- Член од
- 14 ноември 2011
- Мислења
- 2.277
- Поени од реакции
- 4.314
Напротив. Баристан останал лојален до крај на својот тогашен крал Ерис. Кога Регар ја изгубил битката кај Трајдент, Селми бил подготвен да умре. Сепак, Роберт имал многу високо мислење за него и затоа го помилувал и го оставил да служи како Lord Commander на Кралската стража.ако сакаш да преживееш во серијата, лојалност и храброст ти се најмалку потребни. луѓево се бунат за лојалноста на карактериве, особено за џејми, и баристан не бил толку лојален, едноставно џејми избра разум пред лојалност
Мене Џејми ми е супер лик. Негативни работи кои му ги замерувам: тоа што го убил Ерис од зад грб (без разлика, нелојално ми е) и тоа што го турна Брен. Од друга страна пак, има некои свои племенити принципи, како на пример кога го рани Нед, а потоа го остави да живее бидејќи според него било нечесно да го убие. Како што се сеќавам од прва сезона, дури и Тајвин му замери што не ја заврши работата до крај. И секако, тоа што ја спаси Бриен од силување, односно смрт, што кажува многу за неговиот карактер. Финтата е што неговите горенаведени лоши постапки се директно поврзани со неговата фамилија, т.е. честа на неговата фамилија. Заедно сосе Тајвин мораше да се префрлат на страната на бунтовниците, не дека одеднаш се просветлија дека Кралот е забеган, туку бидејќи им стана јасно која страна ќе биде победничка. Друго, Брен мораше да го турне, колку да не се дознае за инцестот, со што цела фамилија ќе беше протерана од King's Landing, а Серсеј и Џејми сосе децата ќе ги пратеа да го посетат Кралскиот егзекутор. Со ова не сакам да го правдам, туку само да потенцирам дека честа на куќата е уствари изворот на злосторствата на Џејми. Од тотално друга страна пак, тоа што успеа да ја спаси Бриен нема врска ниту со Тајвин, ниту со Серсеи. Едноставно, тоа го гледам како добро дело, без никакви задни намери. Претпоставувам дека сега, кога веќе го унакажија за цел живот, ќе имаме поголема можност да ја запознаеме добрата страна на ликот. Ме интересира каква ќе биде реакцијата на Тајвин кога ќе дознае што му се случило на неговиот омилен син. Како што видовме до сега, тој не е баш голем љубител на физичките недостатоци.