Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Гледајќи од другата страна, една пијавица на Станис и Мелисандре отиде. Најпоштената. На ред се другите две, нели? Барем факинг логички е ова, али кој го знае стариот Мартин што сторил. :)

Ова може само Мелисандре да го искористи за да покаже демек е моќна до толку. Ете му го доказот на Станис на кој Давос инсистираше. Реалноста е друга бидејќи Мелисандре нема никаква врска ниту со Талиса, ниту со Фреј. Иако би сакал стварно да и` успеат маѓиите и да го реши Џофри засекогаш, сепак, Џорџ Мартин е мрачен и полн со терор, и осеќам дека ќе почекам за да видам таква разрешница.
 

У пичку матер уште сум занесен. :(

Не дека ги сакав многу, од втора сезона наваму не ми беа нешто нај-нај и очекував дека ќе го јадат заради добрината но сепак, срце ми се кинеше во минутите од таа сцена. :place:

Очекував предаство но не сега. Вака ми се одвиваше моето гледање на сцената:
Прочитав многу мини-спојелри за Болтон дека ќе стори нешто но не знаев што. Уште првата сцена кога го покажаа него во кадар, се концентрирав на секоја негова постапка и се прашував што може да направи, заради, најважното за мене во епизодава, не очекував Фреј уште сега да се одмазди!!!

За Болтон, се крчкаше сето ова уште и со сцените со копилето негово и Теон, сцената со него и Џејми итн... Но сеа тотално не очекував дека се здружил со Фреј, и не ми текнуваше што би можело да е тоа што ќе го направи во оваква ситуација, кога има три други куќи до него.

Кога одби да пие вино, тогаш веќе ми се изгуби секоја сомнеж дека спојлерот е лажен и дека овој нема ништо да стори. Но сепак уште не ми текнуваше што ќе биде. Реков не очекував ни Фреј да се одмазди сега. Момент на пресврт ми беше давањето на невестата. Мислев дека ќе му даде грдосија за да се одмазди но кога му даде убава жена, знаев дека ќе се одмазди на друг начин.

И прво што ми падна на памет е дека ќе се одмазди, директно во битката, дека тогаш ќе го предаде Роб. Дали ќе го предаде на Ланистерите или ќе му ја откаже својата војска во последен момент, нешто од тоа наумував.

Но не вака, пошто ова беше too soon. Ако за Болтон бев спојлерисан дека ќе направи пиздарија, ова од Фреј ми беше неочекувано. То ест очекувано, но прескоро од тоа што мислев. Вака сега, одпосле увидуваш дека во минатите епизоди и во минатата сезона имаше многу hints и скриени пораки кои водеа до ова, али кај ќе ти текнело тоа во моментов на прикажување. :eek:

Кога тој ружниот ја затвори вратата и почна Rains of Crastamere, беше јасно што ќе следува... :sick:

Како и да е, од неутрална точка ова беше fucking amazing!

п.с. дај бе ставете некој од овие што ги читал книгиве за модератор со помали ингеренции барем да ги брише овие постови кај што се лупаат скриени спојлери!
 
п.с. дај бе ставете некој од овие што ги читал книгиве за модератор со помали ингеренции барем да ги брише овие постови кај што се лупаат скриени спојлери!
Ако и се деси нешто на Ајра ќе го барам овој Мартин лично. И beneamata ќе го земам за да види Мартин што значи вистинско изненадување.
 
Ако и се деси нешто на Ајра ќе го барам овој Мартин лично. И beneamata ќе го земам за да види Мартин што значи вистинско изненадување.

Абе ме испојлериса нешто? Не ви ја отварам темава зашто сигурно е преполна со спојлери.
 
Абе ме испојлериса нешто? Не ви ја отварам темава зашто сигурно е преполна со спојлери.
Не бе не е сите сме поштени овде. Една страна поназад за Интер пишував, еве провери да видиш.
 
Ова може само Мелисандре да го искористи за да покаже демек е моќна до толку. Ете му го доказот на Станис на кој Давос инсистираше. Реалноста е друга бидејќи Мелисандре нема никаква врска ниту со Талиса, ниту со Фреј. Иако би сакал стварно да и` успеат маѓиите и да го реши Џофри засекогаш, сепак, Џорџ Мартин е мрачен и полн со терор, и осеќам дека ќе почекам за да видам таква разрешница.

Да, ова е и повеќе логички да се деси понатаму. Мелисандре ќе добие и доказ (макар и да не е пијавицата причина) за нејзината „моќ“ и Давос ќе остане без аргументи. Тоа и веќе сум уврене дека ќе се деси. :)

Ако и се деси нешто на Ајра ќе го барам овој Мартин лично. И beneamata ќе го земам за да види Мартин што значи вистинско изненадување.

Брат, поголемо изненадување од ова е само доколку вие купите некој играч од 35+ милиони... Друго ништо не би ме изненадило веќе.
 
Брат, поголемо изненадување од ова е само доколку вие купите некој играч од 35+ милиони... Друго ништо не би ме изненадило веќе.
Не си видел маж со фустанче и калашников затоа така мислиш :)
 
Ако и се деси нешто на Ајра ќе го барам овој Мартин лично. И beneamata ќе го земам за да види Мартин што значи вистинско изненадување.
btGvY61.jpg
 
мене па овој на харфата ми личеше на dwarf од LoTR/Hobbit или тој волшебникот од Хари Потер, не ми текнува на името.
:D

Хагрид? Не ми се верува...
Макар да има многу глумци кои глумеле и во ХП... Како на пример Оша и Лорд Фреј. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom