Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
https://quartermaester.info/

Дечки зошто не ми го отвора сајтов, до пред некое време го отвараше, сега ми јавува некој Јава еррор (се работи за мапа на Ессос и Вестерос).
PLEASE NOTE IF YOU CANNOT ACCESS THE GAME OF THRONES MAP, THIS IS DUE TO GOOGLE API LIMITATIONS AND NOT A JAVASCRIPT ERROR. WE SINCERELY APOLOGISE FOR ANY INCONVENIENCE CAUSED
 
Како шо и ослабнаа?
Олена умре.
Eларија и ќерка и ги фатија.
Грејворм падна во заседа.

Што и остана нејзе?
Дивјаците и змејовите.
Нишо нема да постигне со нив.

Bonus: - 10та секунда
6 сезони успеа без Еларија и Олена па сеа ослабнала.
Грејворн ајде, заседа? Би рекол 50/50, многу тактички од Тирион, како и секогаш.

Да летне со Мисандеи/Тирион и уште некој на змејовите до Кастерли Рок, би било заседа? =)
 
Овие ликови како Јурон Грејџој ги имаше во Б-продукциите со Џеки Чен на времето.
Рака на срце и во книгата ликот е надвор од реалистичниот шаблон на Мартин. Само што таму е сосема другачии од овде.
 
Вакво глорифицирање и мастермајндизирање како што и прават на Серсеи е поголемо срање од сите сцени со Гили, Мисандеи и Греј Ворм.

Ги убива змииве како одмазда затоа што и ја убиле ќерка и, а она сама си го уби синот. Каде е овде ебаната логика?

Го разнесува пола град, три епизоди подоцна Јурон доаѓа како херој у градот, народот се пали. Каде е и овде ебаната логика D&D?

Глупата и луда кралица Серси, го надмудрува Тирион факинг Ланистер, нејзиноит џуџест брат, еден од најпаметните луѓе во Вестерос? Логика???

Единствената логика за потопот што им се случи на Греј Ворм и компанија е Јара или Змиите да го издале планот на Калиси дур беа заробени (сцената со змиите не ја загледав баш добро). А и тоа да го направиле тоа е против карактерот на сите три, едино малото змииче би пропеало, Елариа и Јара сигурно не. Или па Јурон ако користи хај пауер маџик и во шоуво, па дознал за комплетниот план на Даенерис.

Трета логика, Варис и неговите шврљања. Четврта Литлфингер секако, ама тој е далеку. Друго нормално објаснување за толкавиот суперплан на дрољата, нема.

Колку што ја хајпаа Калиси со собирањето на голема војска, змејови, советници, па едно четири милиони пати повеќе насилно ја направија Серси Ланистер ова што ја направија. Лудачата која според сите стандарди воспоставени порано у серијалов заслужи да биде кокната, добива моќи од секаде, па дури и од ебената банка на Мајкрофт Холмс!

Насилно направен нов Тајвин Ланистер, во неговиот потомок кој најмалку во Се наликуваше на Тајвин Ланистер.

Мизерно направено сценарио, насилно да се вклопи во плотот, ко што пиша некој погоре.

Дебилните разговори меѓу Калиси и Џон и Санса и Брен па беа дополнителен „бонус“.

Само Давос и Мелисандре вредеа, и Олена заборавив.

Една од најлошите епизоди, а имаше многу лоши у 5 и 6 сезона...
 
Јебига коа немаат книги.
Не се они криви што Мартин пишува една книга 6 години.
Ај што не ја допишал таа, па уште една треба да напише.
Таа за уште 6 така да за 12 години ќе видиме по асален плот..
 
YFz4NV7.jpg


6HPchkB.jpg

siccupS.jpg

THfqwNZ.jpg
 
@ElNinho не дава самиот Тирион објаснување во епизодава дека Серсеи ќе знае и ќе го очекува нападот? :D

А и логично е секако, штом не отиде со цела армија одма на Кингс Лендинг...
 
Немој да заборавите дека Серсеи не е самата, има луѓе како Џејми, Јурон (па и татко му на Сем рекоа дека е одличен генерал) кои имаат искуство во војување. Самиот Џејми спомна дека научил нешто од тактиката на Роб Старк.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom