Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Кои спојлери? part 2.

" Мое мислење е Оберин vs Планината.

Не за џабе кажуваше Оберин дека тренирал со овие на Денерис војнициве 5 години, сака да ја одмазди Елиа. :) А Грегор е најдобриот меч на Ланистерови дефинитивно и он ја уби Елиа. Ако не сум измешал нешто. "

Да, пошто толку лесно беше да се претпостави дека Планината ќе биде, кога 9 од 10 луѓе го немаа видено промото за следна епизода. Кога до сега во сезонава НИ ЕДНАШ не се појави. Да...многу лесно и логично
 
Ам...ни јас не го гледав промото ама претпоставувам дека е Планината, зашто одбраа нов глумец и го спомнаа до сега во сезонава, а знаеме дека нема за џабе муабети. Тоа се вика foreshadowing, често се користи во филмската уметност. И секако, кој е голем непријател на Планината? Оберин. Гледаш колку е едноставно? Или комплицирано е?
 
Што беше поентата со муабетот на Варис после сведочењето?
Sadly, my lord, I never forget a thing

Битката меѓу Јара и Ремзи џабе ја чекав толку. Не дека не ми беше интересна за гледање, Ремзи ми е еден од омилените споредни ликови, али очекував дека све тоа ќе биде помасивно некако.
 
" Мое мислење е Оберин vs Планината.

Не за џабе кажуваше Оберин дека тренирал со овие на Денерис војнициве 5 години, сака да ја одмазди Елиа. :) А Грегор е најдобриот меч на Ланистерови дефинитивно и он ја уби Елиа. Ако не сум измешал нешто. "

Да, пошто толку лесно беше да се претпостави дека Планината ќе биде, кога 9 од 10 луѓе го немаа видено промото за следна епизода. Кога до сега во сезонава НИ ЕДНАШ не се појави. Да...многу лесно и логично

1. Во една од претходните епизоди, при разговорот на Тајвин и Оберин, Оберин му бара борба со Планината кој ја има убиено неговата сестра. Тајвин му ветува таква борба ако прифати да биде судија во случајот со Тирион, плус му нуди место во малиот совет.

2. Во трејлерот за сезонава Оберин се бори со некого. Не е тешко барем после споменатаве епизода погоре да се поврзе со кого нели?

И третото не е спојлер, ама еве ако не сакаат другите да го видат тоа.

3. Имињата на епизодите се јавно објавени од HBO, ги има на iMDB. Осмата епизода од сезоната се вика The Viper and the Mountain. Епа? :)

И секако, доаѓаме до тоа дека ова е претпоставка а не спојлер. Не знаеме дали сигурно ќе се случи така. Тоа што го знаеме е дека ќе има борба меѓу Планината и Оберин, но не знаеме дали таа ќе биде заради судењето на Тирион. Можеби ќе гледаме две борби, можеби Тирион ќе одбере некој друг. Не ги заборавајте Џејми и Брон како потенцијални учесници во борба...
 
Се согласувам со Ајсбој дека иако Шеј може е полна со гнев и слично, дека не би му направила такво нешто на Тирион. И дека тоа што го видовме е веројатно нечие сценарио. Баш изгледаше како да вежбала текст и само рецитираше. А во блиц-кадри дур Шеј зборува, Серсеј има чудна фаца и насмевка додека го слуша сето тоа.

Друго нешто што гледам никој не спомна, не му дојде на никој чудно што Пајсел го има ѓерданот кој бил со Донтос (или неговото тело, поточно), и го поврзаа со отров кој Пајсел го имал, иако претходно имаме изјава дека со отровите се служела Лиза Арин? Нели ѓерданот Бејлиш го скрши и го имаше со него на бродот? Како одеднаш во раце кај Пајсел? Пак некоја местенка?

Исто, Арија не беше спомната дека е со Кучето. Варис ја крие? Кога сме кај него, ми беше чуден што сведочеше против Тирион. Во најмала рака очекував по-неутрално сведоштво од негова страна.
 
Многу ќе биде јако Тирион (доколку е можно) Тајвин да го одбере па да видиме старчето како ќе се бори :icon_mrgr:
 
Epa koga gledas GoT samo za cicki i ne cekas prevod da ispadne nema da znaesh shto nie realno ochekuvame spored dosegashnite sluchuvanja a shto e spojler.

Sent from my Samsung Galaxy S4 using Tapatalk 2
 
Друго нешто што гледам никој не спомна, не му дојде на никој чудно што Пајсел го има ѓерданот кој бил со Донтос (или неговото тело, поточно), и го поврзаа со отров кој Пајсел го имал, иако претходно имаме изјава дека со отровите се служела Лиза Арин? Нели ѓерданот Бејлиш го скрши и го имаше со него на бродот? Како одеднаш во раце кај Пајсел? Пак некоја местенка?

Бејлиш го фрли ѓерданот во кајакот врз трупот откако и демонстрираше на Санса дека не е квалитетен .
 
Ако градовите во Есос се базирани на средовековните и ренесансни слободни градови во Европа, тогаш Бравос, како најмоќен, трговски центар, што се наоѓа во лагуна, со многу канали дефинитивно е инспириран од Венеција.
 
Па што се чудите за ѓерданот кога Бејлиш го фрли во чамецот врз телото на Санса откако и демонстрираше дека е лажњак и дека не е никаков антиквитет. Очигледно е дека кога го пронашле неговото тело го нашле и ланчето.
 
Имаш стрејт, имаш хомо, имаш би и го имаш Варис. :)
Чуден човек, најнепредвидлив од сите во серијава. Со каква смиреност и без никакви емоции разговара со сите, нема шанси да му ја дознаеш крајната цел. Еден од омилените ликови за мене од самиот старт.
 
Може да ми објасни некој како оди судењево преку дуел?
 
Heir на Кастели Рок е Џејми, а Томмен официјално не е негов син, туку на Роберт.

?????

"
Не за џабе кажуваше Оберин дека тренирал со овие на Денерис војнициве 5 години, сака да ја одмазди Елиа. :) А Грегор е најдобриот меч на Ланистерови дефинитивно и он ја уби Елиа. Ако не сум измешал нешто. "

Ако Оберин Мартел успеал да тренира со Несолидните цели пет години, тогаш во Есос и Вестерос имаат неверојатно добро развиена пластична хирургија.
За да бидеш несолиден, треба да ти одстранат неколку „ситни“ делови од телото, и да те „појат“ со дрогата што ја користат несолидните.

Оберин Мартел служел во некоја од платеничките чети во Есос, најверојатно во „Вторите синови“, бидејќи таму воглавном одат вторите синови на благородниците од Вестерос кои се борат како платеници.

Може да ми објасни некој како оди судењево преку дуел?

Едноставно, двете страни бираат претставник (шампион) кој ќе се бори за нив, ако не можат самите да се борат за докажување на својата правдина.
Борбата покажува кој е во право (оној чии претставник ќе победи). Оној што ќе загуби не бил во право, а попатно е и мртов (ако има среќа. :) )
 
Имаш стрејт, имаш хомо, имаш би и го имаш Варис. :)
Чуден човек, најнепредвидлив од сите во серијава. Со каква смиреност и без никакви емоции разговара со сите, нема шанси да му ја дознаеш крајната цел. Еден од омилените ликови за мене од самиот старт.
Citaj asexuality. :-P

Sent from my Samsung Galaxy S4 using Tapatalk 2
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom