Поделен сум во врска со финалето, од една страна имаше неколку ептен јаки и емотивни сцени кои не може а да не го допрат гледачот кој со години гледал, се соживувал со ликовите.
Од друга страна, како и целата сезона, еден куп нелогичности, избрзани сцени, чудни исходи, никакви дијалози.
До моментот кога Џон и го забоде ножот на Денерис, епизодата ми беше перфектна, после тоа како да налепиле 2-3 сцени кои ги снимиле набрзина во два саата. И преку кур од тој Брон, каков мизерен, безвреден лик, без никакво значење и без никаква приказна, требаше уште од 5-та сезона да се отерасат од него.
Штета што вака заврши, можеше да биде перфекција, само требаше уште 2-3 сезони и автори кои сеуште ја сакаат и им значи проектов, не дека не можеа, но веќе не им беше гајле, само мислам дека ни тие ни никој друг не очекуваше толку негативни реакции од јавноста, за жал целата серија ќе биде обележана како неостварен потенцијал пред се заради оваа осма сезона.