Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Одлична епизода, мене ми отиде во 5 минути. некои сцени може беа спори и мирни (но сепак беа интересни).

Разговорот на Џејми со Тирион - Priceless
Разговорот на Брон со Тирион - Black Comedy
Разговорот на Оберин и Тирион - Emotional & Epic

Моментот кога Оберин влезе, знаев дека теориите беа точни (за него и Планината). Моментот па кога Брон влезе, таа секунда умот ми беше (Bronn in new clothes >>> No, Bronn in new fancy clothes >>> The fuck I'm thinking, its noble clothes >>> Why is he wearing noble clothes now? >>> OMGOMGOMGOMGOMGHEMADEADEAL!) - А мразам такви брзи ланчани мисли зошто прават се предвидливо на некој начин уште пред да е откриено. Ќе уживам во сцените повеќе следната епизода, помалку blitz мозгање. До некаде се очекуваше Брон да го предаде Тирион, сепак Тирион знаеше уште од почетокот дека он повеќе за себе гледа и мотивација му се пари, жени, пари, пари. Очекував да има некаква fuck you dwarf реторика ама се поздравија и овој му рече и дека се уште го глеа ко пријател. Go figures. До душа и нема многу пријатели сега Тирион така да ...

Ме интересира за што ќе ја користат ќерката на Станис, мајка и и Мелисандре. По начинот на кој ми звучеше додека ја гледав епизодата, не ќе е на добро за неа. Важно на Carice van Houten пак и ги видовме сестрите и задницата :D. А дознавме и дека можно е пола од работите што ги прави змиино масло, реално гледано (ако друг ги прави), ама Богов нејзин ги реализира (тоа со вивнувањето на огнот во висина на 20 метра, црн смог од кој сите се плашат итн.). Со трикови, до вистината. Ми беше интересно тоа што и го откри на жена му на Станис, без да се грижи за нејзината реакција. Знае дека се држи под контрола.

Денерис имаше интересна сцена. Очекував искрите што летаат да слетаат и во кревет, ама не олку рано, негде предвидував следната сезона дека ќе се случи. Новиот Даарио со тој говор, и + naked пред мене... богами и ја би :oops: :X3: :love:. Не ја обвинувам што си ја искористи приликата. И тоа со Џора после ми се свиѓаше, особено тоа што му реле на крај - "Tell him you changed my mind". Ако претходно не си љубомореа едни на други (туку повеќе беше само Џора љубоморен), сега изгледа баш двајцата ќе си ја замислуваат еден на друг смртта каква би била :D. Е што ти е женско .... Ми се допаѓа што ќе го праќа оној типот од минатана епизода, како амбасадор, лично сметам дека и е паметен избор тоа (само сепак се работи за Game of Thrones, сигурно некаков backfire ќе има, а може превише параноик сум...)

За background-от на Кучето знаев од поодамна, но ми се свиѓаше што го сподели тоа со Арија, и нејзината реакција после тоа што го чу, да оди да му ја измие раната. Овие сељациве што го нападнаа, за не знам колку сребреници да ја донесат неговата глава, да не мислеа со заби да му ја изгрицкаат надвор од телото? Не ми беше јасен вампирскиот напад. Разбирам да су трошна времена и да храна нестане, да је оскудација, ама ова? Од трејлерот знаев дека некого ќе утепа Арија (можеа тоа да го сокријат, или малку поенигматично да го едитираат во финалната верзија), само не знаев кој. Знаев само дека немаше да биде Кучето. Може некој да ме потсети кого цитираше Арија? Некој тие зборови и ги кажа неа претходно, што таа му ги кажа на старецот што умираше, и што го еутанизираа после (medieval style), ама не ми текнува кој беше. Да не беше Џакен?

Кај Кесл Блек беше intriguing. Џон као нешто повеќе се потчинува на оној серконо, но се чини дека има поголемо следбеништво од минатата епизода и повеќе подршка од луѓето. Дури и оној градителот кој беше седнат со останативе од тој советот, се мислеше прилично некое време пред да одговори со не (не му беше сеедно, сигурно под палка на серкото игра). Бриен и Подрик, ем се интересни заедно, ем направија ете да има смисла толку сцени со нив што имаше/ќе има сезонава, дознаа дека двете Старк девојки се живи, и Подрик претпостави за Санса дека може е во Ирји. Дебелкото ми е интересен, и ми е мило што го покажаа повторно, овој пат и во доста пресвртна улога, у комбо со Бриен и Подрик. Се надевам барем една од преостанативе три епизоди ќе имаме некоја мала сцена која ќе открие што се случува со Гендри (bastard son of) Баратеон. И некоја сцена плус со Игрит & the Wildlings, макар кратка. I also want more Braavos - You hear that HBO? MORE. BRAAVOS.

Последната сцена ми беше одлична. Знаев ( и сакав) таа лудата тетка нејзина или да се сопне и самата да падне таму дур ја влече Санса, син и да ја турне (because he's batshit mad) или Бејлиш да ја турне (затоа што му се може а и во негов интерес би било да го стори тоа), and he did :D. Не сум сигурен баш дека и Робин ќе биде тргнат, сепак син на Бејлиш е. Со Бејлиш наоколу, нема многу малиов да ја тормози Санса (или барем се надевам нема), но затоа и Бејлиш не е некое безопасно друштво. Мислам дека почнувам да му ја сфаќам психолохијата - Кејтлин ја нема, па сега ја има ќерка и, која личи многу на неа, што е the next best thing, особено како што рече дека била дури и поубава од мајка и според него. Единствено се плашам за Санса ако не му игра ко што иам смислено, а она и не е баш некоја девојка која ептен сака да влезе во брак и/или да ја изгуби невиноста, и да има секс (па дури и со тие што и се допаѓале. Единтвените кои или и фатиле око или била форсирана да им биде ветена биле Џофри (madness abound), Тирион (old and dwarfish, не баш по нејзин вкус), Лорас (кој е геј, така да не би функционирало одлично, не знаеше ни муабет да и направи, не па друго).

All in all - одлична епизода! Него кој сеа ќе ја чека наредната по две недели ... Ќе цркнеме дур стигне. Луѓево грото што се едвај недела период преживуваат, за две ќе одлепат скроз.

Инаку мислам дека Мелисандре сака да ја жртвува ќерка му на Станис како што сакаше копилето да го жртвува.Но и јас сум малку во збунка бидејќи она ги штити и кралот и кралицата и малата.Освен ако не планира да ги убие кралицата и ќерка им да го земе Станис и она да биде кралица кога ќе му помогне да го добие тронот.
 

Attachments

  • N5v3FOK.gif
    N5v3FOK.gif
    935,7 KB · Прегледи: 62
Последно уредено од модератор:
А најкриво ми е оти немаше сцена од Дени и Дарио, па нели ГОТ е шоу без цензура, требаше нешто да видиме, па Емилиа Кларк се покажа уште на почетокот на серијата, не би требало да и е срам сега.

Емилија е една од ретките актерки од серијава што сега сегде шетаат со агенти и PR. Во сите интервјуа од кога почна 4та сезона гледам шетаат со неа, кажуваат на кои прашања смее/не смее да одговара, кога да прекинат новинариве да замараат итн. Сигурен сум и дека ја имаат советувано во однос на кариерата како да продолжи, па и со тековнава серија. Да, неа дури и ја запознавме првиот пат у серијата као пиштол гола, за во наредната сезона да гледаме како има секс/или ја силуваат, но тоа си е за тогаш. Понепознати и "очајни" актери/ки се океј да се слечат или изведат секс сцена за "поголема сума", што за неа, тогаш, и не била голема сума сигурно за продуцентите. Сега може си бара поголем кеш, позната актерка е, потпиша договор за три нови проекти од висок профил, зш да не си ја качи цената, кога другите веќе ја гледаат како скапа? :)
 
Последно уредено:
Со други зборови тешко да видиме нешто повеќе од неа во иднина, а штета, шо убаво почна момето.
 
Само мене ли некако ме ми е јасна сцената со Мелисандре, сега има некаква магија и натприродан моќ тој нејзиниот Бог на огнот или се е фарса?!
Па не може да е лага затоа што сепак видовме ствари што ги прави нели нејзиниот Бог. Чудото што го роди, воскреснувањето на Берик и такви ствари. Ова што го кажуваше за триковите јас го разбрав само како шминкање на целата таа моќ на нејзиниот Бог.
 
Јас го сфатив како трикови кои богот ги прави да се рализираат. Во суштина, едното шишенце некакво масло кое засилува оган, ама богов го прави да огнов фати 20 метра височина, другоно шишенце она што рече дека прави црн чад од кои сите се плашат е веројатно некаква психотропска субстанца која реагира на центрите од мозокот кои лачат адреналин и сл. само Богот ги реализира стравовите на луѓето во материјалниот свет со помош на нивната имагинација. Барем јас така го разбрав. Може грешска сум, ко Донев што рече, чисто шминкерска работа да е.
 
Супер беше епизодава бе што сте паламуделе сабајлево, спора била ваква била онаква била. Цела 2 сезона беше таква па гледам залепени пред ПЦ бевте. Ова со летањево на Лајза и откровението дека тие двајца го откриле Џон Ерин а не Ланистерс мислев дека продуцентиве ќе го остават за 10та епизода и да се чешаме цела година дека се што сме гледале овие 4 години било фарса :icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr: Претумбале многу ама ако, ми се допаѓа и вака.

Иначе да, Санса имаше 17 години таму кога е снимана сценава значи се рачуна за подведување на малолетници :нинџ: Емилија Кларк мислам ставила некоја тарифа за naked сцени со неа ама не ме фаќајте за збор.

Јака беше Ленка, Планинава прашува : "А со кого ќе се борам?" и оваа вика „Does it matter?“ :vozbud: :drk:
 
Единствено се плашам за Санса ако не му игра ко што иам смислено, а она и не е баш некоја девојка која ептен сака да влезе во брак и/или да ја изгуби невиноста, и да има секс (па дури и со тие што и се допаѓале. Единтвените кои или и фатиле око или била форсирана да им биде ветена биле Џофри (madness abound), Тирион (old and dwarfish, не баш по нејзин вкус), Лорас (кој е геј, така да не би функционирало одлично, не знаеше ни муабет да и направи, не па друго).

Мислам дека Санса и да не му игра на Литлфингр како што тој сака, пак треба да седи без гајле. Ете и Кетлин го имаше отпукано па уште се живо и диво прави за неа, и по нејзината смрт.

Моментот па кога Брон влезе, таа секунда умот ми беше (Bronn in new clothes >>> No, Bronn in new fancy clothes >>> The fuck I'm thinking, its noble clothes >>> Why is he wearing noble clothes now? >>> OMGOMGOMGOMGOMGHEMADEADEAL!) - А мразам такви брзи ланчани мисли зошто прават се предвидливо на некој начин уште пред да е откриено. Ќе уживам во сцените повеќе следната епизода, помалку blitz мозгање. До некаде се очекуваше Брон да го предаде Тирион, сепак Тирион знаеше уште од почетокот дека он повеќе за себе гледа и мотивација му се пари, жени, пари, пари. Очекував да има некаква fuck you dwarf реторика ама се поздравија и овој му рече и дека се уште го глеа ко пријател. Go figures. До душа и нема многу пријатели сега Тирион така да ...

Не е предавство. Едноставно одбира да не го жртвува животот за Тирион. Планината е, не е заебанција. Веројатно и Серсеи да не му го понудила тоа што му го понудила, пак немаше да се бори за него.

Туку Серсеи многу способна се покажа. Брон го поткупи, а и Шеј веројатно. Работата и е скоцкана од секоја страна.

Имаше некои тука за некоја од минатата епизода збореа како Серсеи ги придоби Оберин и Тајвин. Ви викав дека не се тие толку наивни, и еве сега :D Оберин видел веднаш што и е финтата.

tumblr_muiqv8c0sf1r00l9eo1_500.jpg

На овие двајцава се потсетив:

Patricia+Heaton+Brad+Garrett+8th+Annual+TV+n3qbP4zLNrbl.jpg
 
Сите оние никакви сцени со Денерис ги трпев и ги пребродев со надеж дека, ете барем ќе видиме некое ебење и голотија од неа и дека ќе вреди цел пролив што ми го причини сезонава .....и на крај кур !.

Сите сцени ти биле никакви? Сакаш ебење и голотија? Лекот друже, се вика порњава, и нетот е пун со тоа. Оди, убиј си ги фрустрациите, да не те читаме како пишуваш глупости овде молим те.
 
Сите сцени ти биле никакви? Сакаш ебење и голотија? Лекот друже, се вика порњава, и нетот е пун со тоа. Оди, убиј си ги фрустрациите, да не те читаме како пишуваш глупости овде молим те.

добро бе смири се , ти можеш да се подмочуваш на буљашките сцени ја не можам сеа.
Знам дека си приврзан за Денерис и те импреионира како јака и спосбна жена и буди во тебе некои моменти пошто си дерпе ама остај ме да си кажам што мислам.
 
Мислам дека Санса и да не му игра на Литлфингр како што тој сака, пак треба да седи без гајле. Ете и Кетлин го имаше отпукано па уште се живо и диво прави за неа, и по нејзината смрт.

Се надевам дека така ќе биде. Санса може не е интересен лик за многумина, ама за мене е, и ќе имам Red Wedding момент ако ја кикнат. Некои од овде знаат како реагирав за Red Wedding - дојдов, изнапцув се живо и диво од фамилија на Мартин, ја откачив темава од надгледувани и паузирав од форумов едно две недели после тоа. Не ни знаев дека сум Старкс фан додека не се случи Red Wedding.

Не е предавство. Едноставно одбира да не го жртвува животот за Тирион. Планината е, не е заебанција. Веројатно и Серсеи да не му го понудила тоа што му го понудила, пак немаше да се бори за него.

Туку Серсеи многу способна се покажа. Брон го поткупи, а и Шеј веројатно. Работата и е скоцкана од секоја страна.

Мислам дека Брон беше поткупен од Серсеи да ја открие Шеј, и да не и даде да замине, во замена за сите работи што му ги ветила. А Шеј, се уште не знаеме, или ради butthurt feels го стори тоа што го стори, или е натерана на некој начин од Серсеи за истото. Поради тоа се уште сметам дека Брон го има предадено Тирион, зошто тоа му ја запечати судбината на судењето ако се сеќаваш. Нормално, докази немаме, ама некако се ми сугерира накај тој правец.
 
добро бе смири се , ти можеш да се подмочуваш на буљашките сцени ја не можам сеа.
Знам дека си приврзан за Денерис и те импреионира како јака и спосбна жена и буди во тебе некои моменти пошто си дерпе ама остај ме да си кажам што мислам.

А што очекуваш да ти кажам? И да не сум фан на Денерис. Си кажа што мислиш, јас ти дадов предлог/совет, за да не мора да те читаме нервозен, дека девојката за тебе ја бива само во секс сцени.
 
А што очекуваш да ти кажам? И да не сум фан на Денерис. Си кажа што мислиш, јас ти дадов предлог/совет, за да не мора да те читаме нервозен, дека девојката за тебе ја бива само во секс сцени.

Па за кур не ја бива .што да ти кажам, можам да претпоставам зошто ти се идентификуваш со неа, ама мене ми се тиња тие офуцани Ганди и Мајка Тереза моменти што се форсираат кај неа.
 
Па за кур не ја бива .што да ти кажам, можам да претпоставам зошто ти се идентификуваш со неа, ама мене ми се тиња тие офуцани Ганди и Мајка Тереза моменти што се форсираат кај неа.

Hence why - porn is the cure.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom