Епизода со

(јајца) во буквална смисла!

Секогаш мора да има некоја сцена, што не е на ниво на другите во дадената епизода, па затоа и забелешки.
Мое мислење:
Временски си е сѐ ок. Во случајот со Бран и Ходор погоре е објаснето, а во случајот на Бејлиш, мислам дека сцената од претходната епизода временски се случила многу порано од тоа што моментално се случува на ѕидот. Ако грешам поправете ме. Ама и да не е така, една недела (15.05 - 22.03) е доволна за на коњ да се мине тоа растојание.

Мислам дека Теон и сестра му ќе се приклучат на Санса. Навистина немаше логика со цела флота да избегаат а претходно да ги изгубат изборите.

Дивјачкиот шмекерски поглед непроценливо.

Како да не видел жена (машка)

од кога го опичиле.
Во случајот со Арја очекував многу повеќе и сеуште очекувам. Почетокот (пред да дојде во Бравос) ветуваше многу за нивната средба и понатамошно движење на оваа сижетна црта, беше мистично кога чекаше пред храмот и сл. но помалку се разочарувам. Арја го падна тестот уште со тоа што е приврзана за иглата и не се откажа од неа, нешто, за коешто знае и овај со лицава.
Знаеме

(белите) како се создадени, а знаеме и кој знае за тоа (Бран). Можеби заедно со „начитаниот“ Сем (се надевам без досадната Гили) ќе најдат начин да ги спречат.
За волкот ми е криво, а пред сѐ за Ходор. Си беше на некој начин бренд во серијава. Ама тоа е. ГОТ е во прашање.
Имам прашања кон подобро упатените од мене (ги има многу) и во книги и во серијава, па и што гледаат дополнителни видеа и читаат дополнителни теории.
1. Дали има и други такви места со дрва и деца? Или ова што го уништи Бран беше последното?
2. Дали мислите дека во серијава се тежнее да се премине во верска војна, имајќи предвид дека има еден куп богови, религии и нивни приврзаници-фанатици?