Една од најморничавите ама и најглупи епизоди, ever. Во сите сезони до сега. Значи три работи:
1. Кој ти кур што го немаш бе Теон Грејџој? Од првиот момент ми беше антипатичен ради фацата глупа што ја има актеров, сеа се повеќе ми станува таков и ради карактерот. Ќе се разочарам ептен ако не биде тој што ќе му ебе матер на Ремзи. И онака е веќе никој и ништо, неговите се откажаа од него, нема кур, идентитетот го менува динамично ко Грција нашиот, нема што да изгуби. Ако сака да остане запаметен ко човек а не ко куче, треба да го кокне Ремзи дур го бричи.
2. Ова со High Sparrows е најглупата работа која и се десила на серијава/книгите, од мој видик. Да не беа они Церсеи ќе беше она што требаше да биде по убивањето на Тајвин, а тоа пропадната кралица. Наместо тоа, пази шо се дешава:
Се појавуваат свештеници, кои се дојдени тука
да ги спречат грешниците во своите гревови, ги претставуваат ко Jesus, за потоа
кралицата која е најголемиот грешник во седумте кралства, да им даде оружје и пари, за да
селективно ја спроведуваат „бојжата правда“, само врз оние кои и пречат на кралицата.
Што е ова, House of Cards, religious edition?
Не дека не е добра фора за дополнителен заплет во приказната и избегнување на очигледниот расплет ако ги немаше нив, ама ептен ме нервира ебате. Едноставно со нив сеа бештијава има повисок степен на џокер, не многу поразличен од тој на Калисито со змејовите. Со нив успеа да ги сјебе Марџери, комплетните Тајрел и сите кои и пречат, лично на неа. Она па синчено сирото нејзино, џабе ли ти даваше Марџери по цела вечер да ја дупиш бе инцесоид еден.

Никад не мислев дека ќе ја бранам грдата Натали Дормер, али ова па ептен безвезе.
Најлогично сега е бабата да ја тужи Церсеи ради грев, па и на да го јаде ради инцестите, баш докажливо е. Само така овие свештенициве би испаднале дека се она што беа претставени, налик „бојжа правда“. А не обични платеници кои место камшикот на правдата во моментов се камшикот на Церсеи.
3. Кој кур беше сценана со Џејми во Дорн? Дали најозбилно планираа така да ја грабнат Мирсела? Пази, влагаш у нивниот град отворено кажуваш кој си пред
прицнот од Мартел и му викаш,
бато, ја дојдов да ја зеам ќерка ми/внука ми, неш јебат. Кој катастрофален план. Ваљда не ја смениле приказната од книгите за вака глупо да спроведат.
4. Сцените со Арја низ минатите епизоди ги влечеа, за да сеа во една епизода минат огромно дејство таму. Одеднаш сеа е спремна да ја смени фацата, dafuq? Очекував дека ќе помине цела сезонат таму па дур наредната Арја ќе може да стане некоја „друга“.
5. Имаше и добри моменти фала богу. Сцената со Џора и Тирион и пиратите беше врвот, али најврв момент беше пред тоа, коа разговараа, само да најдам гиф после ќе постирам.
На крај да им ебам матер на HBO што не пуштаат барем по 13 епизоди во сезона. Дури и толку се малку според обемноста на приказнава.
Две причини ја кочат серијава да се надминува себеси од сезона во сезона.
Прво, огромната
ограниченост ради малку епизоди во серијава мораат да се прават ненормални скокања во одделни plot-ови, да се убиваат ликови кои не се убиени во книгите, остануваат необјаснети работи кои треба да се расветлат.
Кога можеше други серии, да ебената LOST да ја продолжат и да ја усерат ради гледаност уште две сезони, овде е обратно. Наместо да ја продолжат, т.е. да го зголемат бројот на епизоди по сезона, тие се држат стриктно до минималниот број на епизоди, со што директно ќе ја усерат приказната. Ви ебам матер.
Второ, мрзата на Мартин и неговото нередовно издавање на книгите, ради што овие мораат да импровизираат со приказните, спојуваат делови, менуваат, а тоа се гледа дека не им иде баш вешто и е далеку од маестралниот начин на кој тоа го прави стариот во книгите.
И немој да сте барале да ја прикажат Санса во сцената со силувањето, ене ви ги кралиците, нека ги прикажуваат нив пак.
