У пичку матер уште сум занесен.
Не дека ги сакав многу, од втора сезона наваму не ми беа нешто нај-нај и очекував дека ќе го јадат заради добрината но сепак, срце ми се кинеше во минутите од таа сцена.
Очекував предаство но не сега. Вака ми се одвиваше моето гледање на сцената:
Прочитав многу мини-спојелри за Болтон дека ќе стори нешто но не знаев што. Уште првата сцена кога го покажаа него во кадар, се концентрирав на секоја негова постапка и се прашував што може да направи, заради, најважното за мене во епизодава, не очекував Фреј уште сега да се одмазди!!!
За Болтон, се крчкаше сето ова уште и со сцените со копилето негово и Теон, сцената со него и Џејми итн... Но сеа тотално не очекував дека се здружил со Фреј, и не ми текнуваше што би можело да е тоа што ќе го направи во оваква ситуација, кога има три други куќи до него.
Кога одби да пие вино, тогаш веќе ми се изгуби секоја сомнеж дека спојлерот е лажен и дека овој нема ништо да стори. Но сепак уште не ми текнуваше што ќе биде. Реков не очекував ни Фреј да се одмазди сега. Момент на пресврт ми беше давањето на невестата. Мислев дека ќе му даде грдосија за да се одмазди но кога му даде убава жена, знаев дека ќе се одмазди на друг начин.
И прво што ми падна на памет е дека ќе се одмазди, директно во битката, дека тогаш ќе го предаде Роб. Дали ќе го предаде на Ланистерите или ќе му ја откаже својата војска во последен момент, нешто од тоа наумував.
Но не вака, пошто ова беше too soon. Ако за Болтон бев спојлерисан дека ќе направи пиздарија, ова од Фреј ми беше неочекувано. То ест очекувано, но прескоро од тоа што мислев. Вака сега, одпосле увидуваш дека во минатите епизоди и во минатата сезона имаше многу hints и скриени пораки кои водеа до ова, али кај ќе ти текнело тоа во моментов на прикажување.
Кога тој ружниот ја затвори вратата и почна Rains of Crastamere, беше јасно што ќе следува...
Како и да е, од неутрална точка ова беше fucking amazing!
п.с. дај бе ставете некој од овие што ги читал книгиве за модератор со помали ингеренции барем да ги брише овие постови кај што се лупаат скриени спојлери!