Синоќа ги гледав оние анимираните нарации на ХБО- History and Lore, и приметив во делот кога Станис раскажува за Dragonstone, коментира дека на островот нема ништо вредно, само неупотребливи карпи којшто не можат да се искористат, а Таргеријанците ги викале Dragonglass. Тоа значи дека на темелите на замокот на Станис лежи цел арсенал на потенцијално оружје за борба со WW, само што тајната на тие карпи во моментот ја знае само Сем и веројатно уште некој од тие старите мудреци, но никој не го интересира тоа зошто никој во Вестерос не ја гледа непосредната опасност од WW.