Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
На интернетов се наоѓа филм од 1929, за оваа серија да не може. Гугл бе луѓе не за џабе е барот горе ставен. И бурда издање шеес четврта ќе најдеш.
 
После поголем притисок врз мене за да ја гледам серијата, од пред два дена почнав да ја гледам. Нормално од 1-та сезона почнав :D, до 6-та епизода стигнав.

2-та и 3-та сезона веќе чекаат. :cool:
 
Со кого би го споиле Под ??
Него само го прават постар.

Па и актерот веќе порасна, не личи на Подрик од претходната сезона. Што се однесува до кондензацијата, го лепат со најмалку два други лика. Кои и зошто, тоа би било спојлерисување од моја страна. Гледајте си ја серијата, ќе сфатите после некое време за кои ликови се работи, ако ги читате и книгите паралелно со настаните до каде е стигната серијата. Ќе има многу побитна улога во серијата, тоа можам да кажам без да биде спојлер.

@Шкорпион Првата слугинка на Денерис>>>>>Мисандеи.

Не знам зошто мене ме тагна, не бев јас тој што прашуваше :D.

Од друга страна - дали Станис стана верски фанатик? Мислам во претходните сезони не беше нешто заслепен од верски пророштва и фанатизам, а а веќе го гледаме како ги гори сите оние кои не веруваат во господарот на светлината. Немаше никаков проблем да се стави на клада братот на неговата сопруга, а и сопругата со воодушевување ја следеше кладата. Зарем до толку е стасано со Р'Лор? И со каква војска би отишол повторно кон Кингс Лендинг?

Ако ја простудираш човечката улога во митологијата, и природата на боговите, луѓето се клучот за моќта на боговите. Нивниот фанатизам им ги шири границите на нивната моќ, се водат конфликти, војни, асимилации во име на боговите, од тоа едни ги обожуваат од своја слободна волја, други од стравопочит. Главниот извор на моќ кај боговите доаѓа од градење на храмови, принесување на жртви (храна, животни), а најммногу од човечко жртвување. Како што гледаме од кога прв пат е најавен во серијава "Господарот на Светлината" само засилува моментум и сега горат плејада човечки жртви во негово име. Доволно моќен е да враќа луѓе од мртвите и да и дава пророчки способности на Мелисандре. Со докажувањето на моќта на еден бог, фанатизмот само се зголемува. Јас би рекол повеќе жената на Станис е поголем фанатик од него, он се уште има трошка сомнеж во целата работа, инаку немаше да го имаат оној интерес разговор со Давос, или да биде милослив со ќерка му.
 
Последно уредено:
После поголем притисок врз мене за да ја гледам серијата, од пред два дена почнав да ја гледам. Нормално од 1-та сезона почнав :D, до 6-та епизода стигнав.

2-та и 3-та сезона веќе чекаат. :cool:
Нема што да се праи у затвор, а?[DOUBLEPOST=1397743647][/DOUBLEPOST]
Ако ја простудираш човечката улога во митологијата, и природата на боговите, луѓето се клучот за можта на боговите. Нивниот фанатизам им ги шири границите на нивната моќ, се водат конфликти, војни, асимилации во име на боговите, од тоа едни ги обожуваат од своја слободна волја, други од стравопочит. Главниот извор на моќ кај боговите доаѓа од градење на храмови, принесување на жртви (храна, животни), а најммногу од човечко жртвување. Како што гледаме од кога прв пат е најавен во серијава "Господарот на Светлината" само засилува моментум и сега горат плејада човечки жртви во негово име. Доволно моќен е да враќа луѓе од мртвите и да и дава пророчки способности на Мелисандре. Со докажувањето на моќта на еден бог, фанатизмот само се зголемува. Јас би рекол повеќе жената на Станис е поголем фанатик од него, он се уште има трошка сомнеж во целата работа, инаку немаше да го имаат оној интерес разговор со Давос, или да биде милослив со ќерка му.

Вистината е, дека моќта на сите богови и религии, магии, е на сцена у последниве години. Пред тоа, од многу одамна немало такви нешта.
Религијата на црвениот Бог, постои со векови, а сепак тоа со оживувањето само успева у последниве години .

Знаеме зашто е тоа така.
 
Последно уредено:
Вистината е, дека моќта на сите богови и религии, магии, е на сцена у последниве години. Пред тоа, од многу одамна немало такви нешта.
Религијата на црвениот Бог, постои со векови, а сепак у последниве години само успева тоа со оживувањето.

Знаеме зашто е тоа така.

Се чекале соодветни услови и совршен тајминг :). Ако се освртиш на RL митологија и религии, боговите пак чекале совршен тајминг за некои работи. Дали Грчката митологија, или Абрахамскиот Бог(ови?). Мартин е паметен, внимава на се, сигурно читал на големо за митологииве и религииве, за да биде "реалистично" доловено, според историски и митолошки детали и настани.
 
Малце е глупо што минатата сезона заврши така што сите добија писма за White Walkers и беа вознемирени и кажаа дека тоа е најбитно, за да овие први 2 епизоди не ги ни спомнат нив и си продолжат како да нема ништо.
 
Последно уредено:
Се чекале змејови.
Дали?
Змејовите се причина или пак последица, како и останатите аспекти од магијата што се враќаат во светот. Бидејќи знаеме дека постои постара магија од змејовите. Уште во прва или втора сезона мислам дека спомнаа, змејовите се појавени пред 5000 години. Што не е многу во свет каде што одредени фамилии тврдат дека се стари повеќе од 8000, па и 10 000 години.
 
Малце е глупо што минатата сезона заврши така што сите добија писма за White Walkers и беа вознемирени и кажаа дека тоа е најбитно, за да овие први 2 епизоди не ги ни спомнат нив и си продолжат како да нема ништо.

Да, редовно не залажуваат со white walker-ите и со доаѓањето на Калиси, а никако да се деси ни едното ни другото.
 
Се чекале змејови.

Што имаат врска тие со тајмингот кога некое божество ќе си најави активност или ќе направи нешто во врска со религијата за да ја крене на повисоко место во човечката имагинација и следбеништво?

Малце е глупо што минатата сезона заврши така што сите добија писма за White Walkers и беа вознемирени и кажаа дека тоа е најбитно, за да овие први 2 епизоди не ги ни спомнат нив и си продолжат како да нема ништо.

Нема ваљда на свадбата да зборат за Whitewalkers..

Чисто сумњам и дека сите ги добиле писмата во овие две епизоди. Хронолошки е тешко да се следи Мартин, бидејќи скока од една во друга приказна, па пак се враќа наназад. Не сум сигурен колку тоа го имаат преведено на платно продуцентиве, ама се гледа дека се обиделе да го ублажат тоа. Сега ќе се фокусираат овде малку, пред да се вратат на Whitewalkers, моја претпоставка. Реално, за пример ќе го земам Станис, он прашање е како ќе тера за King's Landing, не па со Whitewalker-ите како ќе се бори. Со која војска?
 
Дени нема шанси да тргне кон Вестерос оваа сезона, изгледа ни наредната. Презафатена е во Есос, и треба многу војска, а воедно и треба и поддршка барем од некоја моќна куќа од Вестерос. Едино ми текнува на Дорн, бидејќи Оберин спомна како веќе имало склопен политички брак со Таргерјените. Дали Дени ќе се повикува на тоа?

Нешто што ме копка-дивјаците мора да знаат за активностите на белите шетачи. Нема шанси да се слепи на трупањето на немртвите. А сепак делуваат како да се такви. Или па знаат ама се прават на Тошо.
 
Да, редовно не залажуваат со white walker-ите и со доаѓањето на Калиси, а никако да се деси ни едното ни другото.

И ако се деси, за шо ќе се збори понатака? Полека бе, уживајте, нека трае серијата што е можно подолго. Ај да нема шо да се дешава у меѓувреме па да дојдат овие океј, ама вака не знам шо сте запнале со змејови и WW.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom