Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Еј пази. Црвов ги уби овие од армијата на Ланистери, кои се бореа против неговата сакана кралица.
А Ѓон кога му ја уби, го затвори во ќелија. ГоТ ЛОЏИКС РОКС.

Ај да се договориме од сеа Дани и Џон, Јон и Велика да ги викаме? Плус ќе се фрли светло на непокорноста на северњаците кои се како Пиреј (по истоимениот роман), кај не ги сееш таму никнат...
 
А Арја како отиде до Џон Сноу после говорот на Дени и никој не ја виде?

Шала на страна... Има издржани критики и барање мува у супа. Сеа се' уште не знаете за што да серете, почекајте додека излезат доволно грешки на нет и препишете ги овде со „NAJUZASNA EPIZODA , GOT TE MRAZAM ZASEKOGAS". Во голема мера проблемите во ГоТ се поврзани со тоа како серијата доаѓа до главните точки на приказната, а не со самите точки. Некои ја критикуваат серијата зашто не се случило тоа што сакале да се случи. И ја сакав Греј Ворм да го распнат зашто ми е ретардиран, али јеби га. Не може да критикуеш квалитет на епизода врз основа на тоа дали завршила така како што сакаш, тоа е пристрасно размислување.

Како и да се решеше, пак ќе имаше фрки. Ова беше солидна разрешница.

А критиките во стилот на „Значи дијалогот меѓу Тирион и советниците, УЖАС!!! КАТАСТРОФА ЕПИЗОДА 1/10." се ноторно глупи. Гневното дете хејта. На многумина им е тешко да пристапат објективно и ако сакаат нешто, ќе го сакаат до крај, ако го мрзат, ќе го мрзат до крај.

Во епизодава дијалозите беа одлични. Ги имаше оние драмски муабети што ми фалеа. Тирион ја изгуби еднодимензионалноста што го следеше веќе подолго време, пак некако беше стариот Тирион. Камера, мизенсцени, газење. Сценариото беше добро.
ГоТ почна со Сноу, Арја, Брен и Санса и заврши со нив. Мене некако ми беше мило што заврши вака иако тоа е прашање на субјективност.

Според мене, квалитетот на епизодиве оваа сезона е ваков...

1. 6-та.
2. 5-та.
3. 2-ра.
4. 1-ва.



5. 3-та.
6. 4-та.
 
Последно уредено:
Секој нормален ке каже дека серијава требаше многу поквалитетно и покреативно да заврши....за атер на сета таа работа првите 6 сезони па и 7
 
А Арја како отиде до Џон Сноу после говорот на Дени и никој не ја виде?

Шала на страна... Има издржани критики и барање мува у супа. Сеа се' уште не знаете за што да серете, почекајте додека излезат доволно грешки на нет и препишете ги овде со „NAJUZASNA EPIZODA , GOT TE MRAZAM ZASEKOGAS". Во голема мера проблемите во ГоТ се поврзани со тоа како серијата доаѓа до главните точки на приказната, а не со самите точки. Некои ја критикуваат серијата зашто не се случило тоа што сакале да се случи. И ја сакав Греј Ворм да го распнат зашто ми е ретардиран, али јеби га. Не може да критикуеш квалитет на епизода врз основа на тоа дали завршила така како што сакаш, тоа е пристрасно размислување.

Како и да се решеше, пак ќе имаше фрки. Ова беше солидна разрешница.

А критиките во стилот на „Значи дијалогот меѓу Тирион и советниците, УЖАС!!! КАТАСТРОФА ЕПИЗОДА 1/10." се ноторно глупи. Гневното дете хејта. На многумина им е тешко да пристапат објективно и ако сакаат нешто, ќе го сакаат до крај, ако го мрзат, ќе го мрзат до крај.

Во епизодава дијалозите беа одлични. Ги имаше оние драмски муабети што ми фалеа. Тирион ја изгуби еднодимензионалноста што го следеше веќе подолго време, пак некако беше стариот Тирион. Камера, мизенсцени, газење. Сценариото беше добро.
ГоТ почна со Сноу, Арја, Брен и Санса и заврши со нив. Мене некако ми беше мило што заврши вака иако тоа е прашање на субјективност.
Според мене, квалитетот на епизодиве оваа сезона е ваков...

1. 6-та.
2. 5-та.
3. 2-ра.
4. 1-ва.



5. 4-та.

Можиш да разбериш, дека сето ова серење не е заради самиот крај на серијата туку како е дојдено до крајот?

Кажи како може лик како БРОН да заврши во малиот совет како master of coin а пред некоја епизода ги држеше на нишан Тирион и Кралоубиецо и му се закануваше? Значи подол, мизерен убиец, алчен за пари - master of coin.
 
Имаше еден тон глупи моменти во епизодава, али најсмешно ми беше кога Давос им сугерираше на ансалид да си основаат своја куќа:pos:, куќава ќе пропадне после една генерација, како ќе остават наследници????????
 
Можиш да разбериш, дека сето ова серење не е заради самиот крај на серијата туку како е дојдено до крајот?

Кажи како може лик како БРОН да заврши во малиот совет како master of coin а пред некоја епизода ги држеше на нишан Тирион и Кралоубиецо и му се закануваше? Значи подол, мизерен убиец, алчен за пари - master of coin.
Брон е комик рилиф у ГоТ.

Во реалистично сценарио, логично е што сите тие фаци се во советот освен Брон. Не држи вода да стигне приказната до таа точка освен ако не го гледаш тоа као комик рилиф.
Така и треба да го гледаш. Тие аспекти веќе не ми беа релевантни во финале епизодата. Важни ми беа некои други работи.
 
Санса нека се спои со Тирион ајде таму :P
 
После 3тата епизода боље крај од ова тешко дека некој ќе извади. Лично за мене на A song of ice and fire пологичен крај ќе беше борбата против Најт Кинг бидејки борби за тронот имало и пред и ќе има и после дејствието во серијата. Појавувањето на натприродното е тоа што оваа приказна ја извдвојува од останатите настани во историјата на Вестерос.
 
Респект ако ја играш, во GOT модот за CK2 може подобар епилог да се направи од ова што го видовме.

Модот е перфекција само едина работа која ме нервира со модот е тоа што имаш максимум една провинција.
 
Иако иам еден куп забелешки за последнава сезона, ова со ИМБД е смешно :D Демек прошла сезона беше за 9 а оваа за 6 рејтинг? Приказната почнаа да ја заебуваат и полнат со нелогичности уште во претходната сезона, не глеам толку драстично опаѓање во квалитет. Да споредиш со некоја од првите ајде, али вака е дебилно.
 
Uncle ... please sit. :LOL:
На глас се смеев, му ја прекина Санса кандидатурата. :pos:

She wanted to break the wheel, али затоа Дрогон излезе попаметен и го спржи тронот. Плус, Бран и онака си има свој. :D
Од сцената кога Џон ја збрцка Дени (ич не ме дирна) и после кога се појави Дрогон, да речеме дека ми се допадна. Преку такво од тоа сивилото и сите мртви сериозни последнава сезона, сонце блесна фала богу и малце се насмеавме. Јас не знам што ви смета хуморот, еден куп сцени имаше такви во првиве сезони, Тирион си ги мести столчињата, па го нема во книгата на Сем, па Брон сака да инвестира во бордели наместо во бродови. :D
Серијата почна со Старкови и заврши со нив, секој на друга страна од светот. Тој дел мене ми беше ко што опишуваа за крајот дека ќе биде bittersweet, таков и ми се виде.
Го прифаќам крајот каков што го претставија, не може да кажам дека сум скроз задоволна, али не ми ни смета.
 
Јас па не гледам што е толкав проблем тоа што Брен заврши на тронот, па нели тој беше најважен лик во универзумот? Друга е причината за разочарувачкото финале, како што спомнав и во мојот претходен пост.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Nro
Колку "експерти" на форумов бре бре... а коментариве copy-paste од "инфлуенсери" по нетов. Зошто Џон вака, зошто Арија така, ама како можеше Брон да биде во советот кога им се закануваше, каде е тука логиката бла бла.

Џон го осудија да живее во Castle Black во изолација, а не за да го чува ѕидот од WW па да прашувате која е поентата. Таму претходно ги позиционираа и Вајлдлингс кои преминаа од јужната страна на ѕидот и затоа Castle Black е сеуште населен, а не дека некој ставил луѓе онака ради реда па сеа се правите на три ипол или имате меморија на риба. Овие Вајлдлингс го сакаат Џон ненормално, па веројатно и самите не сакаат да живеат изолација и робување, па си се вратија назад од кај што си дојдоа патем Џон им се придружи веројатно несакајќи да живее со правилата "Нема да имаш секс, жена, деца". Мене баш ми беше ежење сцената кога ги отворија капиите и овие полека се упатија накај Север и во позадина екна тоа музиката во сосема друга верзија. Арија замина во поход оти уште кога беше мрсулка место не ја држеше, се знаеше за неа дека ќе заврши како талкач. Брон е во советот оти му дадоа збор дека ќе биде, му доделија и земја, ако не сфативте во тек на 8 сезони потиликата е секој да си стои на зборот без разлика за кого се работи (имаше мали исклучоци како Денерис кои залутаа, па не траеа долго на позиција).

Нареден пат пред да си гледате серија прво информирајте се за жанрот, оти ако е Fantasy show не е за вас, поштедете се од негативна енергија, добро е за здравјето.
 
Сезонава беше падни стани. Според мене, 3 слаби (1,4,6) и 3 јаки епизоди (2,3,5). Продукциски перфектна, глумата фантастична, слаба приказна, избрзана завршница... и покрај се, серијава одбележа една декада и помести планини во светот на телевизијата. Создаде свој универзум и привлече стотици милиони гледачи во него. Честитки за тоа.

Можеби ќе пишам некој подолг осврт понатаму, можеби и нема. Овде само сакам да му симнам капа на еден човек, чичко Peter Dinklage

tyrion.jpg

за фантастично одиграната ролја која никогаш нема да ја заборавам. Без него, ништо немаше да биде исто.

Беше убаво патување и не ми е никаков проблем што не заврши подобро. На ред се книгите, се надевам дека стариот ќе ги дозаврши за некоја година. Се надевам дека ќе има приквели, само не многу брзо. Потребно е да помине некое време.

Валар Моргулис.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom