Game of Thrones

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
ако сакаш да преживееш во серијата, лојалност и храброст ти се најмалку потребни. луѓево се бунат за лојалноста на карактериве, особено за џејми, и баристан не бил толку лојален, едноставно џејми избра разум пред лојалност
Напротив. Баристан останал лојален до крај на својот тогашен крал Ерис. Кога Регар ја изгубил битката кај Трајдент, Селми бил подготвен да умре. Сепак, Роберт имал многу високо мислење за него и затоа го помилувал и го оставил да служи како Lord Commander на Кралската стража.

Мене Џејми ми е супер лик. Негативни работи кои му ги замерувам: тоа што го убил Ерис од зад грб (без разлика, нелојално ми е) и тоа што го турна Брен. Од друга страна пак, има некои свои племенити принципи, како на пример кога го рани Нед, а потоа го остави да живее бидејќи според него било нечесно да го убие. Како што се сеќавам од прва сезона, дури и Тајвин му замери што не ја заврши работата до крај. И секако, тоа што ја спаси Бриен од силување, односно смрт, што кажува многу за неговиот карактер. Финтата е што неговите горенаведени лоши постапки се директно поврзани со неговата фамилија, т.е. честа на неговата фамилија. Заедно сосе Тајвин мораше да се префрлат на страната на бунтовниците, не дека одеднаш се просветлија дека Кралот е забеган, туку бидејќи им стана јасно која страна ќе биде победничка. Друго, Брен мораше да го турне, колку да не се дознае за инцестот, со што цела фамилија ќе беше протерана од King's Landing, а Серсеј и Џејми сосе децата ќе ги пратеа да го посетат Кралскиот егзекутор. Со ова не сакам да го правдам, туку само да потенцирам дека честа на куќата е уствари изворот на злосторствата на Џејми. Од тотално друга страна пак, тоа што успеа да ја спаси Бриен нема врска ниту со Тајвин, ниту со Серсеи. Едноставно, тоа го гледам како добро дело, без никакви задни намери. Претпоставувам дека сега, кога веќе го унакажија за цел живот, ќе имаме поголема можност да ја запознаеме добрата страна на ликот. Ме интересира каква ќе биде реакцијата на Тајвин кога ќе дознае што му се случило на неговиот омилен син. Како што видовме до сега, тој не е баш голем љубител на физичките недостатоци.
 

Eddard Stark

Lord Snow
Член од
25 ноември 2009
Мислења
1.220
Поени од реакции
2.540
Jamie apologist alert.

Далеку најлоша работа што ја има Jamie направено е тоа што го турна Bran. Ама ај малку да ги погледнеме работите од негов POV.
Пак тука се соочуваше со тежок избор. Или едно дете што воопшто не го познава, или тој, сестра му, и трите нивни деца да бидат погубени од Robert. И најверојатно војна како последица. Тој го избра неговото семејство.

Ме претекна VLJ.

Исто вреди да се спомне еден цитат на Jamie, мислам дека го имаше во серијата.
"I'd rather die a good clean death, than live a cripple, a grotesque", така нешто беше.
Епа сега е cripple.
 
Член од
7 април 2012
Мислења
1.130
Поени од реакции
1.510
Џејми кој го турна малиот од трети кат затоа што го виде како се секса со сестра му.
Прва епизода.

- Бодигардот е карактер бе, жива сила не онади. А човекот работи за пари, не е ни крал ни принц.
- Џора би влегол во оган за Калиси, лојален е ко куче.
- Џон Сноу, колегата од ноќната веќе беше мртов и сам побара да умре.
- Кал Дрого, тоа е дел од традицијата на Дотраките. Ја силуваше и Калиси.

Не можеш да ги гледаш работите низ призма на денешни вредности. Денес ни лојалноста не се смета за нешто посебно, нити ред други работи.
Прво за Drogo, најлесно ми е за тој аргумент да се фатам. Ако речиме дкеа на Jaime во крвта му било да убива кралеви, подобро ќе биде? Не знам како можите да го споредите Jaime ( или кој било друг од Вестерос ) со дивијак како Drogo, кој единствено мисли колку луѓе ќе убие утре.

Bronn ( тој човекот на Tyrion што е ) е уште полош од Jaime. Се продава самиот себе за пари и е спремен се да направи за едно ќесе златници.

Jorah сега ја сака Daenerys и сега е спремен се да направи за неа, ама памтиш дека тој му беше шпион на Varys? Беше спремен да направи се за да можи да се врати дома. Се смена сега и тоа го забораваш? Зарем Jaime не оди сега на поинаков пат? Ја спаси Brienne од силување и најверојатно, смрт.

За Snow нема што да речам. Се гледа дека Ned го пораснал.

Не гледаме низ призма на денешни вредности. Jaime сите го критикуваат за убиството на Aerуѕ, ама тоа што го правеше Jorah е исто толку лошо, а тоа што го правеше Drogo веќе да не зборам.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Тоа што има секс со сестра му изгледа дека не е воопшто важно за да биде окаректеризиран како гад. :eek:
Мислам дека Џејми е манипулаторски гад, дури и тоа што ја спаси Бриен има некоја намера за да искористи нешто.

Кога сме кај спојлери прочитав одамна еден од Анон пред неколку месеци на темава и сега таа приказна од филмот воопшто не ја ни следам.
Воздржете се малку.
 
Член од
14 март 2013
Мислења
2.875
Поени од реакции
8.678
Bronn ( тој човекот на Tyrion што е ) е уште полош од Jaime. Се продава самиот себе за пари и е спремен се да направи за едно ќесе златници.
Точно, ама муабетот за него беше дека не е кукавица. И воопшто не е. Има кохонес до земја. :)
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.733
Џејми е гад, кој не можеш да го мразиш. Мене лично ми е многу јак и интересен лик и покрај тоа што е гад. Реално, добри момци во серијава се реткост. Нед, Роб, Давос...

Џејми е комплексен лик, нели ко шо и Мартин изјави во едно интервју на Comic Con дека му е еден од најтешките, иако можеби не изгледа така. И „расправииве“ овде за Џејми го говорат истото. :)

п.с. не го чачкајте Ser Jorah, „момакот“ е фаца. :cool:
 
Член од
7 април 2012
Мислења
1.130
Поени од реакции
1.510
Точно, ама муабетот за него беше дека не е кукавица. И воопшто не е. Има кохонес до земја. :)
Не е ни Jaime. Ај, сетете се на се она што го има напраено во серијата и што имате слушнато од други ликови за него.

Џејми е гад, кој не можеш да го мразиш. Мене лично ми е многу јак и интересен лик и покрај тоа што е гад. Реално, добри момци во серијава се реткост. Нед, Роб, Давос...

Џејми е комплексен лик, нели ко шо и Мартин изјави во едно интервју на Comic Con дека му е еден од најтешките, иако можеби не изгледа така. И „расправииве“ овде за Џејми го говорат истото. :)

п.с. не го чачкајте Ser Jorah, „момакот“ е фаца. :cool:
Jorah, Jaime, Bronn, Drogo...сите се фаца. :P

Само малце ми е глупо како сите го мразат Jaime оти бил нелојален, оти го предал кралот...а Jorah го правеше истото и сите заборавија.
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.858
Поени од реакции
10.333
Абе, Дани знае дека Џора се занимавал со робови? Нели она ептен е по робовладетели :icon_lol: , ќе излезе хипокрит ако пали градови заради системот со робови а до себе прибрала човек протеран заради тоа.
 

Verdict

Galadriel
Член од
21 мај 2012
Мислења
2.197
Поени од реакции
2.114
Абе, Дани знае дека Џора се занимавал со робови? Нели она ептен е по робовладетели :icon_lol: , ќе излезе хипокрит ако пали градови заради системот со робови а до себе прибрала човек протеран заради тоа.
He's changed.
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Абе, Дани знае дека Џора се занимавал со робови? Нели она ептен е по робовладетели :icon_lol: , ќе излезе хипокрит ако пали градови заради системот со робови а до себе прибрала човек протеран заради тоа.
Знае, уште во прва сезона му префрли за тоа. Не знае дека ја шпионирал на Варис. Ќе биде интересно ако дознае.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.651
Поени од реакции
59.624
Џора е лик во години, направил грешки во минатото и се гледа дека е свесен за истите. На некој начин Џора е лик кој се кае за грешките и е одлучен да живее поинаку. Не бараме безгрешни ликови во серијава, освен децата сите други се помалку или повеќе извалкани, како што е и нормално.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom