Да ти ебам ХБО се потресов максимално. До некаде знаев дека Оберин ќе умре, ама на овој брутален начин бе?

It's too fucking much. Мора да му се одаде признание на Паскал за глумава во сезонава, феноменален глумец, со прејак акцент и харизма. Штета што му дојде крајот, сепак ГоТ е ова. Ама мислам дека целава сцена со борбата беше одлично направена и беше добра поента од продуцентите за тоа како се игра ГоТ, и не само ГоТ, туку дека општо и у животот не смееш да бидеш заслепен од одмазда.

Санса конечно In action. Значи конечно. На форумов со години се дискутира како да бидеме стрпливи со неа, и конечно почнува да се исплаѓа, каква трансформација и глума тера мулево сеа, феноменално. Одлична сцени беа тие во Ајри. Бејлиш е ѕверотиња на кој начин му кажа на синот на Лиза дека не го бива.

Сцената со Калиси и Џора беше исто добро изведена, ама се гледа дека Дани се повеќе и повеќе станува луцидна, и не суди правилно. Го тоа лудото у неа од нејзините предци. Мислам, во ред е, ја предал тогаш, ама како само ладнокрвно заборави и премина преку се што направи он за неа, немам коментар, мани friendzoned, сеа е и banishedzone; гревче е Џора.
Морам да признам дека сцената со Греј Ворм и Мисандеи беше предолга, ама сепак ќе им простам зошто конечно ја видовме најубава женцка у сериајва гола!!

И то.