Пошто сум тапа со географијата само знам отприлика кој каде е, а не сакам да гуглам за да не се спољнам, Калиси од сите овие ликовиве во серијава е најблиску до Ланистериве, односно King's Landing, така?
Не, до Драгонстоун е најблиску, до Станис. Отвори ја мапата јеботе!
Слабо финале за нивен терк, но мислам слабо земајќи ги во предвид последните 2-3 сцени односно 15 последни минути од епизодата.
Мислев дека Калиси пак ќе „украде“ епик сцена, ама оваа не ми беше нешто нај-нај. Почнува да ми станува и мене помалку досадна иако уште сакам да разебе мамето со змејовите!
Настрана тоа, во епизодава имаше прејаки сцени.
1. Small council, по втор пат, врвна сцена. Џофри vs. Тирион 1на1, со отворени карти без влакна на јазик. Old good Тирион, оној кој маме ебаваше со јазикот на сите одоколу. Сепак, ни двајцата не можат (сеуште) ништо против овој поглед:
A man who must say "I'm the king", is not true king.
Но и исто така интересно, Тајвин конечно покажа барем малку емоции. Мислам дека дефинитивно Тајвин ја зема во предвид мудроста на Тирион и токму со него е најотворен и во своите планови. Колку и да го мрази, мислам дека во него гледа најблизок налседник, кој успешно би го зачувал фамилијарното име. Една од одликите на Ланистериве е и тоа што сите се комплексни ликови, и сите меѓусебни врски меѓу „роднините“ им се такви.
Овој
wot опнал 8/10 на епизодава, оти не го покажаа Џејми порано, па да можевме да ја видиме кралицата како се плеска.
2. Теон Грејџој и Ремзи факинг Болтон! Dick in the box!
Копилево ми е откритие на сезонава, unmercy лик, кој е фантастично одглумен од актеров, кај го најдоа секоја чест.
Но тука, во поглед на Теон и копилево, мислам дека Теон ќе го стори истото што и Varys. Доколку го ослободи сестра му, ќе го гледаме затворен во кутија кога тогаш на копилево на Болтон, и тука ќе важи она на Varys: The revenge you want, wil be yours in time.
3. Сцените со Волдер Фреј и Роус Болтон заедно со сцената на Брен, Ходор и компанија. Сеа овие намерно во оваа епизода ја исфорсираа приказнава на Брен, за тој што им наштетил на гостите, алудирајќи на Фреј. Сеа не верувам глувци и нему живи да го јадат, но мислам дека Болтон ќе го заебе и Фреј, и тоа јако.
Сепак, зборот ми е, пак јако одглумено од стариов Фреј. Речиси како и 90% од сцениве од серијава кои беа маестрално изглумени од актерите. Врие од актеришта во екипава.
Ова со Брен ми е лично ептен глупо, инаетливоста да иде на северот за да „ги спаси сите“, а сето тоа прикриено во мистерија. Оној Џонџон малион е тип на: Све знам, ќе ти хинтирам, откриј сам... Но мора да е тоа нешто ултра големо, штом вака големо значење му даваат.
4. Сцената со Арја која ја споменав.
5. Конечно ми се допадна сцена со Џон Сноу, ма да пак многу глупо ми беше одглумено, од негова страна.
Сцената со волкот беше кратко потсетување на тоа што го сведочевме минатата епизода. Така сеа, со смртта на Роб, The War of the Five Kings е готова, и сега ќе ги чекаат други проблеми, а тоа е ваљда зимата!
10/10 има сезонава за мене, далеку појака беше од претходната.