FX3X работи за Холивуд, но како ги плаќа вработените?

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Турци инвеститори, турски серии... 500 години сме му биле робови на Турчинот.
Оние 500 евра што ги спомнав се награда за секој оној кој ќе има доволно инает и талент за да исплати по 1 евро за секоја година мината во ропство.
Кармата е кучка. :)
 
Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.200
Поени од реакции
14.512
И како што вика дармон заслугата ја земаат газдите, т.е. само Кристијан као он е гуру-то и се сработил другите не се ни спомнуваат.
Пошто нели заслугата за Мајкрософт не е само на Бил Гејтс иако илјадници луѓе работеле, пошто заслугите за гугл не ги земаат Лери и Сергеј, пошто заслугите за епл не ги зема Стив Џобс.

Незнам што не ви е јасно на тој начин на работа. Неможе работникот да земе заслуги за нешто, фирмата, директорот, менаџерот зема заслуги. Обичниот работник зема само плата и тоа е тоа, секаде у светот така функционира тоа, не е Кристијан единствениот.

Во врска со платите, што е битно колку пари фирмата наплаќа за некој проект? Тоа не треба уопште да го засега вработениот и да му влијае на неговата плата.
Да речеме истата кола може Кристијан да ја наплати 1000 евра ама може и 10 000 евра, тоа е негова заслуга, негови преговарачки способности, уствари он е тој што се поврзал со холивуд, не се вработените тие.

Што кур го боли вработениот колку пари фирмата зема за проект се додека он зема солидна плата (и не под солидна не мислам 300-400 евра за 3д моделирање). Да речеме зема 800+ евра, пријавен, плата на време, бонуси понекогаш, може да си работи фриленс у слободно време итн итн. Сосема солидно за наши услови. Е сеа ако фирмата тие негови 800 може да ги наплати/претвори у 8000 месечно што е битно? Треба да бара вработениот повеќе демек?

Затоа кај нас ништо не функционира како што треба.

Е сеа тоа што платите се толку мали кај овие и што неплаќаат и малтертираат овертајм и такви други глупости тотално не го оправдувам.
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.842
Поени од реакции
5.121
Во врска со платите, што е битно колку пари фирмата наплаќа за некој проект? Тоа не треба уопште да го засега вработениот и да му влијае на неговата плата.
Да речеме истата кола може Кристијан да ја наплати 1000 евра ама може и 10 000 евра, тоа е негова заслуга, негови преговарачки способности, уствари он е тој што се поврзал со холивуд, не се вработените тие.

Што кур го боли вработениот колку пари фирмата зема за проект се додека он зема солидна плата (и не под солидна не мислам 300-400 евра за 3д моделирање). Да речеме зема 800+ евра, пријавен, плата на време, бонуси понекогаш, може да си работи фриленс у слободно време итн итн. Сосема солидно за наши услови. Е сеа ако фирмата тие негови 800 може да ги наплати/претвори у 8000 месечно што е битно? Треба да бара вработениот повеќе демек?

Не функционира тоа така во светот пријателе.Да знаеш како се работи на запад, одма ќе ги спакуваш куферите.
Например, девојка ми работи за маркетинг фирма на голем проект за еден универзитет.И сега газдата покрај бонуси, на најдобриот работник ќе му даде и недела дена одмор за двајца во Ница. Е така.
 
Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.200
Поени од реакции
14.512
Не функционира тоа така во светот пријателе.Да знаеш како се работи на запад, одма ќе ги спакуваш куферите.
Како се работи на запад просветли ме?
Познавам луѓе што биле/работеле на запад баш вакви слични работи.
Си земаат плата и тоа е тоа, нема филозофија голема.

Ако некои фирми дваат одредени бенефиции тоа е друго, во поголемиот дел не е така.
А уствари ако некој мисли дека може повеќе секогаш може да проба сам да основа своја фирма нели?
 
Хехехе, мисли си дека не е така.Западот е милион години пред МКД за работнички права и бонуси.
 
Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.200
Поени од реакции
14.512
Например, девојка ми работи за маркетинг фирма на голем проект за еден универзитет.И сега газдата покрај бонуси, на најдобриот работник ќе му даде и недела дена одмор за двајца во Ница. Е така.
гаде ми забегуваш од темата. Девојкати добива бенефиции, добива бонуси, меѓутоа не добива покачена плата во зависност од тоа колку пари газдата ги наплаќа проектите и не ја ни интересира нели?
Башка еден, т.е. најдобриот ќе го добие тоа, тоа е стимулирање на работниците.

Плата е едно, бенефиции и бонуси се сосема друго
 
Значи има транспарентост, газдата ако работи на голем проект ќе ти даде голем бонус, а во останатиот дел од времето си добиваш плата.Плата на 31 секогаш, како швајцарски сат.
Муабетот ми е, доколку има проект од 15мил фунти, одреден дел ќе се подели на бонуси, нема утре газдата да купи ферари, а работниците да црнчат.МКД е распашана банда за тоа.
 
Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.200
Поени од реакции
14.512
Значи има транспарентост, газдата ако работи на голем проект ќе ти даде голем бонус, а во останатиот дел од времето си добиваш плата.Плата на 31 секогаш, како швајцарски сат.
Муабетот ми е, доколку има проект од 15мил фунти, одреден дел ќе се подели на бонуси, нема утре газдата да купи ферари, а работниците да црнчат. МКД е распашана банда за тоа.
Работниците таму и без бонуси не црнчат :D

Дека кај нас не е така јасно ми е и тоа, само мене друг ми беше муабетот, македончето никогаш не е задоволно со пари. И бонус да му дадеш он ќе биде љубоморен зашто неговиот газда праи толку пари

ај касно е....
 
Член од
20 јули 2011
Мислења
576
Поени од реакции
203
Бев таму, и многу се разочарав.

Како прво, колку и да си добар, нема да те вработат,они ти даваат 1 год договор, демек да те тестираат, без некој динар да ти дадат, за превоз, храна.
Од таа една година, ти даваат некој си таму проекти, без врска, каде сто морас се да правиш, од моделирање, анимација, ригинг, светло, рендер, текстура. Добро тоа до некаде е убаво, ама на пример, јас кога бев таму, отидов заедно со едно другарче, и двајцата сакавме да знаеме само за анимација, и ми викаат нешто, тука се мора да правиш.

Кога ке заглавиш некаде, и сакаш да прашаш некој од тие со повисок ранг, и те како ке се разочараш. Ќе ти дојдат така демек брзаат, ќе погледнат што е проблемот, нема да седнат да ти кажат, некогаш да, ама реткост, и се само што ќе ти кажат, види таму има туторијали симнато од торенти, најди, неможам сега. Или па, кога е време да ти го прегледаат прокетот, што демек си го правел, ќе ти дојдат 5 души, неорганизирани, и нема да знаеш кој да слушаш.

Тие главните таму, кој од кој е себичен и дволичен. таму до трето колено е вработено, брат, сестра, братучед. дечко. девојка.

За плата да не збориме, таму од 250 евра, не даваат, освен ако не си некој на некој од газдите.

За 3Д, не работат на блокбастери, работат, на некој цртани, некој си детски емисии, што не ни знаеш од каде се. Таму каде што се работи за филмовиве од Холивуд се во 2Д, ротоксоп , matchmove, paint. Или некој визуелни ефекти не прават. Значи тие само зимаат пари од 2Д.

Фирмата е многу тапа, има неколку што им се таму останати, останите, не седат ни до 1 година, неможеш да напредуваш, они не ти даваат, договорот им е турли тава, демек ако си одиш од таму, не смееш да работиш 2 години. Многу луѓе си идат од таму, или идат во вертиго, или во другата фирма Video House. газдата што е од Video House, беше во фх3х, и од таму си отиде со уште неколку луѓе и основаа фирма. И овој мајмунот Кристијан, ги тужи, пошто не го почитувале договорот.

Фх3х, и добро само на име, внатре кога ќе бидеш, е друга приказна.

А на запад да работиш на филм, е друга приказна.
 
С

Спасе супата

Гостин
Не функционира тоа така во светот пријателе.Да знаеш како се работи на запад, одма ќе ги спакуваш куферите.
Например, девојка ми работи за маркетинг фирма на голем проект за еден универзитет.И сега газдата покрај бонуси, на најдобриот работник ќе му даде и недела дена одмор за двајца во Ница. Е така.
Не го измисли тоа западот. Барем до пред едно десеттина години и кај нас имаше нешто слично. За Велигден јагниња преку синдикат, за Нова година пакетчиња. Или пример газдата напрал компензација што не може да ја продаде па на работниците им дели канти сирење. Врвот е сепак кога на 4500 денари плата 1500 беа во бонови.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
3.745
Поени од реакции
1.847
Може некој да ги наброи другите фирми како фх3х во Македонија?
 
Член од
20 јули 2011
Мислења
576
Поени од реакции
203
Може некој да ги наброи другите фирми како фх3х во Македонија?
Фх3х, ти се единствени што работат за Холивуд. другите две работат за домашна и странски прокети, но нема прокети од Холивуд, тоа ти се вертиго и Video House.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
3.745
Поени од реакции
1.847
Фх3х, ти се единствени што работат за Холивуд. другите две работат за домашна и странски прокети, но нема прокети од Холивуд, тоа ти се вертиго и Video House.
Само 3 фирми? Жално..
 
Член од
24 август 2011
Мислења
511
Поени од реакции
807
Со мојата 4, најмалце :D

Има повеќе фирми, само не кукаат по медиумите за објави во весници и лижење гзови. Од технички аспект мојата фирма е светлосни години пред fx3x, јас барем си имам in house рендер фарма, не мора да бацувам нечии нозе за да добијам термин за рендерирање. Не е којзнае колку голема ама си врши работа.

Вработени за стално немам, си зимам и јас хонорарно по потреба ама за разлика од џукеливе, јас на дизајнерот точно му кажувам што е проектот, кој е клиентот и колку ќе му наплатиме, а тој ќе добие процент од вкупната наплата. Целата поента ми е да биде тоа исплатливо за сите и со дизајнерите да градам пријателски односи. Плукнам ти се во бизнисот кога вработените те мразат и те колнат, и ти гасат телефон кога ги бараш. Сите луѓе со кои сум работел во минатото едвај чекаат пак да ги повикам, а тоа со пари не се купува, туку со меѓусебен респект.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Пошто нели заслугата за Мајкрософт не е само на Бил Гејтс иако илјадници луѓе работеле, пошто заслугите за гугл не ги земаат Лери и Сергеј, пошто заслугите за епл не ги зема Стив Џобс.
Абе другар, многу погрешно си ме разбрал дефинитивно ама ај да ти подобјаснам уште малце може?
Значи разбирам како сопственик на фирмата да си ја земе заслугата ама треба и да ги цени супервизорите т.е. главните виновници за успешноста на проектот па и тие да бидат спомнати.

800+ евриќи плата не земаат биди сигурен, он како сака нека ја наплати работата што ќе биде завршена ич не ме боли. Проблемот е што работиш испод минималецот кој реално би го добил за таа работа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom