^ Мене не ми е срам, истиве одлуки ги имам донесено.
Играва е одлична засега. Родрик и Ашер ми се многу badass, или со други зборови така ги играм. Мира ја играм најпредпазливо, а со Герет сум потенчина од збор.
Објаснување за одлуките:
Го спасив вујко ми пошо нему можев да му помогнам - против луѓе се тепаше. На Бершка како ќе и помогнам против змеј... само да ја тргнам настрана да го избегне пламенот можев, а знаев дека е паметна и способна сама тоа да го направи.
Отидов да разговарам со Тирион пошо Марџри ме накурчи. Никако не ми помага во врска со семејството, многу идиотски се понаша а ништо лошо и немам направено.
Тој шупакот го оставив да умре пошо така му ветив на Џон и се воздржав, ијако опцијата да го гурнам преку ѕидот беше примамлива.
Му станав на Гриф пошо fuck off, im badass. Заебанциите на војниците околу смртта на Итан како и моментот кога лигушот ја фрли Талија на земја беа премногу, не можев да му клечам на колена после тоа.
Го задржав декретот пошто мислам дека повеќе ќе ми користи ако го имам отколку ако се ослободам од него, нешто слично како и ножот во прошлата епизода.
Бонус одлука:
Не му кажав на Џон за шумата. Колку и да му верувам на Џон и знам дека е good guy, сепак ветив дека никому нема да кажам и си стојам на зборот. Плус, не верувам да може да ми помогне да ја најдам, пошо нели, he knows nothing.
Неколку прашања, бидејќи греота е да нема дискусија околу ваква игра..:
Кој е предавникот според вас?
За кого работи Том и дали му верувате?
И верувате на Сера?