Game of Thrones

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.733
Настрана централниот дел на кој не навлече епизодава, т.е. timetravelthings, boobs and hold the door, колку беше добра претставата човече, конечно ставија добар Монти Пајтон момент! :cuc:

Јас лично би сакал повеќе вакве world in world приказни, т.е. споредични филери, кои всушност не се обични филери него објаснуваат и работи од главниот плот.

Тоа е шмекот на серијалот и треба да има бар по една таква сцена во епизода.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.733
Инаку, hold the door моментот, ме потсети на ова од претпрошлата сезона:


Hold the gate! :place:
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Мислам дека не мора да пишуваме во спојлер тагови, серијата е веќе доста пред книгите и секоја теорија, предвидување се базира на лични претпоставки и размислувања, наши или на некој друг од редит или било каде. Освен ако авторот не реши да постира на форумов :D Претпоставки и теории имавме на сите теми за серии, не гледам причина зошто овде мора да биде во спојлер.

Јас лично уште кога ги читав книгите имав една мала теорија којашто 99,99% е погрешна ама ајде, имам слободно време денес. Книгите ги читав само еднаш за разлика од многумина по останатите форуми па и овде верувам коишто стварно ги имаат анализирано до последен збор. Веројатно на повеќето од вас им има дојдено оваа мисла - GRRM ја води сторијата во Вестерос во насока да ги наведе читателите и гледачите да симпатизираат со Старкови. Сите несреќи, страдања, свадби, предавства и смрт не наведуваат да сочувствуваме со нив уште од почетокот, т.е. да навиваме за нив. Читателот е наведен да гледа црно и било, добро и лошо. Намерата овде мислам т.е. мислев дека е подоцнежен голем пресврт - ако воопшто има објективни негативци тогаш тоа ќе се испостави дека се Старкови. Нивното мото е Winter is coming. Останатите куќи имаат мото како на пр.:

- Hear Me Roar
- Ours is the Fury
- We Do Not Sow
- Fire and Blood
- Unbowed, Unbent, Unbroken
- Growing Strong

Сите овие звучат моќно, предупредувачки па дури и заканувачки. Од друга страна мотото на Старк е временска прогноза? Дали? Што ако Winter is coming е всушност закана? Знаеме што т.е. кој доаѓа со зимата. Од сите фамилии Старкови се оние со најмногу врски со WW - позитивни и негативни. Старкови ја почитуваат религијата на Children of the Forest, кои патем видовме ги создале WW. Историскиот Night King во книгите всушност е Старк, Commander of the Night Watch којшто се заљубил во жена WW.

По последнава епизода мислам дека многу веројатно е дека Бран ќе биде причината што ѕидот ќе падне - тоа што беше обележан доведе до магијата, т.е. бариерата што ја штитеше пештерата да се урне. Знаете, оној момент кога WW типот ја допре земјата и истата се распарчи во средината...наговестување за она што следи? Ѕидот не е физичка бариера за WW туку магијата со која е создаден не им дозволува да го преминат. Сега кога видовме дека со обележување на greenseer/warg/whatever како Бран бариерата може да се сруши, претпоставувам дека овие ќе го остават Бран да оди на Југ и да го помине Ѕидот. Доколку ова се случи, прашањето е - дали сето тоа е испланирано и со знаење на Бран од иднината/минатото? Дали Бран ги составува деловите од слагалката влијаејќи на минатото/иднината за ултимативно да дојде до оваа ситуација каде што им овозможува на овие да го преминат Ѕидот? Ако одговорот е да, ете го Бран какo The Great Other и веројатно главен негативец.

Затоа пишав овде приказната со Бран ми е омилена и далеку најинтересна. Последнава епизода ептен саглам ги мрдна работите таму. Колку и да сакав сите овие потврди на теории, информации, случувања итн да дојдат од авторот, сепак не можам да негирам дека едвај чекам нова епизода и дека уживам во истите.

Само што ја изгледав епизодава и помислив баш на ова :aplauz: Одлична теорија.

Не сакав и во оваа серија да се вметнат временските парадокси и патувањата низ времето, арно ама морам да признаам дека вака е многу, многу повозбудливо. А и полесно ги прифаќам, бидејќи од самиот почеток, Мартин најверојатно ја базирал целава приказна врз овие eлементи.

Кажано е милион пати, ама имам потреба да повторам. Најдобрата ТВ серија некогаш направена. Точка.

*после ,,Салон Хармони''.
 
Последно уредено:
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
Стварно многу избрзано кај Железните Острови. Зеабаа работа таму малце.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549

Еурон и Теон како први братучеди да се,да си ебат векот..Фаца ТЕЛЕТАБИСИ...:pos:
Кај ги ископаа бе овие од цел тој могучи кастинг мадерфакери на лагер?
Ни фаца имаат за Ironborn ниту ништо,најповеќе за дворски шут..
Ај со Теон шо ебаа работа ебаа(салам)
:ban::facepalm::boksix:
Ама сеа и со Еурон Окото на Чавката(Чавковото око:) whatever):kuracc:,батето од кого се плашат сите морепловци, и пуштија во етер ваква ДВОРСКИ ШУТ фаца навистина се "надминаа":bravobe:
Па од овие циркузанти не би се уплашило ни некое мало детенце шо се моча в гаќи навечер,камоли да ги почитуваат цела сурија пирати- убијци,силувачи,ограбувачи,лудаци како THE IRONBORN...
Овие двајца требаше да конкурираат за улогата на Ser Dontos Hollard,славниот дворски шут,дури и тој има по ВОИН-ствена фаца од овие двајца мочковци...:pijani:
ПоЖЕЛЕЗНА ФАЦА е каде каде од двајца Грејџовци...:kuracc:
П.С.
Добро бе,кој ги преведува епизодите на HBO?
Алооо,нормални сте бе?
Па дете од прво одделение подобро би ги превело...
Сцената со Ходор на крај, HOLD THE DOOR,аналфабетите ја преведоа верувале или не ОДИ ДОБРО,ОДИ ДОБРО...:pos::drk::pipi:
Ааааа,и уште бараат 350 и кусур денари претплата,хаха,ах бе Македонче,овчичка си било и ќе си и во иднина...:oeoeoe:
Нека земаат плата некои транслејтори шо не знаат обична реченица да преведат...:zloo:Ќе работи некој за минималец..:kluc::icon_mrgr:
 
Последно уредено:
Член од
5 април 2012
Мислења
8.152
Поени од реакции
8.946
На второ гледање ја видов логиката што ја зборевте за timeloop со Бран и Ходор.
 

Kocka

Manchild
Член од
1 август 2006
Мислења
3.531
Поени од реакции
2.752

Еурон и Теон како први братучеди да се,да си ебат векот..Фаца ТЕЛЕТАБИСИ...:pos:
Кај ги ископаа бе овие од цел тој могучи кастинг мадерфакери на лагер?
Ни фаца имаат за Ironborn ниту ништо,најповеќе за дворски шут..
Ај со Теон шо ебаа работа ебаа(салам)
:ban::facepalm::boksix:
Ама сеа и со Еурон Окото на Чавката(Чавковото око:) whatever):kuracc:,батето од кого се плашат сите морепловци, и пуштија во етер ваква ДВОРСКИ ШУТ фаца навистина се "надминаа":bravobe:
Па од овие циркузанти не би се уплашило ни некое мало детенце шо се моча в гаќи навечер,камоли да ги почитуваат цела сурија пирати- убијци,силувачи,ограбувачи,лудаци како THE IRONBORN...
Овие двајца требаше да конкурираат за улогата на Ser Dontos Hollard,славниот дворски шут,дури и тој има по ВОИН-ствена фаца од овие двајца мочковци...:pijani:
ПоЖЕЛЕЗНА ФАЦА е каде каде од двајца Грејџовци...:kuracc:
П.С.
Добро бе,кој ги преведува епизодите на HBO?
Алооо,нормални сте бе?
Па дете од прво одделение подобро би ги превело...
Сцената со Ходор на крај, HOLD THE DOOR,аналфабетите ја преведоа верувале или не ОДИ ДОБРО,ОДИ ДОБРО...:pos::drk::pipi:
Ааааа,и уште бараат 350 и кусур денари претплата,хаха,ах бе Македонче,овчичка си било и ќе си и во иднина...:oeoeoe:
Нека земаат плата некои транслејтори шо не знаат обична реченица да преведат...:zloo:Ќе работи некој за минималец..:kluc::icon_mrgr:

najzaebanite faci u princip ne izgledaat na zaebani faci....taka da
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.165
Мисли ли некој друг дека Бејлиш и` спомна на Санса за Бринден со цел погрешно да ја наведе? Нема шанси Литлфингер да немал некој ас во ракавот. Плус, Санса излажа од каде и` е информацијата, а Џон и компанија ја зедоа здраво за готово, ова е совршен развој за некој нов заплет.

Сцената со Ходор на крај, HOLD THE DOOR,аналфабетите ја преведоа верувале или не ОДИ ДОБРО,ОДИ ДОБРО...:pos::drk::pipi:
За сценава треба фраза што звучи како „Ходор“. Оди добро > ход добро > ходор, затоа им е преведено така. Јас се умев ама не ми текна на нешто слично. Колку и да е глупаво изледа ова е најдобро што може. :toe:
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.626
Поени од реакции
6.433
^

Мене Дарио ми е најпромашен лик за сега. Каде бе со таа селска фаца ќе изиграваш шмекериште и ќе ја клецеш калиси?
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.958
^

Мене Дарио ми е најпромашен лик за сега. Каде бе со таа селска фаца ќе изиграваш шмекериште и ќе ја клецеш калиси?
Дарио беше фациште, ама оригиналниот Дарио, овој сега е смешка...
 
E

Epsilon

Гостин
^

Мене Дарио ми е најпромашен лик за сега. Каде бе со таа селска фаца ќе изиграваш шмекериште и ќе ја клецеш калиси?
Ко демек тој манијако пред него беше... :D

Само на психопат личеше.. овој за него е Клуни.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.451
Поени од реакции
84.858
Во врска со појавата на Бенџен/Колдхендс:
Покрај принтскринот од кастингот за шеста епизода (постуван предходно), ваљда никој не очекува Мира сама да го влече наоколу Брен, со целата зомби-апокалипса зад грб.
Мора да се појави. У серијата, како што личи, ќе бидат еден ист лик.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom