Само што ја изгледав, топ си беше епизодата, ама сеуште се нема извадено сезонава. Седумте срање епизоди досега не може со ова туку-така да се извадат, иако нема сомнеж дека беше awesome епизода. Како и да е, остануваат две. Оваа направи бајаги за да помогне, во една од следниве две ќе биде забавно во битката за Северот меѓу Болтонци и Станис (што и да се случи, сигурно ќе биде интересно), така што останува уште една епизода да ја направат ептен возбудлива. Ако го направат, ќе ја сметам сезонава за извадена и на ниво со другите. Имаат реални шанси за тоа, don't let us down!
Како и да е, единственото нешто што ќе ја подобреше епизодава е тоа што чекам да се деси од прва сезона. Да се избацеше Бенџен Старк како White Walker, баш против Џон. Е тоа ќе беше мајкоебачка сцена и со многу, многу повеќе емоции. Се надевам дека ќе се деси нешто со ликот и не го заборавија, пошто ако го заборавија и не го искористија за ова, ептен разочаран ќе бидам.
Исто така, последниве 5 сезони сите сцени со Денерис ми се срање. Добро, интересно беше со Дрого на почеток, али отиде у курац све тоа кога глупердава го уби. Од друга страна, последниве 5 сезони ми беа најинтересни сите сцени со Тирион, што реално е и единствениот лик што сите фанови на серијава го сакаат. Сега кога се споија, напраија некаков баланс. Би требало да биде интересно тоа што ќе се случува, одма муабетите и влијанието што и го мава на Денерис го менуваат дејството некако. Така што ова исто така ми беше ОГРОМЕН хајлајт и од мене истото добива плус поени, речиси колку биткава што се деси.
Рик/Тион првпат по огромно време кажа/направи нешто што не треба. Можда ни навестуваат дека има некаква надеж за него?
А ова Ремзи што го кажа, дека ќе отиде со 20 војници да го сјебе Станис, не ми е на арно некако. Размислувам што може да се деси, али што и да биде, не можам да ги замислам ни Станис ни Ремзи како се враќаат живи, а поразени. Леле, леле, ќе бидат јаки дешавкиве тука, тоа барем е јасно веќе долго време. Сите очекуваме борба, али ако не се деси истата, може дури да биде и поинтересно од тоа што го очекуваме. Плус таму е и Бриен, а она сака да го кикне Станис. Можност за Станис да го освои Винтерфел, а оваа некаков backstab да му направи, па воедно да ја остави Санса како sole ruler на северот за после Бејлиш да си ја лапне само? Има превише можни сценарија, на крај ќе се деси нешто што на крај памет не ни падна, затоа и викам дека што и да биде, ќе биде најјако.
Убавка беше онаа од The Free Folk, штета што ја изедоа мртви деца и после она стана жив мртовец (ако го повторам ова на глас, звучи многу чудно).
Серси како лижеше капки вода од земјата, бољи да не кажувам на што ми личеше
Крајот беше најзаебан пошто сфаќаш дека све што ќе умре, а се бори против зомбињава, станува зомбе. Такада се создава ептен несекојдневен loop против кој нема некаква реална тактика, се бориш на едната страна, умираш, се бориш на другата страна, буквалнo "fuck my life".
И да, зомбињата на The Walking Dead се бољи од овие зомбиња. Превише компјутерски се направени (ваљда CGI се викаше тоа, што евентуално ќе застаре и за 10 години отсега ќе изгледа глупо, ко да ги гледаш старите Star Wars што тогаш биле јаки а сеа се дури смешни), за разлика од на TWD, кај што 100% од изгледот е луѓе изнашминкани како зомбиња и автоматски се многу пореални и секад ќе бидат пореални. Не е се до тоа да се има фенси ефекти, да бидеме искрени.
И за крај, налетав на сликава што перфектно ми ги отслика мислите што ги имав у моментот на гледањето на сцената:
Веслај бе вол!
