Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Цел ден ми свири у главата Rain of Castamere, емоциите и импресиите не спласнуваат напротив, ретко кога филм или серија толку ме погодиле како последните две епизоди од третат сезона (особено претпоследната)

Затоа ќе пробам да се искажам на темава, ама бидејќи не сум сигурен точно за правилата за спојлери на веќе изминати сезони сепак да си бидам осигуран.

Red Wedding е болно брутален настан, прелом, пресвртница во начинот на кој јас лично ќе се обидам да ја гледам серијава, а верувам истото го осетиле и милиони други гледачи, ќе се обидам никогаш повеќе да немам симаптии и емоционална поврзаност со ниеден лик во серијава, ова беше добра лекција, нормално нема да је гледам серијата механички како робот без никакви емоции кон ликовите но ќе бидам поразумен во „засакувањето“ ликови. Факт е сепак дека и да не се случеше на тој начин, крајот на Роб некако беше извесен, брилијантниот војсководец кој не загуби битка но загуби се друго- војната, домот, семејството и животот. Немаше никаков политички сенс, сите потези што ги повлече во текот на војната беа грешни, го зароби Џејми не знаеше што да прави со него, на крај му донесе само проблеми отколку корист, затоа што беше причина за поделбата во неговиот камп, со еден потег си ја изгуби половина армија, се наоѓаше во ситуација да бројчано инфериорен во непријателска територија, не можеше напред во директен судир со Ланистери, базата во Винтерфел му порапдна, низ цел север се шетаат непријателски сили на Ironborns, заради големата љубов го уништи пактот со Фреј, така да му немаше спас. Болтон на еден или друг начин секако ќе го предадеше, калкулантно копиле испадна, имаше само една солуција, да се повлече назад да го консолидира домот и Северот и да чека, но тогаш ќе го загубеше целиот кредибилтет и углед кај своите, ќе немаше право да се нарекува King of the North, па дури и Lord of Winterfell. Ќе беше проморан на дефанзива од кралската војска коај сигурно ќе го нападнеше, сепак можеше да чека да се развие некоја поповолна ситуација за него. И токму заради сето ова Роб и не ми беше најомилен лик, напротив го сметав за блед, неинтересен и неспособен, но тука е магијата, маестрално не изиграа нас гледачите. оследните епзиоди кои претходеа на Rain of Castamere, авторите прават се Роб да ни се допадне, да створиме симпатии кај него, сцените со жена му, нивните разговори, целата љубов меѓу нив која префектно беше прикажана на екраните, се до самата епизода во сцената кога ми кажува дека ќе го крсти син им по татко му Нед, постепено создава наклон кон тој лик, чувство дека тој е исправната страна и како и во секоја класична приказна треба да „навиваме“ за него, за само неколку минути по тоа да пресече се, во една од најбруталните и гротескни сцени во историјата на телевизијата. Трагичен крај за Старкови и нивната борба, не сум ги читал книгите и немам никакви претпоставки што би можело да биде, но верувам дека ова е крајот за нив, нема веќе кој од нив да ја врати власта во Северот, Бран сега има други интереси, Санса е сеуште заробеник во главниот град а Ајра, Ајра не сум сигурен каква судбина ја очекува. Веројатно многумина очекуваат во наредните сезони таа да биде носител на одмаздата на Северот, но јас би бил претпазлив со таквите очекувања, како што кажав погоре нема веќе идеализирање и очекувње некакви хепиендови са после да бидеме мизерно треснати на земја. Не сум иначе човек кој во филмовите и сериите премногу ги сака позитивните клише ликови, напротив многу често сум се наоѓал да навивам за негативците, но не и во серијава, не знам зошто е тоа така. Се надевам само дека Џејми ќе продолжни пријатно да ме изненадува и во четврата сезона како и во претходната.

Се на се, едвај го чекам наредниот понеделник!
 
madonna-foto-instrgram_ff500.jpg

"До сега се објавени пет книги на Џорџ Р.Р. Мартин, а HBO ги објавува на 4000 страници. Петата книга, Танц со змејови е следната за која е планирано снимање. "

хм, не баш
 
Имам неколку прашања и дилеми на кои се сетив сега, може ќе одговори некој, посебно овие што повеќе пати ја гледале серијата, но не би сакал евентуални спојлери од тие што ги читале книгите.

1.Јас добив впечаток дека инцидентот на Роберт во шумата не беше случајност и дека се работи за убиство особено што се погласни беа шпекулациите за тајната за потелкото на Џофри, поради што беше убиен Џон Ајрин, а Нед Старк беше во опасност?
2. Едно време ми изгледаше дека жената на Роб е шпион на Ланистер, особено во сценат со писмото што го пишува до мајка и. Но, по настаните на Red Wedding, таа теорија веќе нема основа?
3. И најбитното, знам дека нема смисла да барам логика и реалистичност во жанр на приказна во средновековен фантази свет но за да се испланира и изведе настан како Red Wedding, потребно е за тоа многу логистика, односно за тоа да знаат многу луѓе, војници, команданти и друг воен кадар. Ајде да речеме дека луѓето на Фреј и неговата фамилија се целосно лојални кон него и скроз ќе ги следат неговите наредби, но во настанот е замешан и Болтон, зарем никој од неговите соработници и војници кои знаеле што се припрема не добил грижа на совест да го предупреди Роб што ќе се случи, да се обидат барем до некаде да му дадат шанса, сепак се луѓето на Болтон беа на иста страна во војната, и тие се луѓе од Северот, и сигурно имаа симпатии за својот крал и за каузата, мене ми е малце несфатливо како толку ладнокрвно се согласиле да учествуваат во таков гнасен чин.
 
1. Да, најверојатно е убиен. Нема некоја директна потврда, ама сети се што му рече Варис на Нед во последните епизоди од прва сезона.
2. Не верувам, пре би рекол доколку еве ако мора да е шпион :), дека работи на страна на Дени, пошто нели не е од Вестерос.
3. Примарна цел на кралот, е да ја обезбеди лојалноста на своите поданици. Роб се заеба тука. Друга работа е што за цел атентатот да се направи, треба да знаат што помалку а што поверодостојни луѓе, така да не ти треба неверојатна логистика, ти треба само добар план и ни една грешка. Трето нешто е што правиме муабет за Фреј и Болтон, 2 фамилии што се синоним за перверзија. Четврто, секој има своја цена, а Ланистерите имаат премногу злато :)
 
Нешто за виното му спомна ако се сеќавам добро, и за тоа кој му го носи виното, од таму и мене ми се јави сомнежот.
 
Нешто за виното му спомна ако се сеќавам добро, и за тоа кој му го носи виното, од таму и мене ми се јави сомнежот.

Братучедот на Серсеи му беше помошник на Роберт, и тој му го давал виното. Подоцна го видовме како љубовник на Серсеи, кога Џејми беше затвореник на Роб.

lancel-lannister.jpg
 
Опасно е и коментар на јутуб да читаш од можни спојлери, а богами некои теми на форумов. Ај ќе се правам дека не сум прочитал ништо.
 
Ја досега сите спојлери ги избегнав успешно и си чекам понеделник.:свиркам:
Хаха, не отворај ПП од денес па додека не заврши серијалов
acigar.gif
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom