Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Е ова да, пак личи на Game of Thrones. Цела сезона тапкаа в место, ама вредеше за ваква епизода.

Прво и прво, сите сцени на Хардхом беа одлични. Последните две сезони приказната на Џон ми беше најинтересна за баш ваквите случки. Не очекував ништо толку големо оти обично ваквите работи ги чуваат за деветта епизода, така да скрос неспремен ме фати. Најмногу ќеф ми е шо умрените не се баш копија на зомбите од Walking Dead или слично. Колку-толку сепак се различни и така придонесоа да е многу поинтересна сцената - со трчање, скокање, користење оружја направија појќе да личи на вистинска битка отколку на типична зомби сцена.

После, секогаш е јако кога ќе излезе White Walker на сцена, а посебно овој пат. Ако за ништо друго, сите видоа баш колку се опасни копилињата. А и плус сите се уверија дека сепак можат да се борат против нив некако. Speaking of борби, Торумунд и Џон беа супер, посебно вториов со шетачот кога се тепаше. Со исклучок на Холивудското клише кога го фрли Џон наместо да го боцни малку со копјето, цела кореографија беше предобро снимена. Вакво нешто требаше да е и со Сенд Снејкс, ама nevermind. Како шо реков, цела епизода ми се допадна во глобала, ама најјака беше последната сцена со замрзнатиот Darth Maul и армијата на мртвите. Ако може така за секунда да ги оживи, сите се fucked. Аха, ќе забораев за џинот. MVP, немам друг коментар.

Второ, Тирион конечно успеа да ја направи Денерис интересна. Уште не можам да ја поднесам, ама барем не беше досадна и иритантна како и обично. Добро, беше на почетокот кога пак го шутна Џора, ама ништо друго и не очекував. Барем драго ми беше Тирион што го бранеше и можда го спаси од погубување. И тој пак сака пред неа во арена да се бори. Има заборавено шо се случи пред една недела. Ама сепак ми фали Баристан и никогаш нема да е исто без него. :place:

И трето, Арија повторно почна да прави нешто интересно. Ми се чини нејзината приказна во сезонава беше најразочарувачка оти досега секогаш имаше добри сцени, а сега па осум епизоди со ред буквално дремеше в место. Конечно мрдна малку и дефинитивно најхајпнат сум за неа во следната епизода. Се надевам дека чекањето ќе се исплати како со сите други ликови.

Уште многу има за коментирање, ама ова мислам беше најважното. За прв пат по не знам колку недели едвај чекам да излезе новата епизода. The work continues. :love:

Демн, помислив дека ќе го изгубиме и ептен се изненадив со мечов.
"He always comes back."

Сем е полн со спојлери.
 
Mоже сум грешка, ама во сценана од кога Вокерон го фрли Џон, кога пробуваше овој да земе dragon glass, одма од левата страна на Џон, помеѓу него и она каменот има една торба. Личи на онаа кај шо ја покажа на собирот. Некој друг да не примети таква работа?
 
Џин, дивјаци, бели мадафакери и Џон Сноу, рецепт за успех ебааго. :vozbud:

Патем, не беше досега во шемата 9та епизода да биде таа на која трошат пола буџет и ја прават да биде главната дешавка во сезоната ил сум грешка?
Ако е така тогаш, кој да чека за наредната...:D
 
Џин, дивјаци, бели мадафакери и Џон Сноу, рецепт за успех ебааго. :vozbud:

Патем, не беше досега во шемата 9та епизода да биде таа на која трошат пола буџет и ја прават да биде главната дешавка во сезоната ил сум грешка?
Ако е така тогаш, кој да чека за наредната...:D
Ваљда ќе видиме фајт Ремзи вс Станис наредната епизода :icon_mrgr:
 
Are you not entertained?

game-of-thrones-nights-king-white-walker-770x470.png



Добра епизода, конечно нешто почна да се дешава. Е сеа проблемот е таман почна нешто да се дешава има само уште 2 епизоди до крај. Класика ГоТ.
 
Гледам забораивте на Серси :(
 
Добра епизода? ДОБРА епизода?! Ова беше најмадафакерската и најјака епизода од сите ебани сезони досега! Кој кур е типон со крунана!!?!?!?!?!?! Истиот се појави кога го допре то бебето ааааааааааааааааааајдееееееее за ова вредат сите досегашни досадни сцени шупичку матер!
 
Последно уредено:
Топ епизода сите предходни утки се исплатеа за оваа епизода, кој ке чека сега до наредна и коа ке сватиш дека има само уште две епизоди до крај на сезоната :facepalm: and there go we all over again for the next season :tapp:. П.С. Мечот од Џон е подарок од прошлиот командант Мормонт а драгонглас има на Драгонстоне островот од Станис е полн со таков материјал и мислам дека ке има голема улога во наредните сезони тоа.
 
Прво: Ај уште една изгледајте ја сценава и обратете внимание на White Walker - ов. Истиот е. Истиот што Сем го уби во сезона 3 со драгонглас, сега е жив во сезона 5 и се тепаше со Џон. Дали тоа и драгонглас не ги убива?


Сеа да се проба со Валериски челик а? Ми олесна коа видов дека Сноу го „уби“. Викам нема ваљда и Џон Сноу да го сјебат од серијава, па сите ликови ги убија :D

tumblr_np97crQYE41r00543o1_500.gif


Второ: Има ли поврзаност ова? Зошто е истата цура? Или случајност?
tumblr_np92k7kPdh1qziy41o1_400.gif
tumblr_np92k7kPdh1qziy41o2_400.gif


Трето: Ја очекувам понатаму да видам ice spiders as big as hounds :)
tumblr_np9ihmxTo51s5m21go4_250.gif
tumblr_np9ihmxTo51s5m21go2_250.gif


Четврто: Дали тоа Санса конечно ќе мрдне од мртва точка сега коа знае дека има некој од фамилијата што и е жив? Можеби ќе ја мотивира малку повеќе да се активира и некако да ги сјебе Болтони, да бара одмазда.
Ремзи ќе биде интересно наредна епизода, да видиме што ќе му напраи на Станис со 20 луѓе. Ја мислам ќе биде феил, црвената вештерка ќе си го земе за да го жртвува и Станис the Mannis ќе го освои Winterfell. Барем ја така би сакал да биде :)
Kалиси конечно има најдобар советник. Мислам дека нивната приказна ќе биде доста интересна понатаму, особено ако земеме у предвид дека оваа има змејови, и не може да умре од оган, а овие идат од северот и имаат армија живи мртвовци. Нојс.
 
Одлично, одлично.
Јас уствари секако не се согласувам дека сезонава беше досадна до сега. Имаше неколку ептен лошо осмислени сцени, ама далеку од тоа дека како целина беше досадна.

Многу не разгалија уствари и сега без некои значајни (ние си мислиме дека не се значајни, а уствари сигурно нема врска) случувања одма следуваат критики. Не ми е мене јасно што толку ви сметаат приказните на Денерис и Арја. Спори биле, ништо не се случувало. Епа ај тогаш ако не првава одма во наредна епизода нека се телепортира во Кингс Лендинг и нека пробува да седне на тронот, а за другава нека ни покажуваат некое девојче како си шета и убива луѓе и на крај на епизодата да испадне Арја била :vozbud:
Многу е битен секој детал од развојот на ликовите, посебно на овие две. И треба да се развлекуваат понатаму за да добиеме една убава целина за тоа до кај ќе стигнат на крај. А не одма нека се случи нешто што ние сме си го замислиле и готово.

За епизодава конкретно и двете беа супер. Баш ме интересира кои ќе бидат реакциите ако се реши оваа да остане таму да владее и воопшто да не оди накај Вестерос, како што спомна Тирион. Се надевам само дека и Верис ќе им се придружи наскоро.
Убаво ми беше да ја видам Серсеи ваква. Прв пат ја гледаме во вакво светло, без таа самодоверба во нејзините очи. Нека потрае.

За случувањава кај Џон нема што да се коментира. Се знаеше од најавите дека ќе има некаква битка таму, ама очекував овие да се испотепаат меѓу себе, ни на крај памет дека ќе им дојдат White Walkers со цела армија :cuc:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom