Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Во серијава имаме змејови, Калиси која не може да изгори, Вајт Вокери, црна магија која убива крал (Стенли Баратеон), луѓе што менуваат лица и Џон кој воскреснува, а се чудиме како Ходор од минатото го доживува моментот од иднината:D (или Ходор во неговата сегашност всушност ја доживува иднината).:confused:
 
Theory confirmed: Белите го претвараат Ходор во зомби, но заради воргањето од Бран претходно тој може да им се спротистави на нивните моќи, успева да ги контролира останатите зомбиња, станува нивен водич, ги убиваат Шетачите, се качуваат преку ѕидот, прават колеж низ Вестерос и Ходор седнува на Железниот трон. Џорџ самиот рече дека крајот ќе биде горчливо-сладок. Горчливото е што сите ќе изумрат/избегаат. Ама имаше ли послатко од заебанциите за Ходор како крал на крајот?
I'm soooo posting this on reddit! :D
 
Треба да направат нешто со Ариа, станува се подосандо и помонотоно. Цело време изгледа дека се спремаат кон нешто за да на крај се вратат на почеток.
 
Мислам дека не мора да пишуваме во спојлер тагови, серијата е веќе доста пред книгите и секоја теорија, предвидување се базира на лични претпоставки и размислувања, наши или на некој друг од редит или било каде. Освен ако авторот не реши да постира на форумов :D Претпоставки и теории имавме на сите теми за серии, не гледам причина зошто овде мора да биде во спојлер.

Јас лично уште кога ги читав книгите имав една мала теорија којашто 99,99% е погрешна ама ајде, имам слободно време денес. Книгите ги читав само еднаш за разлика од многумина по останатите форуми па и овде верувам коишто стварно ги имаат анализирано до последен збор. Веројатно на повеќето од вас им има дојдено оваа мисла - GRRM ја води сторијата во Вестерос во насока да ги наведе читателите и гледачите да симпатизираат со Старкови. Сите несреќи, страдања, свадби, предавства и смрт не наведуваат да сочувствуваме со нив уште од почетокот, т.е. да навиваме за нив. Читателот е наведен да гледа црно и било, добро и лошо. Намерата овде мислам т.е. мислев дека е подоцнежен голем пресврт - ако воопшто има објективни негативци тогаш тоа ќе се испостави дека се Старкови. Нивното мото е Winter is coming. Останатите куќи имаат мото како на пр.:

- Hear Me Roar
- Ours is the Fury
- We Do Not Sow
- Fire and Blood
- Unbowed, Unbent, Unbroken
- Growing Strong

Сите овие звучат моќно, предупредувачки па дури и заканувачки. Од друга страна мотото на Старк е временска прогноза? Дали? Што ако Winter is coming е всушност закана? Знаеме што т.е. кој доаѓа со зимата. Од сите фамилии Старкови се оние со најмногу врски со WW - позитивни и негативни. Старкови ја почитуваат религијата на Children of the Forest, кои патем видовме ги создале WW. Историскиот Night King во книгите всушност е Старк, Commander of the Night Watch којшто се заљубил во жена WW.

По последнава епизода мислам дека многу веројатно е дека Бран ќе биде причината што ѕидот ќе падне - тоа што беше обележан доведе до магијата, т.е. бариерата што ја штитеше пештерата да се урне. Знаете, оној момент кога WW типот ја допре земјата и истата се распарчи во средината...наговестување за она што следи? Ѕидот не е физичка бариера за WW туку магијата со која е создаден не им дозволува да го преминат. Сега кога видовме дека со обележување на greenseer/warg/whatever како Бран бариерата може да се сруши, претпоставувам дека овие ќе го остават Бран да оди на Југ и да го помине Ѕидот. Доколку ова се случи, прашањето е - дали сето тоа е испланирано и со знаење на Бран од иднината/минатото? Дали Бран ги составува деловите од слагалката влијаејќи на минатото/иднината за ултимативно да дојде до оваа ситуација каде што им овозможува на овие да го преминат Ѕидот? Ако одговорот е да, ете го Бран какo The Great Other и веројатно главен негативец.

Затоа пишав овде приказната со Бран ми е омилена и далеку најинтересна. Последнава епизода ептен саглам ги мрдна работите таму. Колку и да сакав сите овие потврди на теории, информации, случувања итн да дојдат од авторот, сепак не можам да негирам дека едвај чекам нова епизода и дека уживам во истите.
 
Ако старкови се негативци, дали ќе испадне Џон Сноу херојот??

иначе сега има две црвени вештерки, Мелисандре верува дека Џон е тој одбраниот Аzor Аhai, додека пак оваа новава, верува дека Калиси е Azor Ahai...ќе биде интересно!

и незнам дали сум само јас, ама се надевам ќе го дадат повторно Бенџен Старк, Бејлиш и кажа на Санса, дека тој бил жив и собирал војска...пред да се разделат со Џон, му рече дека наредниот пат кога ќе се видат, ќе му каже кој му се винстинските родители, можеби така ќе дознаеме, наместо со визиите на Бран!
 
и незнам дали сум само јас, ама се надевам ќе го дадат повторно Бенџен Старк, Бејлиш и кажа на Санса, дека тој бил жив и собирал војска...пред да се разделат со Џон, му рече дека наредниот пат кога ќе се видат, ќе му каже кој му се винстинските родители, можеби така ќе дознаеме, наместо со визиите на Бран!
Не збореше за Бенџен, туку за Блекфиш, оној што отиде да моча на Red Wedding и спаси глава од масакрот.
 
Ако старкови се негативци, дали ќе испадне Џон Сноу херојот??

иначе сега има две црвени вештерки, Мелисандре верува дека Џон е тој одбраниот Аzor Аhai, додека пак оваа новава, верува дека Калиси е Azor Ahai...ќе биде интересно!

и незнам дали сум само јас, ама се надевам ќе го дадат повторно Бенџен Старк, Бејлиш и кажа на Санса, дека тој бил жив и собирал војска...пред да се разделат со Џон, му рече дека наредниот пат кога ќе се видат, ќе му каже кој му се винстинските родители, можеби така ќе дознаеме, наместо со визиите на Бран!
Не не, си утнал малце. Не дека Бенџен Старк собира војска, туку дека брат и на Кејтлин Старк (жена му на Нед Старк) тој што додека се дешаваше Red Wedding отиде да моча и се спаси, Едмур Тали или како и да се викаше, тој собира војска. :)
 
Има шанси Coldhands да се појави и да им помогне на Мира и Бран? Оти онака беспомошни двајцата тешко дека ќе преживеат.
 
Не стварно да го влечи и да се спаси нема никаква теорија, би требало некоја натприродна моќ да ги спаси. :)
 
Фактички почетокот на најголемата војна во ГОТ е еколошка, колку и парадоксално тоа да звучи....им ги сечеле дрвата.... и овие одма вајт вокери, ела сега сечите ни ги дрвата да ве видам :D
 
Не е баш за дрва работа. У почетокот на времето CotF и The First Men си водиле разноразни војни, и самата кажа дека на секој фронт биле се послаби а луѓето се повеќе навлегувале во нивна територија. Можам да се кладам дека не ни знаеле што ќе се случи кога првпат го направиле тој WW, затоа сега се и борат да ги задржат на север и му помагаат на Бран.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom