Не е ред да кажам дека беше една од најлошите епизоди без да образложам зошто.
Прво добрите работи
- Џејми и Бриен
- Риверан, целата приказна солидно заврши, дијалогот меѓу Џејми и Едмур беше перфектен. Во целата епизода, Џејми конечно личеше на лик а не на играчка на Серси како досега во сезоната. Иако рече дека се прави само за Серси, разговорот и говорот на телото кога е со Бриен кажува повеќе од тоа. Мала замерка за Блекфиш, можеше и малце подобро неговото заминување да биде изведено, а некако и војската на Тали прелесно се откажа од лојалноста кон својот командант, човекот кој ги поведе во востание и со кој и го заземаа замокот, и сето тоа за лојалноста кон „вистинскиот наследник“ Едмур, за кои уште пред војната сите имаа впечаток дека е кукавица и неспособен, но логиката е дека им беше страв и без свесни колку и да е замокот силен, нема да успеат да ја задржат силната армија на Ланистер.
- Кучето и старите другари исто беа добри, како и Кингс Лендинг, мада таму не се деси нешто посебно
Но овие позитивни не може да надтежнат над лошите делови
- Арја. тука направија масакр, логика нула, дупки во приказната еден куп. Пропаднаа сите теории за Арја у една секунда, на крај со најпростото решение се одтиде, што е разочарувачки, некаков пресврт ќе беше многу подобар. Демек Арја слободно си шеташе минатата епизода, знаејќи дека прекрши нареба од нејзините „работодавци“, знаејќи дека за тоа следува казна, ноншалантно дозволи да и се приближи непозната старица. Ако сето беше со план и намера ќе беше прифатливо, вака е ужасна грешка.
Капак на се, ја прободуваат 2-3 пати у стомак, и после тоа скока по кровови, трча по градот како ништо да не е, мислав озбилно? Таа другата пак, како за безличен убиец многу галама и неред прави, се гледа дека не ја биваше. И на крај да заклучим дека Арја е сепак Арја, а не Никој, Жакен се и прости и мирно се збогува. Претпоставувам сето тоа беше тест како за Арја, така и за другата девојка, и двете покажаа дека не можат да бидат Faceless man, затоа што цело време беа водени од лични мотиви. И дури и таквиот исход на приказната не е воопшто лош, да Жакен ги става сите на еден голем тест, можеби ја тестираше Арја од моментот кога првпат се запознаат во Риверлендс, но начинот на кој во последните две епизоди тоа се заклучи, беше на ниво на Дорн.
За Тириот ич да не почнувам, мораше уште една безпотребна сцена со некаков беден обид за хумор? Мораше оние во Риверлендс исто да истрошат пет минути за пикање прст у газ, мораше Брон и Под да истрошат пет минути непотребе дијалог? Тоа се 15 минути тотално џабе фрлени.
Ако веќе Динклиџ мора да го има во серијата и да има сцени, зошто наместо глупости не зборуваа со Мисанде и Црвот за историјата на Есос, или на градот, или за Таргеријанците? Тирион го знаеме како љубител на историја и наука, многу по одговара за неговиот лик тоа отколу пијанчење и глупи досетки.
Ептен ја сакам серијава и стварно ми е криво кога вакви аматерски потези во епизодите ќе видам. А не треба многу, ни финансиски ни продукциски, само малку повеќе посветеност и обраќање внимание на дупките во приказната и сите овие лошо сцени ќе бидат многу подобри.