Одлична епизода, мене ми отиде во 5 минути. Некои сцени може беа спори и мирни (но сепак беа интересни).
Разговорот на Џејми со Тирион - Priceless
Разговорот на Брон со Тирион - Black Comedy
Разговорот на Оберин и Тирион - Emotional & Epic
Моментот кога Оберин влезе, знаев дека теориите беа точни (за него и Планината). Моментот па кога Брон влезе, таа секунда умот ми беше (Bronn in new clothes >>> No, Bronn in new fancy clothes >>> The fuck I'm thinking, its noble clothes >>> Why is he wearing noble clothes now? >>> OMGOMGOMGOMGOMGHEMADEADEAL!) - А мразам такви брзи ланчани мисли зошто прават се предвидливо на некој начин уште пред да е откриено. Ќе уживам во сцените повеќе следната епизода, помалку blitz мозгање. До некаде се очекуваше Брон да го предаде Тирион, сепак Тирион знаеше уште од почетокот дека он повеќе за себе гледа и мотивација му се пари, жени, пари, пари. Очекував да има некаква fuck you dwarf реторика ама се поздравија и овој му рече и дека се уште го глеа ко пријател. Go figures. До душа и нема многу пријатели сега Тирион така да ...
Ме интересира за што ќе ја користат ќерката на Станис, мајка и и Мелисандре. По начинот на кој ми звучеше додека ја гледав епизодата, не ќе е на добро за неа. Важно на Carice van Houten пак и ги видовме близначките и задницата

. А дознавме и дека можно е пола од работите што ги прави да се змиино масло, реално гледано (или може ако друг ги прави), ама Богов нејзин ги реализира (тоа со вивнувањето на огнот во висина на 20 метра, црн смог од кој сите се плашат итн.). Со трикови, до вистината. Ми беше интересно тоа што и го откри на жена му на Станис, без да се грижи за нејзината реакција. Знае дека се држи под контрола.
Денерис имаше интересна сцена. Очекував искрите што летаат да слетаат и во кревет, ама не олку рано, негде предвидував следната сезона дека ќе се случи. Новиот Даарио со тој говор, и + naked пред мене... богами и ја би

. Не ја обвинувам што си ја искористи приликата. И тоа со Џора после ми се свиѓаше, особено тоа што му рече на крај - "Tell him
you changed my mind". Ако претходно не си љубомореа едни на други (туку повеќе беше само Џора љубоморен), сега изгледа баш двајцата ќе си ја замислуваат еден на друг смртта каква би била

. Е што ти е женско .... Ми се допаѓа што ќе го праќа оној типот од минатана епизода, како амбасадор, лично сметам дека и е паметен избор тоа (само сепак се работи за Game of Thrones, сигурно некаков backfire ќе има, а може превише параноик сум...)
За background-от на Кучето знаев од поодамна, но ми се свиѓаше што го сподели тоа со Арија, и нејзината реакција после тоа што го чу, да оди да му ја измие раната. Овие сељациве што го нападнаа, за не знам колку сребреници да ја донесат неговата глава, да не мислеа со заби да му ја изгрицкаат надвор од телото? Не ми беше јасен вампирскиот напад. Разбирам да су трошна времена и да храна нестане, да је оскудација, ама ова? Од трејлерот знаев дека некого ќе утепа Арија (можеа тоа да го сокријат, или малку поенигматично да го едитираат во финалната верзија), само не знаев кој. Знаев само дека немаше да биде Кучето. Може некој да ме потсети кого цитираше Арија? Некој тие зборови и ги кажа неа претходно, што таа му ги кажа на старецот што умираше, и што го еутанизираа после (medieval style), ама не ми текнува кој беше. Да не беше Џакен?
Кај Кесл Блек беше intriguing. Џон као нешто повеќе се потчинува на оној серконо, но се чини дека има поголемо следбеништво од минатата епизода и повеќе подршка од луѓето. Дури и оној градителот кој беше седнат со останативе од тој советот, се мислеше прилично некое време пред да одговори со не (не му беше сеедно, сигурно под палка на серкото игра). Бриен и Подрик, ем се интересни заедно, ем направија ете да има смисла толку сцени со нив што имаше/ќе има сезонава, дознаа дека двете Старк девојки се живи, и Подрик претпостави за Санса дека може е во Ирји. Дебелкото ми е интересен, и ми е мило што го покажаа повторно, овој пат и во доста пресвртна улога, у комбо со Бриен и Подрик. Се надевам барем една од преостанативе три епизоди ќе имаме некоја мала сцена која ќе открие што се случува со Гендри (bastard son of) Баратеон. И некоја сцена плус со Игрит & the Wildlings, макар кратка. I also want more Braavos - You hear that HBO? MORE. BRAAVOS.
Последната сцена ми беше одлична. Знаев ( и сакав) таа лудата тетка нејзина или да се сопне и самата да падне таму дур ја влече Санса, син и да ја турне (because he's batshit mad) или Бејлиш да ја турне (затоа што му се може а и во негов интерес би било да го стори тоа), and he did

. Не сум сигурен баш дека и Робин ќе биде тргнат, сепак син на Бејлиш е. Со Бејлиш наоколу, нема многу малиов да ја тормози Санса (или барем се надевам нема), но затоа и Бејлиш не е некое безопасно друштво. Мислам дека почнувам да му ја сфаќам психолохијата - Кејтлин ја нема, па сега ја има ќерка и, која личи многу на неа, што е the next best thing, особено како што рече дека била дури и поубава од мајка и според него. Единствено се плашам за Санса ако не му игра ко што иам смислено, а она и не е баш некоја девојка која ептен сака да влезе во брак и/или да ја изгуби невиноста, и да има секс (па дури и со тие што и се допаѓале. Единтвените кои или и фатиле око или била форсирана да им биде ветена биле Џофри (madness abound), Тирион (old and dwarfish, не баш по нејзин вкус), Лорас (кој е геј, така да не би функционирало одлично, не знаеше ни муабет да и направи, не па друго).
All in all - одлична епизода! Него кој сеа ќе ја чека наредната по две недели ... Ќе цркнеме дур стигне. Луѓево грото што се едвај недела период преживуваат, за две ќе одлепат скроз.