Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Е у овој случај би било добро да се направи компарација на борбата во филмот со таа у книгите, освен ако нема никаков спојлер се разбира. Добра идеја е у .pdf да се пушти тука, само у спојлер за да не нејќе некој.

Нема спојлер во таа глава.
 
Прикачи го преку атачмент на форумов ако не знаеш сајтови за аплоад. Ако не успееш ставете слушалки, ќе ви читам :sneaky:
 
Дорн не е воено моќен, ама е непристапен терен, тежок за освојување. Никој не успеал во тоа и жртвите би биле огромни, затоа не сакаат војна со Дорн. Инаку, ниту се богати, ниту се силни нешто посебно.

Стормслендс се на Томен, ама има лордови што го поддржуваат Станис. Таму ситуацијата не е најјасна. Тирел моментално се и најмоќни и најбогати.

Северот го држи Болтон, ама уште не знае дали ќе може да ги смири останатите вазални куќи и дали ќе го прифатат за нов владетел.

Риверлендс се најкомплицирани. Таму ги има Фреј со два битни града, има Ланистер во Дари и го има Питер Бејлиш во најголемиот замок. Формално Lord Paramount на Тридент (а со тоа и на Риверлендс) е Питер Бејлиш. Џофри му ја даде таа титула, ама тој уште нема стигнато до Харенхал за да ја превземе власта.

Вака така, Питер Бејлиш е формален владетел на едно а неформален владетел на друго кралство. Не е лошо за некој што наводно не сакаше директна моќ.
 
Едвај чекам последниве епизоди да пројдат па од ново да ја фатам цела серија, сеа мислам дека уште поинтересна ќе ми биде од првиот пат коа ја глеав коа знам волку ствари :)
 
Вака така, Питер Бејлиш е формален владетел на едно а неформален владетел на друго кралство. Не е лошо за некој што наводно не сакаше директна моќ.
И во двете власта не му е цврста и има многу работа. Дополнително, во серијата се потврди дека има и одлични односи со Тирел (Риверлендс ги доби затоа што успеа да го договори пактот помеѓу Ланистер и Тирел), ја има Санса за северот. За него се e јасно сем неговите намери.
 
Последно уредено:
Еве го приказот на борбата помеѓу Планина и Црвената Отровница, во хрватски превод.

Нормално, кој не сака да знае, нека не го отвора атачментот. :cool:

Самото прикачување има пет страни, ама така е напнато да ќе ги прочитате за неколку минути.
 
Attachments

Ееее, немаш на изворно? (англиски)
 
Значи вака, Петир официјално владее со Поречието, маж е на минатата владетелка на Ери и поочим на нејзиното дете, и во негови раце е потенцијалниот наследник на северот.
И некој ќе ми каже дека во еден момент истиот останал без план како понатаму, па морала Санса да го спасува ??

Може да се најде и на англиски, ама мислев дека вака е полесно за оние кои не го владеат добро јазикот. ;)
 
Ај ако не ти е мака побарај на англиски :)
 
BpKESi5CUAAAyRr.jpg
 
(после борбата) "Tyrion began laughing hystericly"... Ова ако се случеше ќе беше некако помек исходот :D
 
Забораваш дека прво го испразни желудникот во погрешна насока. :) :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom