Game of Thrones

Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Ги гледав првите две епизоди од 2 сезона. Добро е, засега. Џукелите потпораснаа, на голема радост на Џејми, Стражата тргна на екскурзија отаде, ѕидот, а во интрото на епизодите од 2-ката има нови географски одредници. Задоволен сум. повеќе од втроата отколку од првата епизода. Само, мене лично, сцените во таа пустината со Денерис ми се малку потапа. Секако дека треба да ги има и на многумина гледаче им се допаѓаат (посебно Дени :) ) ама, ете мене ќефот не ми го прават премногу. По Дрого нема некоја акција, а змејчињата со оние мега-волците, со смрзнатите подживеани мртовци, со кралицата-кучка, и со Тирион (итн.) не се споредуваат сега засега. Ама ако пораснат.... :)
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
White Walkers (исто се нарекуваат и The Others) и Wildlings се сосема две различни суштества, првите ги видовте во сезона 1 во пилотот на кратко а другите се луѓе (на пр. како Крастер) кои живеат северно од ѕидот. Намерно не ставам под спојлер пошто е чисто само појаснување, пошто гледам ве бунат овие работи. Гледајте ги епизодите ќе се разјасни. А исто има и немртваци тие се викаат Wighs, еден од нив го нападна Jon Snow и Old Bear во првата сезона ако се сеќавате.


Немој да се лутиш, ама ја мислам дека еден од WWs беше тоа што го нападна Сноу и Мечката у првата сезона. А имам и основа да мислам така ;)
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.114
Поени од реакции
9.064
Нема причина зашто би се лутел, но грешиш :)

И Wights и White Walkers имаат плави ледени очи ако тоа те навело да мислиш така.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Ги гледав првите две епизоди од 2 сезона. Добро е, засега. Џукелите потпораснаа, на голема радост на Џејми, Стражата тргна на екскурзија отаде, ѕидот, а во интрото на епизодите од 2-ката има нови географски одредници. Задоволен сум. повеќе од втроата отколку од првата епизода. Само, мене лично, сцените во таа пустината со Денерис ми се малку потапа. Секако дека треба да ги има и на многумина гледаче им се допаѓаат (посебно Дени :) ) ама, ете мене ќефот не ми го прават премногу. По Дрого нема некоја акција, а змејчињата со оние мега-волците, со смрзнатите подживеани мртовци, со кралицата-кучка, и со Тирион (итн.) не се споредуваат сега засега. Ама ако пораснат.... :)
Точно, засега не се случува ништо со Калисито, ама барем по една сцена од 5 минути посветуваат на тоа, не го тупат. :)

Јебига, мора, а змејовите сигурно ќе пораснат кај и да е...
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.486
Поени од реакции
6.876
Мене ептен ми се оригинални, и знаеш колку е добро онака жени баш како што изгледале во тоа време, со мевце облини, без влакно на јазик, се знае која е крува која домаќинка за приплод :) Ептен ми се екстра и гејм оф троунс и роум ... да не набројувам си знаеме сите.
Барем тоа е реално тука за разлика од спартак.
Тука Theon додека беше во бродот дур ја плескаше таа курвата, апла се гледаше дека е грдосија, има фаца за улично испуцано курвиште.
Во спартак, улични курви, слугинки, секакви помии јадат, од рудник ги изнесуваат, од прв до последен заб сите наредени бели, светат. Или па дополнително, што никој нема екстра влакно на него, или сите се перфектно исчупкани и средени.

налет, да не зборуваме за спартак, втора омилена серија ми е после GoT.

Вторава сезона добро тргна, интересни работи се случуваат. За разлика од други филмови каде што се прават сојузи па после настануваат меѓусебни војни, овде сите од старт знаат кој што сака и како. Сцената со Волкот и Џејми е добра, а овој се брадосал онака врзан за стубот, грев ме фаќа за него :)
Калиси ми е моментално досадна, само шета по пустињето и се жали и ги теши тие нејзините.
Најдобар момент, кога Theon ја грабна сестра му да ја пофаќа на коњот, после кога разбра дека му е сестра. изразот на фацата, priceless :D
 
Член од
20 ноември 2008
Мислења
6.104
Поени од реакции
2.514
Тука Theon додека беше во бродот дур ја плескаше таа курвата, апла се гледаше дека е грдосија, има фаца за улично испуцано курвиште.
За ништо не ја биваше, ко со скепар делкана да беше, и сум се скинал од сеење, овој и рече пробај да се смееш со затворена уста.

Иначе дојдов за да се пофалам со новиов аватар, моментално копилево ми е херојот.
А хероите ги јаваат змејовите.. (се надевам дека ова ќе се исполни)
Некако се повеќе и повеќе му даваат важност на копилево, само некако имево не му прилега да јава змеови Џон Снежни...
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.009
Поени од реакции
5.664
BREAKING: Game of Thrones has been renewed for a third season. Share this update and spread the word across the realm.
Зар се сомневаше некој во ова? :D
Инаку оваа куртизанава на малиов Ланистер да ти била порно актерка :pos:
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.239
Поени од реакции
84.249
Зар се сомневаше некој во ова? :D
Инаку оваа куртизанава на малиов Ланистер да ти била порно актерка :pos:
Глумицата?
Рили?

ќе проверам одма
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.239
Поени од реакции
84.249
еве малку од IMDb

еве сликички од неа

А Турчинкава се разработила у Немачка изглеа...

Од Die verfickte Praxis мислам дека не смеам да го постувам каверот од DVD-то.
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
523
Поени од реакции
164
Од вики:

Jon discovers that Craster sacrifices his sons to the White Walkers.
само јас ова не го сфатив кога ја гледав епизодата?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom