Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Не брат, ги видоа пламењата над ѕидот (поточно прво Игрид ги виде, а потоа и останатите кога тргнаа во напад на Црниот Замок.

Уште нешто, нека ми најде некој податок дека било кој лук од средниот век можел ефикасно да дофрли стрела на далечина од повеќе од 200 метри, а да не зборување во висина од 200 метри.:нинџ:
 
Ѕид од мраз е било што освен неуништив. Дај им доволно време, и змејовите на Дени ќе го стопат во мало плитко езерце.

Зборував за дејството во оваа епизода, тука немаа со што да го уништат.
Сега ми дојде на памет, Манс нели бараше некоја магична труба со која може да се уништи ѕидот?
 
Ме бендиса делумно епизодава, борбите беа супер, ама пак нелогичностите беа претерани во однос на бројноста на двете страни и тактикава за напад, а капак на се е мозокот што го немал џорџ мартин кога го пишувал овој дел(освен ако не смениле нешто режисериве).

Рекоа дека има 100 луѓе на ѕидот, само Тормунд и Игрит убија повеќе од 50, да не ги броиме Тенс и останатите, во меѓувреме уште има доволно луѓе горе да прават дожд од стрели.
Второ, можеа многу лесно да го завземат целиот ѕид.
Целата работа што требаше да ја направат е да отидат двата џинови и да ја кренат портата нагоре( ќе беше 100 пати побрзо отколку овој да ја дига сам) и да бутнат едно трупче како под кола шо се става. Можеа не 1000, сите 100.000 со движен и недвижен имот да влезат.
Трет тежок идиотизам, еден од теновите го зима бувот(преку ворг магијата) го качува горе за да го види оганот и ајде луѓе одиме.
Чекај малку, ако имаш був со очи, качи го преброј ги сите, види кој број гаќи носат, врати го назад пиши едно писмо - Ало Менс братучед, не идете сите, префрлете се 300 души 2 километра јужно или дојдете одкај најтфорт и така не е чувана од никој, од оваа страна мајката ќе им ебеме само 100 души се и тоа еден е дебел како за нас.
П.С. и донеси јуфки и тарана и кажи и на мама да ти дае пари за синалко.
Четврто, мора механизмот за лифтот некој да најде скица. Тотално нелогично беше детето да ги крева и спушта 4-5 пати кој како сака горе доле.


Многу почнав да се разочарувам од серијава и од фокус точките на кои се обрнува внимание а немаат никаква цел во целовкупната приказна. Се мислам дека ќе го чекаме Сем да ја изгуби невиноста подолго отколку што Мануел ја чекаше Миа да му даде.
Зошто толкава непотребна минутажа се трошеше да ја испратиме Гили до молс таун, па да ја гледаме како пере гаќи, па пак да се врати назад без никаква промена на генералната приказна.
Би бил среќен да ги има овие моменти во серијава ако и само ако серијата трае 30 епизоди. Мислам дека не е скапо да се платат 50 стажанти(ја би волонтирал како Питер Џексон да бидам селанец шо јаде морков) плус гили и сем за една епизода и нека се испраќаат колку сакаат. Или Маестер Аемон да седне и да каже повеќе за старите времиња, или да се потроши некоја епизода со Саладор Сан и курвите итн итн...
Мислам дека серијава има далеку поголем капацитет за да го прикаже целиот овој свет отколку 10 епизоди. Сето ова е премалку за да се долови целиот свет кој мораме да го гледаме од карти дополнително и од клипчиња history and lore на јутјуб.
 
Не брат, ги видоа пламењата над ѕидот (поточно прво Игрид ги виде, а потоа и останатите кога тргнаа во напад на Црниот Замок.

Уште нешто, нека ми најде некој податок дека било кој лук од средниот век можел ефикасно да дофрли стрела на далечина од повеќе од 200 метри, а да не зборување во висина од 200 метри.:нинџ:
Па тие дивјаците шо гаѓаа нагоре ништо не погодија, ни до пола на ѕидот не ја фрлија стрелата, само џинот кога стрелаше нагоре растур напрај. Инаку многу се фаќате за ситници за научно фантастина серија, што е следно? Немало змејови и џинови во средниот век?

Едноставно така му текнало на Менс да напаѓа, така сметал дека е најдобро(Океј на Мартин така му текнало). И не го напаѓа ѕидот на повеќе места пошто ем неможи да поминат сите дивјаци пошо тунелите се блокирани, и пошто не е исплатливо и глупаво е битката да се снима на повеќе места. Лесно е да се седи пред компјутер и да се знаат сите факти и да се критикува се. :D

И Менс можит знае дека не е многу моќна ноќната стража, ама од кај да е сигурен дека не дошол некој на помош да ја зајакне во меѓувреме. Од кај да знае дека немаат некое тајно оружје како wildfire и да ги запалат сите.

Кој будала би се нафатил да се качува 215м ако го гаѓаат со стрели? Будала шо го бркаат white walkers and all kinds of shit north of the wall. :D
 
Стварно ова со лифтов ме заинтересира, вајда парна машина имаат или некој генератор на нафта :D

Најрелано е да работи на систем од јажиња,макари и тегови.
Кога сакаш да одиш нагоре се спушта тег, да речеме од 500кг, надоле и го крева лифтот до врвот, за надоле слободно паѓа со систем за кочење што го успорува,или може со некој полесен тег да му се успорува падот.Потоа тегот од 500кг со помош на систем од макари(кои ја зголемуваат силата на просечниот човек за 3/4 пати) го качуваат пак до врвот на ѕидот, за да може лифтот пак да се користи за нагоре.
Е сега заглавив кај качувањето на тегот повторно до врвот, детово нема шанси само да го крене....
 
Ме бендиса делумно епизодава, борбите беа супер, ама пак нелогичностите беа претерани во однос на бројноста на двете страни и тактикава за напад, а капак на се е мозокот што го немал џорџ мартин кога го пишувал овој дел(освен ако не смениле нешто режисериве).

Има мноогууу МНООООГУУУУУУ измени од книгите.

Ако сакате утре би можел да ги побарам поглавјата и да ги поставам како датотеки во .пдф формат (само до моментот до каде е тековно серијава, т.е. нападиве на ѕидот).
П.С.
Морам ли да кажам дека во книгите е многу пологично поставена целава ситуација ?? ;)

Па тие дивјаците шо гаѓаа нагоре ништо не погодија, ни до пола на ѕидот не ја фрлија стрелата, само џинот кога стрелаше нагоре растур напрај.

Што растур направи, погоди еден од бранителите. Во меѓувреме овие од ѕидот можеа да го наполнат со стрели, само тоа не беше во сценариото.:facepalm:

Инаку многу се фаќате за ситници за научно фантастина серија, што е следно? Немало змејови и џинови во средниот век?

Што да кажам, ми сметаат нелогичности, а оваа епизода беше полна со нив.

И не го напаѓа ѕидот на повеќе места пошто ем неможи да поминат сите дивјаци пошо тунелите се блокирани,

Точно заради тоа не напаѓаат на повеќе места. Да се само воини во прашање, би можеле да се качат преку ѕидот на повеќе места, ама со нив се и нивните фамилии со сета покуќнина и животинките што ги одгледуваат.

Кој будала би се нафатил да се качува 215м ако го гаѓаат со стрели? Будала шо го бркаат white walkers and all kinds of shit north of the wall. :D

Внимавај, се додека се групирани, Белите Шетачи нема да ги нападнат.
Сеуште не е јасно зошто белите шетачи ја нападнаа поголемата група од Ноќната Стража на Тупаницата на Првите Луѓе, ама тоа е единствен случај кога Белите Шетачи нападнале поголема група на вооружени луѓе.

Па сега, дали некој ќе погине од страна на Белите Шетачи, или од страна на Ноќната Стража, и не е многу битно за погинатиот. :cool:
 
Командант Коки да беше ќе беше боље....луѓе заебете ова, беше интересно за гледање, битно знаеме што како е ситуацијата.
 
Не брат, ги видоа пламењата над ѕидот (поточно прво Игрид ги виде, а потоа и останатите кога тргнаа во напад на Црниот Замок.

Уште нешто, нека ми најде некој податок дека било кој лук од средниот век можел ефикасно да дофрли стрела на далечина од повеќе од 200 метри, а да не зборување во висина од 200 метри.:нинџ:

Ај прегледај ја уште еднаш епизодата. Then warg-от со бувот беше застанат на врвот на ѕидот и го виде the biggest fire the North has ever seeen - by Mance.

Игрит го наблљудуваше Castle Black, а не ѕидот. Кажа дека доле во замокот има околу 20 души а не што има над ѕидот.

Ваљда во човечката историја не постоеле џинови па да дострелаат 200 метри. :coffee:
 
Може за крај на муабетот?

jATU4AB.gif
 
Како ситничарите, уште фали формули физика овде да презентирате да покажете колку "нереално" било X, Y, Z. Аман, buzzkillers, аман. Не не' интересира.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom