Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
LOL одамна нема видено серија да предизвикува волку реакции кај челновите на форумов, и во најголем дел од случаите екстремно позитивни, We got a winner here, God bless HBO! :cuc:
 
1306248491085.jpg

Не и требаат цели колективи хипстери фегети на серијава за популарност, после ќе се пренасочат и ќе го изостават фокусот. Многу серии се покакаа на тој начин.

затоа, многуте реакции навидум се добро нешто али уствари се devastating.
 
Прегледај го приврзокот 43287

Не, кога се работи за HBO тоа не е, и нема да биде случај.
 
Прегледај го приврзокот 43287

Не и требаат цели колективи хипстери фегети на серијава за популарност, после ќе се пренасочат и ќе го изостават фокусот. Многу серии се покакаа на тој начин.

затоа, многуте реакции навидум се добро нешто али уствари се devastating.
Па имале и HBO такви грешки I guess, ама тоа се многу ретки случаеви(односно во моментов само еден ми паѓа на памет, а тоа е True Blood). Ама не верувам дека такво нешто може да се случи со GoT, едноставно не е серија од таков тип.
 
Седмава епизода е навистина супер, ако продолжат вака ова ќе биде најдобрата серија што сум ја гледал.
 
Има се што треба:

Карактери - да.

Колку сакаш уствари. Иако не е мистерија, го има рецептот на ЛОСТ. Уште од пилотката, едно чудо ликови. На секој лик од главните ликови му се посветува доволно време за гледачот да го запознае, засака или замрази, сеедно.

Актери и улоги - да.

Глумата на високо ниво, изборот на улоги одличен. Шон Бин, полн погодок! Многу серии се зезнаа дебело со тоа лош кастинг за главните ликови, една од работите кои се непоправливи понатаму. Овде, Шон Бин - ѕвер, Дотраки калот - ѕвер, Калиси - срце, Џуџето (за ЛОСТ фановите, малиот ќе биде алтернатива на Хуго), Nightwatch, Ned's bastard - ѕвер, кралицата - убајни, evil son... Се е таман, од горе па до црвенокосата ороспија... Само изборот за Џејми Ланистер малку ми стрчи...

Позадина - да.

Јас сум Лосталгичен во последно време па морам да го спомнам истото што го пишував за ЛОСТ - позадината (островот) ја заврши пола од работата. Сега разбирам дека овде на Tallahasee замокот му бил мал, не му се свиѓале чорапите од Шон Бин и шо ти ја знам... ама пејсажите се прекрасни, погледот од Nightwatch ѕидот, кулата во долината кај што беше судењето на џуџето и уште многу работи кои допрва ќе ги видиме...

Музика - да.

Не толку низ епизодите ама една од најдобрите најавни шпици во последно време.

Згодни жени? - О да...

Е сега, и мене ми смета претерано многу секс и голотија во тв-серии, ама јбг, редно е да видиме и нешто нецензурирано и различно. Доста ми е од Хари Потер бајки за деца, ова е сепак fantasy world за возрасни. Нема да кукам за ова...

Исто ми недостигаа класични серии а оваа по дејството и по начинот на која е направена е таква. Добрите ликови се добри, лошите се лоши и нема трте-мрте. Играта е јасна: кој-кого-ќе-зезне. Ако веќе можам да ставам забелешка, тоа е за должината, рамката од 40 минути ќе завршеше работа и ќе ни заштедеше некој мегабајт.

Во секој случај, по подолго време серија која ја симнуваш веднаш штом излезе епизодата... Ќе биде интересно.
 
Одлична анализа, браво! :vozbud:
 
Не ја гледајте 7ма од сега. Најозбилно.

Инаку,
Џејми Ланистер Shrek%20the%20Third%20-%20Prince%20Charming%20-%2004.jpg знаев дека ме потсеќа на некој.
 
СИТЕ ОНИЕ ШТО НЕ САКААТ ДА ЧЕКААТ ПО 1-2 ДЕНА ЗА ДА ИЗЛЕЗЕ НОВА ЕПИЗОДА ОД НЕКОЈА СЕРИЈА ( ПОСЕБНО ЗА GAME OF THRONES ) НА СТРАНАВА ЈА ИМАТЕ СЕКОЈА НОВА ЕПИЗОДА ОД СЕКОЈА СЕРИЈА САМО 2-3 ЧАСА ПОСЛЕ ПРЕМИЕРАТА НА ТЕЛЕВИЗИЈА ВО САД! А ПОСЛЕ ПОЛОВИНА ДЕН ( 12 ЧАСА ) А НЕКОГАШ ДУРИ И ЗА ПОКРАТКО ВРЕМЕ ГИ ИМАТЕ И ВО HD 420p, 720p, 1080p итн.
НАЈДОБРА СТРАНА ЗА DOWNLOAD НА СЕРИИ!
http://eztv.it/search/
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Има се што треба:

Карактери - да.

Колку сакаш уствари. Иако не е мистерија, го има рецептот на ЛОСТ. Уште од пилотката, едно чудо ликови. На секој лик од главните ликови му се посветува доволно време за гледачот да го запознае, засака или замрази, сеедно.

Актери и улоги - да.

Глумата на високо ниво, изборот на улоги одличен. Шон Бин, полн погодок! Многу серии се зезнаа дебело со тоа лош кастинг за главните ликови, една од работите кои се непоправливи понатаму. Овде, Шон Бин - ѕвер, Дотраки калот - ѕвер, Калиси - срце, Џуџето (за ЛОСТ фановите, малиот ќе биде алтернатива на Хуго), Nightwatch, Ned's bastard - ѕвер, кралицата - убајни, evil son... Се е таман, од горе па до црвенокосата ороспија... Само изборот за Џејми Ланистер малку ми стрчи...

Позадина - да.

Јас сум Лосталгичен во последно време па морам да го спомнам истото што го пишував за ЛОСТ - позадината (островот) ја заврши пола од работата. Сега разбирам дека овде на Tallahasee замокот му бил мал, не му се свиѓале чорапите од Шон Бин и шо ти ја знам... ама пејсажите се прекрасни, погледот од Nightwatch ѕидот, кулата во долината кај што беше судењето на џуџето и уште многу работи кои допрва ќе ги видиме...

Музика - да.

Не толку низ епизодите ама една од најдобрите најавни шпици во последно време.

Згодни жени? - О да...

Е сега, и мене ми смета претерано многу секс и голотија во тв-серии, ама јбг, редно е да видиме и нешто нецензурирано и различно. Доста ми е од Хари Потер бајки за деца, ова е сепак fantasy world за возрасни. Нема да кукам за ова...

Исто ми недостигаа класични серии а оваа по дејството и по начинот на која е направена е таква. Добрите ликови се добри, лошите се лоши и нема трте-мрте. Играта е јасна: кој-кого-ќе-зезне. Ако веќе можам да ставам забелешка, тоа е за должината, рамката од 40 минути ќе завршеше работа и ќе ни заштедеше некој мегабајт.

Во секој случај, по подолго време серија која ја симнуваш веднаш штом излезе епизодата... Ќе биде интересно.

Мислам дека дабелкото Samwell Tarly некако повеќе ми наликува на Hugo од Lost барем по изглед, па до некаде имаат и слична позадина и двајцата биле богати пред настаните во серијата. :smir:

Актерот што го глуми Jaime Lannister ми изгледа прилично солиден, останува да видиме како ќе напредува понатаму во серијата и како ќе го долови еден од најинтересните ликови во серијалот.

За ова последнот не сум баш сигурен, иако има добри ликови како Ned Stark. Поголемиот број на ликови се нешто измеѓу добри и лоши и изгледаат повеќе сиви отколку црно-бели, но тоа е што ми се допаѓа кај серијалов. Не би рекол дека е класична споредено со други фантастични серијали и филмови(иако можеби потсеќа тоа што дејтсвието е сместено во алтернативен среден век) туку е нешто ново, оригинално, ликовите се реални и приказната е непредвидлива(иако ја преферирам книгата мислам дека серијалот пристојно ја претставува, некои работи се сменети и понекогаш изгледаат можеби малку избрзано како што реков HBO серијалот е доста солиден, актерите се топ и глумата е врвна). Сега за сега е одлично останува да видиме како ќе се развиваат настаните.
 
Кога треба да излезе 8мата епизода? Иначе последната епизода ме извади од памет, едвај чекам да видам шо ќе се деси.
 
8мата епизода во недела вечер во САД, понеделник отсабајле кај нас 5/6 јуни. Инаку јас се зезнав и ја изгледав седмата пред една недела па сега две недели чекам до осмата :)
 
Хехе те жалам...

Иначе серијава ги надмина сите мои очекувања. Мислев дека ќе биде нешто во стилот на Xena warrior princess лол, но пријатно ме изненади. Кога ги гледав првите неколку епизоди повеќе пати се навраќав пошто има голем број на карактери и патем речено сите се добро осмислени. Сепак, прашање на време е кога ќе почнам да ги читам и книгите бидејќи ова исчекување ме убива. Се на се вреди да се гледа, без разлика дали сте фанови на овој жанр.
 
Е јас тек денеска ја гледав 7та епизода :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom