Сите знаеме кој го уби Џофри и како, може оние само што ради реда ја гледаат и не знаат што гледаат уствари. Јакото беше кај женава што можеше многу потешко да помине, си одбра најлесен начин за умирање, притоа и го спопика уште еднаш на Серси пред умирање за оваа да се јаде што не може да ја убие уште еднаш, далеку посурово. Олена кралице, арно твојот лик не го упропастија до крај.
Инаку, Серси е дефинитивно родена за одмазда кутрата. Се што правеше до лани беше тоа што се сексаше со брат и, а сега мозокот и фантазијата ја носат ептен во мрачни измачувања и тортури. Круната на глава и овозможува да си ја открие скроз пореметеноста и иако до некни сакав да ја убијат, сега мислам да поживее, интересна е. Гуд риданс од оние глупачине од Дорн, сега знаеме дека веќе дефинитивно нема да ги гледаме.
Денииии, умри аманннннн!!! Ако треба уште пола минута од серијава да трошат за нејзе да ја претстават со тие 10000 титули што ги има, ќе се утепам. Досадна, глупа, нарцис. Не ја можам. Џон, не и го виткај коленото на глупата.
А овој Брен пак кој фактор се прави. Апла глуп момент со Санса. Сем инаку е најпредвидлив лик во серијава. Секогаш знаеш што ќе направи. Сем не го исчукаа во стражата иако сите го мразеа на почеток. Сем преживеа над ѕидот. Сем, кој е тотално неспособен со меч и борење, успеа да ја исчува Гили и бебето колку, 4 сезони веќе? Сем уби Шетач. Сем чита една книга и наоѓа решение за како да се спаси човештвото од Шетачите. Сем од прва лечи опасна болест, нешто што на многумина пред него не им успеало. Ако треба еден да преживее и да седне на тронот, my money is on Sam.
Искрено очекував Серси и Џејми да пропаднат одма оваа сезона. Со сите овие на спротивната страна од нив, не им гледав многу надеж. Сепак, се исплатело да го слушаш татко ти цел живот, ко што кажа Серси. Ќе биде интересно наредните епизоди, работите многу брзо се свртуваат сега.