Game of Thrones - A Telltale Games Series

Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.309
Поени од реакции
19.661
Дури сега ја завршив играва бидејќи ми е многу досадна и едвај со сила ја играв бидејќи веќе кога сум стигнал до крајната епизода ајде да ја завршам.

Мислев дека нашите избори од сите епизоди ќе имаат влијание на крајот али воопшто не е така. Најинтересни карактери ми беа Родрик и Ашер. Ме нервира играва (а и сериите во последно време) што прави цел свет да е против тебе, како deus ex machina , што и да направиш - некако ќе се ситуацијата за да те заебе на крај. Исто така - убивање главни карактери колку да се убијат.

- Ја кажав вистината - Се гледаше дека Мира е заебана, нема да ја уништам другата типка без смисла
- Одбив да се оженам/и со мочкото - На овој или оној начин Мира е заебана (освен ако Телтале не направат во втора сезона нешто), му ги уништив амбициите и плановите
- Го жртвував Котер - веќе кога умира барем да го искористиме
- Го убив Лојд - првин го убив син му али за да видам дали има нешто различно лоаднав одпоново и го убив него и така и остана. Лојд делува ко човек со мозок, син му не баш така да се сомневам дека ќе војува или ќе маневрира како него
- Ги пратив војските на југ, Зимата доаѓа, горе ќе џаболебарат и ќе чекаат да умрат кога тогаш од мртовците/ undead, ај да ги искористиме да си го земеме градот

Мислам дека ќе не заебат во втора сезона особено за Мира. Доста прашања останаа неодговорени како на пример што е всушност North Grove? Исто така, многу се угледува играва на сериите, Форестерс се Старк, егзекуцијата на Мира со Нед, нејзиниот брак би бил како на Санса, Елис Форестер со Кејтлин Старк вклучително нивните последни зборови итн.
 
Последно уредено:
B

beaverknight

Гостин
Не сакав да ја читам целава тема да не наидам на споилери.
Is it worth playing?
Ги имам играно The walking dead и The wolf among us од Telltale, двете ми беа одлични.
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.501
Поени од реакции
33.643
Не сакав да ја читам целава тема да не наидам на споилери.
Is it worth playing?
Ги имам играно The walking dead и The wolf among us од Telltale, двете ми беа одлични.
Подобра од wolf, послаба од walking dead.
Книги, серија ако си гледал ќе ти е јака. Ако не, онака...

Ќе ти препорачав успат и Life is Strange али си играл гледам.
 

AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
Не знаев дека има ваква тема дури сега ја гледам.

Ги имам играно сите,и сите ми беа одлични. Чиста 10ка за сите.

Но,работата е,што и да играш и како пак ќе се добие посакуваниот крај,тука бегање нема,приказната не се менува,крајот е секогаш ист.
 

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.729
Поени од реакции
9.712
Штотуку ги изиграв 5 и 6 епизода во еден здив. До 4 ги играв како што излагаа, ама поради обврски сега ги доиграв последните две епизоди.

Задоволен сум од играта, само ме разочара приказната со Мира. Толку сплетки, шпиунирања, манипулирања, лажења, обиди да се придобие некој од “големите“.. и се тоа за целата нејзина судбина да зависи од една одлука (крајната). Разочаран сум. Секако, одбрав да не се омажам за копилето, макар ме коштало и глава на колец. Така и испадна на крај, што многу ме разочара.

Причата со Геред исто така некако досадна станува. Го жртвував Котер (ијако за момент се поколебав пошо ептен заебана ми беше целата ситуација ама ај.. ) и тргнав на југ. Зашто би останал таму кога можам да помогнам на фамилијата? Одлука без размислување.

Е сега, најбитниот и најзаебаниот дел од целава прва сезона на играва. Одлуката на крајот од 5тата епизода. Ашер или Родрик. Кога ми излезе сцената за одлука се шокирав, двајцата ми се омилени ликови, особено Родрик. Меѓутоа, брзо одлучив да го оставам и да го спасам Ашер. Зошто? Затоа што тоа беше најправилна и најрационална одлука што можеше да се донесе во целава игра, колку и да го сакав Родрик и не сакав да умре. Па Родрик отиде со намера да го спаси Ашер од заседата. Плус тоа, сигурен сум дека мојот Родрик не би дозволил неговиот помлад брат да се жртвува за него. Moјот Родрик би се жртвувал за фамилијата, особено за помалиот брат којшто отиде да го спаси од заседа. Немаше да ми има смисла одлуката Ашер да го жртвував. Колку и да имаат смисла некои од тврдењата дека подобро е Родрик да се спаси, сепак убеден сум дека ја донесов правилната одлука којашто највеќе има смисла.

Иначе, делот со предавникот. Данкан беше кај мене, и го поштедив, ијако на Талиа и ветив дека ќе го убијам. Јакото е што токму тој, заедно со Талиа го спасуваат Ашер на самиот крај од епизодата.

Ќе биде интересна наредната сезона, сигурно. Многу очекувам од Геред. А ме интересира кои карактери ќе бидат playable.

Iron from Ice! :icon_lol:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Kajgana Shop

На врв Bottom