Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
(после борбата) "Tyrion began laughing hystericly"... Ова ако се случеше ќе беше некако помек исходот :D

Го позајмија тоа кај Арија :D[DOUBLEPOST=1401805366][/DOUBLEPOST]
А зошто на мапава има 8 кралства? Нели беа 7?

8 се ако го рачунаш и King's Landing / Dragonstone кое често е водено од едно или друго кралство со тек на времето (првично беше тоа на Таргеријанците, нели? Ама сега последните Таргеријанци не се таму, Ејмон е но Ноќната Стража а Денерис е во Есос)[DOUBLEPOST=1401805458][/DOUBLEPOST]PS: Дури и 9 ако ги рачунаш и Железните Острови :D
 
Пред завземањето на Вестерос од страна на Таргеријаните, постоеле само седум кралевства. Поречието не било самостојно кралевство, туку регија (област) во склопот на кралството на Островите и Поречието.
Еве ги имињата на кралевствата пред доаѓањето на Таргеријаните:
1 - Кралство на северот
2 - Кралство на планините и долината (Тhe Mountain and the Vale)
3 - Кралство на островите и поречието
4 - Кралство на камењарот
5 - Кралство на олујните земји
6 - Кралство на фатот
7 - Дорна

Во скопот на тие кралства постојат повеќе области кои се доволно големи, ама не се самостојни кралства.

П.С.
Титулата на Роб Старк му беше Крал на Северот и крал на Тридентот, при што Тридент е река која ги собира сите останати реки во Поречието.
 
pYZfHq7.jpg

:icon_lol:
 
Иначе пред точно една година сите овде се вративме незадоволни од една свадба :D

И рековме дека после тоа нема шанси да се деси некој настан со толкава јачина :)
 
Од кај логикава дека само Fan Favorites убиваат ? До сеа еден лик не умрел а да „не заслужил“, да не би можел да претпоставиш. ОК, Дрого можда е до некаде исклучок. Ама сите други има перфектно добра позадина зошто биле убиени.

* Нед Старк - човек кој не лажи, не сака да прави компромиси, застанува против секој во King's Landing, на секој му ја „мати водата“... Да не го убиеше Џофри, ќе го убиеше некој друг.

* Џофри - cmon :) не мора ни објаснување

* Роб Старк - Ја базираш цело кампања на чесност, а на крај го прекршуваш својот збор пошо повеќе му станувал на една него ли на друга типка ( која шо ја нема ни видено ). Премногу самоуверен против arguably најдобриот тактичар на војно поле во последните 100 години.

* Кет Старк - ОК за неа не очекував but she was annoying anyway.

* Оберин - против Планината. Човек легенда, кому сите му се плашат, никој нема доволно храброст да излезе 1 против 1 знаејќи дека нема никаква шанса да го победи. Човек кој и покрај големината кажуваат дека е и ненормално брз. И вие очекувавте дека против таков човек, кој што никој не успеал ни блиску до пораз да го доведи, Оберин да тепа ? :confused: Зошто ?! Пошто се бори за човек кој што е фан фејворит ? Fuck Logic :facepalm:

Потенцијални да умрат :

Тиријон - Duuh

Серсеи / Тајвин - премногу непријатели си створија, а и немаат веќе злато.

Бејлиш - покажува слабост према Санса, башка и некако наеднаш почна да собира „титули“ нешто што беше нетипично за него претходно ( Харенхол, Лорд на Ривер-ран, „татко“ на лордот на Вејл - исто ко самиот да е лорд )....премногу внимание привлекува, за жал.... :(

Калиси - ок, нејзината приказна е барем константна, цело време се бори за „правда“..ама некако прераснува во сурова наместо праведна. Тој начин може да функционира во Есос, ама во Вестерос тешко.

Марџ - има ваљда уште од приказната нејзина, but sooner or later :)
 
ги гледам овие реакции за смрта на Оберин што се снимале, ај нека ми објасни некој глуп сум не сваќам како тоа се снимале самите себе? првин ја изгледале еднаш па после па се снимале демек или што е работава не разбирам?
 
Некој што знае што ќе се случи ги снима..ама има и такви, attention whores шо се прават дека не знаат шо ќе се деси и се снимаат :)
 
* Оберин - против Планината. Човек легенда, кому сите му се плашат, никој нема доволно храброст да излезе 1 против 1 знаејќи дека нема никаква шанса да го победи. Човек кој и покрај големината кажуваат дека е и ненормално брз. И вие очекувавте дека против таков човек, кој што никој не успеал ни блиску до пораз да го доведи, Оберин да тепа ? :confused: Зошто ?! Пошто се бори за човек кој што е фан фејворит ? Fuck Logic :facepalm:
Actually Оберин го тепа овој.
 
Ја мислам дека Тирион нема да умре. Проста причина, иако умираат многу јаки ликови, Тирион има преголема фан база. Мислам дека Мартин не би се коцкал со тоа, може лесно да изгуби популарност серијалот и ко за некои други серии да викаат "откако отиде тој, веќе не е тоа тоа", иако тие серии немале ни приближно таква гледаност ко GoT (Oh that 70s show, Two and a half men први ми паднаа на памет, а има и други). Али ај да го баталиме и тоа, самиот лик носи бајаги тежина од серијата на рамењата. Без него, веќе нема да има таква поделеност на добри и лоши луѓе у серијата, а и нема да има што да гледаме во King's Landing, што досега испадна највозбудливо место во серијата. Цела сезона фокусот е на тоа, друго ништо не се дешава таму, па со неговата смрт би било само Тајвин како си ги прерачуна парите што ги нема, Серсеи како се мивка со Марџори, и Томен како е манипулиран од тие околу него, пошто Станис уште не собрал снага за втор напад, а ја ќе ја упознаам Ема Вотсон пред Денерис да се мавне од тоа местото преку морето.

А исто така и не гледам како Тирион би умрел така просто, во стилот "ти умре шампионот, ајде ти ја сечеме главата". Нед више умре со beheading, да му се деси истото на Тирион (пошто нели Џејми рече тоа е казната) ми е многу... просто не штима некако. Се навикнав на смртта на битните ликови, али сметам дека засега во оваа ситуација и до овој момент на настаните, Тирион сеуште е недопирлив. Можеби во иднина ќе се направи мал простор, али сега никако.
 
Сеа ми текна на сите оние што спомнуваа, што ќе се сличи со Тирион ако двајцата умрат. Изгледа никој не догледал до крај, сите исклучиле после „пукањето на балонот“.
Тогаш кој му го скрши черепот на Оберин ??? Пак нешто Мартин заебава :mad:
Детето на Џинџерот.

А исто така и не гледам како Тирион би умрел така просто, во стилот "ти умре шампионот, ајде ти ја сечеме главата". Нед више умре со beheading, да му се деси истото на Тирион (пошто нели Џејми рече тоа е казната) ми е многу... просто не штима некако. Се навикнав на смртта на битните ликови, али сметам дека засега во оваа ситуација и до овој момент на настаните, Тирион сеуште е недопирлив. Можеби во иднина ќе се направи мал простор, али сега никако.
http://imgur.com/WyT4KPt,kUjg9T9,9ricr9Y,7OHSjjT,i1RnXOC#0
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom