Донев
★★
- Член од
- 9 мај 2008
- Мислења
- 35.799
- Поени од реакции
- 52.814
Ги немаш гледано претходните сезони?Може да ми објасни некој како оди судењево преку дуел?
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Ги немаш гледано претходните сезони?Може да ми објасни некој како оди судењево преку дуел?
Имаше едно такво во првата сезона кога Тирион беше заробеник на сестрата на Кетлин.Може да ми објасни некој како оди судењево преку дуел?
Имам, не памтамГи немаш гледано претходните сезони?
Ако градовите во Есос се базирани на средовековните и ренесансни слободни градови во Европа, тогаш Бравос, како најмоќен, трговски центар, што се наоѓа во лагуна, со многу канали дефинитивно е инспириран од Венеција.
?????
Серси во тие години да остане бремена од Лорис да не верува човек. Тоа со ѕидот е веројатно единствениот излез за Тајвин да ги задоволи колку толку сите негови деца, а и секако Санса му побегна на Тирион, а планот беше тој да има дете со неа за да го добијат северот.
Океј се тоа, а што правиме што нема легален наследник без Tyrion? Cersei и онака ќе го направи тоа што Tywin ќе и каже, како се досега, не мора да и удоволи со нешто. Доколку ја венча Cersei со Loras, и доколку тие имаат дете, наследник на Casterly Rock ќе биде Tyrell. А алијансата помеѓу овие две фамилии и онака ќе опстои ако се венчаат Tommen и Margaery.
Генијалецот што секогаш е два-три чекори пред сите не согледува дека токму тој може да биде Lannister-от што ќе го изгуби Casterly Rock, после илјадници години. И се поради тоа што не може да го прифати Tyrion како наследник.
Се согласувам со Ајсбој дека иако Шеј може е полна со гнев и слично, дека не би му направила такво нешто на Тирион. И дека тоа што го видовме е веројатно нечие сценарио. Баш изгледаше како да вежбала текст и само рецитираше. А во блиц-кадри дур Шеј зборува, Серсеј има чудна фаца и насмевка додека го слуша сето тоа.
Исто, Арија не беше спомната дека е со Кучето. Варис ја крие? Кога сме кај него, ми беше чуден што сведочеше против Тирион. Во најмала рака очекував по-неутрално сведоштво од негова страна.
Бејлиш го фрли ѓерданот во кајакот врз трупот откако и демонстрираше на Санса дека не е квалитетен .
Што сте се фатиле толку со Арја? Никој не знае дека девојчето е Арја уствари, не ни претпоставуваат. Од каде Арја со Кучето? А за обично девојче никој зборови не троши, не се замараат.
Ни мене не ми се свиѓаше тоа со Дредфут, ама:Епизодава партали!
Лошо почна со сцената во Dreadfort, мислам дека не им ни требаше таа сцена, влагаат во special forces стил во Dreadfort и влагаат во битка со ремзи и уште 5-6 негови војници, ајде тоа нека биде ок, завршува битката и ремзи ги отклучува кафезите со кучиња и овие бегаат од Dreadfort и излагаат живи од таму, каде така во Dreadfort, па Dreadfort е еден од замоците со најголема војска во Вестерос, нема теоретски шанси да искочат 10 души живи од таму, едноставно нема теорија.
Многу ме разочараа HBO со тие сцени но ок, има многу позитивни работи, па се занемерува
.
кралевите си имаат свој sworn protector, на Џофри (Ланистерс) им е Грегор Планината, Тирион ќе си бира, исто како што го одбра неговиот во The Eyrie кога Кејтлин сакаше Лиза да го фрли преку дупката.Може да ми објасни некој како оди судењево преку дуел?
^ Непотребно искористен CGI
^ фантастично искористен CGI
Bravos е дефинитивно најпосебниот град шо досега сме го виделе во серијата. Не само Титанот туку и ко што спомна некој погоре, целосната конституција е импресивна. Воглавно во Вестерос гледаме замоци а не градови, што не е случај со Есос.