Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Па нормално дека ќе ја бара Калиси. Му го погазија она во кое верувал цел живот и за кое бил спремен да умре толку многу децении. Службата во Кралската стража е неотповиклива, а овие го изругаа Селми дека не успеал да го заштити Роберт и дека е стар. Тука не се работи толку за лојалност кон Таргеријанс, колку за борба против фамилијата која не ги почитува правилата.

А чекај па од кај знае он каква е Калиси па да и служи нејзе?
Баристан остана сам на светот и тогаш му текна дека Калиси постои уствари.
 
Тоа што има секс со сестра му изгледа дека не е воопшто важно за да биде окаректеризиран како гад. :eek:

Ова е дискутабилно. Пред House Baratheon да го превземе престолот владееле Targaryens каде инцест било нормално, кралот се женел со своите сестри и зачнувал потомок со цел да се одржи кралската крв која датира назад до Valyria. Се разбира за Cersei и Jaime би било преседан, но ете тие гледаат поинаку на сето тоа.

А тоа што е Jaime гад, гад е. Но скоро секогаш бил притиснат и морал брзо да делува, и нормално некои од постапките ќе го прогонуваат засекогаш. Го имам кажано ова и предходно, Jaime е најкомплексен лик заедно со Theon. Само GRR Martin може да направи лик да го мразиш 2 сезони а после да го сожалуваш, добро освен Joffrey кој е непоправлив. :)

Инаку во таков свет е сместена приказната, каде мора да бидеш гад, итар и трпелив ако сакаш да успееш. Што постигна Eddard Stark со тоа што беше поштен и храбро се спротистави на неправдите во King's Landing? Ја изгуби главата. Оној витезот што се бореше храбро и чесно против Bronn кога го застапуваше Tyrion во Eyrie, и тој го изгуби дуелот. Има еден многу интересен цитат баш на оваа тема "There are old sellswords and bold sellswords, but no old bold sellswords."
 
А чекај па од кај знае он каква е Калиси па да и служи нејзе?
Баристан остана сам на светот и тогаш му текна дека Калиси постои уствари.
Калиси му е шанса да се врати во Вестерос и да исправи некакви неправди. Ми текнува дека и тој се сомневаше во легитимноста на новиот крал и дека се изненади кога Серсеј го скина писмото од Роберт. Калиси не ја знае каква е, ама ете, му текнало дека се мота некаде низ Есос и решил да си проба среќата, бидејќи од претходно знаеше дека си го бара тронот. Не знам какво мислење имал, ама претпоставувам дека моментално е фасциниран од неа. Како и сите ние. :)
 
Интересно е што жени го бранат Џејми.
Веројатно да изгледаше како заробеников, немаше да го бранат. :D

Sandor%2BClegane.png
 
Зошто сите пишувате дека го сожалувате Џејми?
Само мене ли не ми е жал за него? Баш ми беше мерак кога му ја скинаа раката, иако бев WTF у тие моменти, ама ми дојде убаво, ваљда истото чувство што ќе го имам кога на Џофри ќе му ја скинат главата.:свиркам:
 
Не бе какво сожалување. Си го бараше си го доби. Само не е така црно бело, некогаш има и сиво. Тоа е се.

Ама Теон почнувам да го жалам, ми изгледа ко залутана душа која нема поим што прави.
 
Не бе какво сожалување. Си го бараше си го доби. Само не е така црно бело, некогаш има и сиво. Тоа е се.

Ама Теон почнувам да го жалам, ми изгледа ко залутана душа која нема поим што прави.

Теон е дете кое бара внимание само. Мисли дека на овој начин ќе стане нешто во светот, али ете како му се врати тоа. И одма се покаја за грешките.
 
Не бе какво сожалување. Си го бараше си го доби. Само не е така црно бело, некогаш има и сиво. Тоа е се.

Ама Теон почнувам да го жалам, ми изгледа ко залутана душа која нема поим што прави.

Затоа пак околу Теон се луѓе кои што многу добро знаат што прават, па е постигната некаква рамнотежа :sneaky:
Јас Теон не го мирисам многу. Навистина изгледа како да не е баш најинформиран за последиците од глупостите што ги прави и дотолку полошо за него. И затоа и Грејџој си го бара со боринче. Не дека нешто му се ситам на виртуелниов лик, ама се вбројува во еден од погнасните карактери во серијата, кој има само желба за докажување пред тато и амбиции кои ги надминуваат неговите способности.
 
Тие шо имет Мах ТВ и шо гледет на HBO мојт да ми кажет дали ги имат епизодиве од 3та сезона во видеотеката на HBO?
 
Интересно е што жени го бранат Џејми.
Веројатно да изгледаше како заробеников, немаше да го бранат. :D

Sandor%2BClegane.png

Ееј мене Кучето ми е еден од омилените ликови во серијата.

Иначе, според мислењата на темава мислам дека оние кои ги читале книгите го сожалуваат Џејми, а останатите не. Може има нешто во тоа.
 
Интересно е што жени го бранат Џејми.
Веројатно да изгледаше како заробеников, немаше да го бранат. :D

Sandor%2BClegane.png

Жените гледаат цели серии серии/филмови заради убави актери гледаат, а ти за ова замаерка им наоѓаш? :D
 
Заборавате бе дека Џејми го задави братучед му пробувајќи да избега минатата сезона?
 
Затоа пак околу Теон се луѓе кои што многу добро знаат што прават, па е постигната некаква рамнотежа :sneaky:
Јас Теон не го мирисам многу. Навистина изгледа како да не е баш најинформиран за последиците од глупостите што ги прави и дотолку полошо за него. И затоа и Грејџој си го бара со боринче. Не дека нешто му се ситам на виртуелниов лик, ама се вбројува во еден од погнасните карактери во серијата, кој има само желба за докажување пред тато и амбиции кои ги надминуваат неговите способности.

Зошто гнасен лик. Па он не дошол кај Старкови со љубов, бил земен, оттргант од својата фамилија, за да у стават на знаење на Балон Грејџој, дека што и да направи неговиот последен син ќе биде мртов. Сеа што му дале добар живот, и да биде дел од Старк тоа е друга работа. Но, кога се врати дома, секако дека доби желба, да му покаже на својот татко, дека не заборавил и дека е достоен наследник на тронот.
Да отидам сеа кај делот гнаса. Го направи она што мислеше дека треба да го стори, ја увиде грешката. Ако ти текнува муабетот доле со овој што го зароби, не само што се покаја за се, туку и изјави дека неговиот единствен татко, остана без глава во Кингслендинг, Нед Старк.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom