- Член од
- 14 ноември 2011
- Мислења
- 2.277
- Поени од реакции
- 4.314
Исто и јас мислам дека Санса ќе се истакне во иднина. Дури и осеќам дека моментално во книгите е се` уште жива (ова е само мислење, а не молба за потврда).
Не знам, мене ликот не ме нервира толку како што ги нервира повеќето тука на темава. Далеку ми е од првите топ дваесет ликови, ама не ја мразам во никој случај.
Кога почна серијата имаше тринаесет години, моментално најверојатно има петнаесет. Очекувано е да прави глупи работи кога цел живот не мрднала од Винтерфел, заштитена од стакленото ѕвоно на правичниот Нед Старк. Очекувано е и да си создава лажни слики за принцови на бели коњи, откако цел живот ја слушала Септа Мордејн како и` раскажува Дизни приказни. Затоа попрво би рекол дека е неинформирана и неискусна, отколку глупа. Глуп човек не би знаел како да го спаси оној пијаницата од првата епизода, втора сезона. Јасно, до сега таа имаше неколку шанси да избега, но ниту една не и` беше којзнае колку поволна. Едната и` беше патешествие до Винтерфел во друштво на баран предавник со нестабилна репутација. Другата шанса пак и` зависеше од језивиот Литлфингер кој сакаше да ја води кај забеганата и` тетка.
Во моментот е заглавена веќе две години во King's Landing, во друштво со најголемите преваранти во цел Вестерос. Наведната глава сабја не ја сече, освен главата на Нед Старк, и затоа подобро е да си ќути, отколку да исправа криви дрини без никаков грб. Џабе и` е и да планира одмазди и да реагира импулсивно Арија-стил. Варис чекал триесет години за одмаздата која ја посакувал да стане негова, зошто да не важи истото и за Санса. Понекогаш способноста да си дадеш џуапот (штипски термин) може да биде предност за еден човек, но понекогаш може да биде и маана, особено кога нема со што да го потврдиш тој џуап*. Дури и тоа што Санса се` уште мрда може да се смета за успех, бидејќи таа одеднаш беше втурната да ја игра Играта на Тронови, без претходно да ги знае правилата. Сега и` останува да учи од искуствата, да создава пријателства и да го чека вистинскиот момент. Затоа и ликот не ме нервира, туку само ми е неинтересен.
џуап (именка) - способност успешно да се справиш со некоја ситуација