Ни мене не ми се свиѓаше тоа со Дредфут, ама:
Болтоновата војска, војската од Дредфут, ја имаше должноста и на другите северњачки војски вазални на Винтерфел, т.е. должноста да се јават на својот лорд и со главнината да тргнат во поход. Болтон успеа да ја сочува својата војска, по крајот на кампањата (знаеме на кој начин) и сега не може да ја врати назад, затоа што не можат да поминат после Близнаците. Приодот кон северот, после Близнаците, е можен само преку тврдината Моут Кејлин, која ја држат Железнородените. Болтон мораше да ја остави војската јужно и самиот да се прокриумчари некако на северот, за да дојде до Дредфут. Му требаше да го освои Моут Кејлин за да си ја врати главнината од војската на север (на крајот на краиштата нели он сега се мести за Заштитник на Северот). Но Ремзи му го заеба планот со психо-физичкото расипување на алатката која Руз сакаше да ја употреби за таа цел. Затоа и скоро и да му рече - А сеа ти како знаеш да ми го освоиш Моут Кејлин (што нас не води во нај новава епизода, а сево ова што го зборам го имаше низ останатите сезони). Затоа ни Дредфут, а ни другите северни утврди не се баш најдобро бранети.
Кога главнината на војската, не е на теренот, тој станува слабо бранет. И додека походот на југ, на Младиот Волк, траеше, Железнородените ја искористија таа стратешка слабост, плус фактор изненадување и ги освоија тврдините долж западниот брег, вклучувајќи го и непланираниот испад на Теон Грејџој кон Винтерфел. Е сега, кога зборував предходно за тоа дека главината на војските е одсутна од замоците на северните лордови, тука сакам да потенцирам дека тоа ги вклучува сите најдобри борци. Што значи дека и тоа многу малку што останало се не толку способни луѓе (од оваа или онаа причина). Затоа и Теон успеа со 20 луѓе да го освои Винтерфел. А памтиме од една од прошлите сезони какви њушки , од татко му,поспрдно му беа доделени. Не е Будала Белон да става способни у fishing village raiding party. Упадот на Јара беше изведен под скоро исти услови, само што тоа не беше Винтерфел, туку по мала тврдина и нејзината намера не беше да го освои, туку само да влезат и да го ослободат братот, сега веќе со заменета личност, плус она имаше 50 најбољи убијци од Железните Острови (барем така се фалеше, нели) а не остатоци како Теон што доби (но со кои го освои Винтерфел).