Ете така, не знам, субјективно мислење, мене ми се досадно мртви сцените во Кингслендинг. Тајвин го нема, Тирион замина далеку, Варис и Литлфинер кои секогаш беа интересни и тие се заминати, Серсеи откако и направија walk of shame не е 10% од старата Серсеи. Џејми му ја пресекоа раката и типот стана лигав, едни те исти говори со Серсеи вртат. Томен е смешка од главен и одговорен на Кингслендинг, паралела на Хорхе наш. Хај Спероу со голине стапала и со последно туширање кога уште Роберт Баратеон бил жив е напор од лик, заедно со војската негова нема една интересна сцена, еве сериозно кажи некој итересен муабет кој го направил Спероу, а да не го отече со религија и со буквално небитни муабети (пак, субјективно мислење). Стариот Кингслендинг не се ни споредува со овој Кингслендинг кај што синот на Олена (никад не му го запамтив името) држи мотивациони говори. Не ме зезај, најсмешниот лик у серијава држи мотивационен говор, Џејми му идеше од коњ да падне од смеење. Ги нема разговорите помеѓу Тајвин и било кој, посебно со Олена.
Олена остана единствениот интересен лик таму, а ете ја и таа се спрема да си замине. Марџери дава знаци на живот, ама со толку скрин тајм сезонава, од кој 80% беше во ќелија, не може ништо повеќе.