor Ahai reborn!

Плус навиавш и за Бразил и за Аргентина.
А они се двете ултимативни спротивности (во фудбалот). Како ледот и огнот во приказната. Ice and fire.
You are the Ice and Fire.

You are The Prince That Was Promised.

FUCK YOU GRRM, WE GOTCHA!
 
Вака, прво можеби можам да појаснам некои работи. Најбитно за битката меѓу Станис и Болтони, се чудите за големата војска на Болтонците. Мора да имате на ум, војската не се состои само од куќата на Болтони. Како владетели на Северот, на нив им се потчинети огромен број останати куќи, кој од страв (а кој не би се плашел реално), кој од традиција. Може да ја ѕирнете игрицата што е од Telltale games, може да ја игра секој што знае да притиска копчиња на тастатура и да го движи маусот, многу е интересна пошто е полна со дијалози, не е онака тепање, баш спротивно. Мислам дека би ви дала увид во тоа како стојат работите и како се одвиваат политиките во овој фиктивен свет.

Друга работа, некој пиша зашто го дале Сирио во делот на previously. Не беше тролање, туку беше за потсетување на ова со Арја. Мерин го уби Сирио, па тоа и беше главната причина зашто Арја го стави на листата, затоа и го спомнаа.

И причината зашто му ја отворија врата од Night's Watch на Џон, па тек сега го убија, мислев дека е очигледна. Станис. Џон „си го имаше“ со Станис, ви текнува дека на крајот од минатата сезона Станис кажа дека го познавал татко му и дека поради тоа го почитува Џон. Такашто овие од Night's Watch беа свесни дека ако Станис победи, а они го кикнат Џон, на овој нема да му биде сеедно. Изгуби Станис, отиде и leverage-от на Џон, тоа е тоа.

Али, back to the matter at hand, епизодата.

Прво морам да ја спомнам Миранда. Некак ми идеше дека ќе се деси нешто со неа и стварно испадна. You had a good run лепотице, издржа три сезони и тоа покрај Ремзи факинг Болтон. Јесда исти курац ко него беше. Ама како падна еј... со глава у камен ЖДРАНГ! :pos:

Санса и Рик... не знам. Идеше и на тоа Рик конечно да се сети кој е, се гледаше дека има некаков ефект Санса врз него, мада не очекував дека ќе избегаат. Ако вадам од рукав предвидување, мислам дека он нема да го преживее падот, а Санса ќе се спаси гзларски (as per usual).

Серсеи. Ќе им ебе мамата на овие еј, не знам, нема логика ништо друго да се деси. Више жива никад нема да стапне кај оние психопатине, сеа ќе си го земе Томенче и ќе му рече да ги прати да ги испоколат. Едини downside ќе биде тоа што ако се случи тоа, народов у King's Landing може лесно да востане. Али отом-потом, има ептен време за тоа. Битно го видовме Планината. Страшен беше, ама сериозно. Како може некој да го елиминира тоа чудовиште...

Мислам дека конечно сфативме зашто не мучеа со ќеркиве на Оберин цела сезона. Ви текнува на сцената, во келијата кога беа со Брон, нели и таму се дешаваше тоа со отровот. Очигледно тоа било само за да ни биде јасна оваа сцена со Мирсела. Брон ќе умреше да не му го дадеше оваа против отровот, па истово се деси и со Мирсела. Тоа беше единствената (не)важност на типкиве у серијава. Штета за Џејми, како и да е, типот у едно константно опаѓање иде, иако ми е интересен како лик.

Арја hands down за убиството на Мерин, ептен беше добро изведено. Му ебам педо-медото. Ова со слепилото не ќе е ништо. Типот контролира две тела у исто време, сигурно нема слепа да ја остави. Цела поента е да научи да не разликува лица и такви работи, да биде ready, ко што ја учи цело време. Мислам дека следната сезона ќе и биде малце поограничена улогата, па стварно ќе прерасне во таков servant of the Many Faced God.

За Станис имам само да ви кажам „ВИ РЕКОВ!“. Не, сериозно, тоа беше тоа што го реков по претходната сезона. Се попали по боговине а сосема заборави на војниците, па палиш девојче ебате, нормално дека ќе ги деморализираш. Затоа и само затоа му дезертираа. А што се тиче што се деси со него, малце не заебаа овие. Не го дадоа како умира, нит се слушна „шљак“, али од друга страна знаеме Бриен колку е верна на заклетвите, башка не ми се верува да има некаква причина да го остави жив. Милост? - Не би рекол. Али и да е жив, што кур, нема веќе никаква моќ, му истече claim-от. И фала курцу умре жена му, најдосаден лик ми беше тоа, поише од било кој во серијава.

Денерис конечно си ги начека 40те илјади Дотраки и нивните коњи што ќе ја ебат :D

Дарио ми е сумњив, се мислам да не му направи нешто на Џора. Не делуваше како bad guy досега, али све си бидува. Може да биде незгодно меѓу нив, а да не забораваме дека Џора се зарази од таа заебаната болест.

Тирион и Варис, очекувам ова да биде интересна приказна, можеби најсветла точка што ни остава надеж за малце поише fun во следната сезона (y)

И за крај Џон. Ова е најбитното, а не знам што да кажам. Логично беше да се деси во секој случај, тоа не може да се демантира, а серијава често следи вакви неблагодарни логики. Ама ептен беше жално, коа го видов тоа „traitor“ бев као „НЕ!“, и откако го прободе Алисер цело време бев као „неееееееееееееееееееееее...... (goes silent) “. Не знам, не ми текна на ова со Мелисандре, може да го оживее ништо чудно. Можеби и тоа беше функцијата на Берик Дондарион и тој попот што го оживуваше, да ни прикажат дека е возможно да се деси. Мада предраматично беше направено како умира, сепак не ми се верува да го оживее оваа. А очекував многу од него, ако ништо друго бар некако да ја напушти стражава и да има некаков сериозен ефект врз останатите дешавки. Али тоа е Гејм оф Троунс, ги кинат ликовите на најнеславен начин. Станис и Џон ми беа најјаки ликови вака досега во секој случај, али што кур, пред тоа ми беа јаки и Нед и Роб па откога ги скинаа пак беше интересно.

А малце настрана Џон, којзнае што ќе биде сега кај ѕидот. Ќе има фајт, Вајлдлингс vs. Night's Watch? Ја навивам за Тормунд тука, после Тирион тој ми е најјак лик. Груб, али сепак поштен и разумен. Се надевам ќе успее да направи нешто поинтересно.

Сезонава во секој случај, точно е дека беше послаба од другите, но не беше лоша. Првите 7 епизоди беа катастрофа, да бидам груб, но последниве три лично ми се свиѓаа и сметам дека успеаја да ја извадат. Исто така, ги заборавија Марџери и Бејлиш (океј, нормално не ги заборавија, ама сепак ги изоставија), а со нив двајца беше колку-толку поинтересно. Исто така и Болтон, очекував повеќе да го има типот сезонава, али не го прикажаа ни во биткава. Се надевам следната сезона повеќе ќе ги гледаме нив тројца, специфични и интересни ликови се и може многу да придонесат. Би требало у рукав да го чуваат и Бран, ваљда во 6тава сезона ќе го има, за него се спрема нешто големо.


И ова за крај до модераторите, мислам дека овојпат нема потреба од заклучување на темата. Не може да се убаци некој спојлер сега, тоа е јасно, па све ќе бидат теории во кои не може да се верува сто процентно. Мислам дека океј е да се остави темава дур ја чекаме следната сезона, па чат-пат да си продискутираме нешто :)
 
Последно уредено:
Од сите убиства и неубиства кои се случија епизодава, најсигурен сум дека Санса е жива. Нема шанса да им се случи нешто. Свесно скокнаа со Рик. А Станис е 100% мртов. Кај Бриен 3 сезони го бараше за одмазда, и сега кога дојде до него и замавна со мечот, нема шанса да му прости. А и зошто би му простила? За Џон мислам дека ќе го вратат, едноставно пребитен лик е за продолжението за серијата, особено за сцените на ѕидот. Сигурено нема Оли да биде главен лик таму. Едино не разбрав, кои се тие кои ја обиколија Калиси? И дај не заебавајте, добро цице фаќа Серсеи. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom