Се согласувам со Ајсбој дека иако Шеј може е полна со гнев и слично, дека не би му направила такво нешто на Тирион. И дека тоа што го видовме е веројатно нечие сценарио. Баш изгледаше како да вежбала текст и само рецитираше. А во блиц-кадри дур Шеј зборува, Серсеј има чудна фаца и насмевка додека го слуша сето тоа.
Друго нешто што гледам никој не спомна, не му дојде на никој чудно што Пајсел го има ѓерданот кој бил со Донтос (или неговото тело, поточно), и го поврзаа со отров кој Пајсел го имал, иако претходно имаме изјава дека со отровите се служела Лиза Арин? Нели ѓерданот Бејлиш го скрши и го имаше со него на бродот? Како одеднаш во раце кај Пајсел? Пак некоја местенка?
Исто, Арија не беше спомната дека е со Кучето. Варис ја крие? Кога сме кај него, ми беше чуден што сведочеше против Тирион. Во најмала рака очекував по-неутрално сведоштво од негова страна.