FX3X работи за Холивуд, но како ги плаќа вработените?

Член од
18 ноември 2008
Мислења
621
Поени од реакции
612
Момци и девојки, прочитав денес дека оваа компанија работела на три од петте номинирани фолмови за оскар за визуелни ефекти. Јас слушам гласини дека фирмата многу слабо ги плаќа вработените, а нормално кога работи на вакви филмови со мултимилионски буџети можеме да замислиме какви профити остварува. Ако некој има сознанија за компанијата нека ги сподели овде.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Какви сознанија и зашто баш сакаш да знаеш? Според плата кај нас за филмска постпродукција и шминкање на реклами, видеа и слично први биле vertigo visual како што разбрав.
 
Член од
6 февруари 2013
Мислења
50
Поени од реакции
40
Имам слушнато дека имаат работено на големи проекти, ако не се лажам на последниов дел на Трансформери и уште неколку други познати филмови.

А за платите незнам :D
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.352
Поени од реакции
28.009
Нема врска, доста добро се платени. Мое другарче заврши факс на електро па за да се вработи му бараа да заврши курс за моделирање во 3д иако го владееше, покрај тоа што му платија половина цена од курсот доби и убаво работно место и за 4 месеци работа стигна до 700 евра плата, со тоа си изнајми и стан и си има одлична заработувачка за 24 годишен... А, што и како и од каде ги плаќаат не знам не сум дискутирал на тоа. Се дешавало некогаш еден месец да не земат плата но наредниот им била исплатена, а секако и доста бонуси зимаат.
 
Член од
24 август 2011
Мислења
511
Поени од реакции
807
400 до 500 евра, за менаџери 1000 па натака.
Liar liar..

FX3X всушност има малку македонски 3Д дизајнери, повеќето се индијци кои ги најмуваат хонорарно. Работат по ист модел како и големите софтверски паразити од типот на Seavus - зимаат голем број на дизајнери за ефтини пари и проектот им го растураат на ситни парчиња. На секого му даваат мало парче, таман доволно за да не знае на што работи човекот. Така нема да може да бара многу пари. Пример, ако дизајнираат автомобил, едниот работи на бандажите, друг работи на седиштата, два-тројца на предницата и така натаму. Само мал дел на луѓе им се стално вработени и тие луѓе потоа ги склопуваат деловите за да се добие финален модел или сцена. Во суштина најголем дел од дизајнерите воопшто не ни знаат кај им завршил трудот.

Никогаш, ама !НИКОГАШ! не би работел за ваква бедна компанија. На страна тоа дали плаќаат добро, немаш никаква перспектива за унапредување. Во 3Д дизајнот каде креативноста е најбитна, тие ти даваат стриктно зацртани димензии и упатства. Предизвици нема, никогаш не си соочен со нешто што ќе ти даде нови искуства или ќе те натера да развиеш нова техника. Кај нив работата се сведува на исклучиво механички операции, само редиш полу-готови делови. Класична амалска работа.

Како еден од ретките 3Д дизајнери во Македонија кои професионално се занимаваат со оваа работа, со сето срце изјавувам дека ја презирам оваа фирма. На нас дизајнерите не ни се проблем пари, доволно е 2-3 куќи годишно да дизајнираме и пуна капа пари има, ние константно бараме нови и интересни проекти на кои би работеле. Со други зборови, се она што 3Д дизајнот би требал да биде, во оваа фирма не е.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
400 до 500 евра, за менаџери 1000 па натака.
Убаво ти кажа @Ал нема врска дека е таа платата. Таа сума од 400 до 500 дели ја на два и ќе добиеш плата во фирмата.

Нема врска, доста добро се платени. Мое другарче заврши факс на електро па за да се вработи му бараа да заврши курс за моделирање во 3д иако го владееше, покрај тоа што му платија половина цена од курсот доби и убаво работно место и за 4 месеци работа стигна до 700 евра плата, со тоа си изнајми и стан и си има одлична заработувачка за 24 годишен... А, што и како и од каде ги плаќаат не знам не сум дискутирал на тоа. Се дешавало некогаш еден месец да не земат плата но наредниот им била исплатена, а секако и доста бонуси зимаат.
Жити се кој е тој другар баш да видиме дали е стварно така, може? Јас имам неколку таму што работат и муабетов не држи вода.

Ал погоре многу убаво ја долови целата работа, само ќе го надополнам.... секој работи точно на мал дел на пример 5 секунди од некоја секвенца и после тоа така сработено се склопува во една целина и затоа имаат 100 и кусур вработени.
За напредок понатаму може и има шанса ама се е тоа индивидуално.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.030
Поени од реакции
34.653
Во 3Д дизајнот каде креативноста е најбитна, тие ти даваат стриктно зацртани димензии и упатства. Предизвици нема, никогаш не си соочен со нешто што ќе ти даде нови искуства или ќе те натера да развиеш нова техника. Кај нив работата се сведува на исклучиво механички операции, само редиш полу-готови делови. Класична амалска работа.
+1 имаш за ова! Бравос! Само би те надополнил дека не е само во 3Д дизајнот креативноста најбитна - според мене, креативноста е најбитна во секоја можна работа која постои. Ни за милионски суми не би требало човек да работи на место каде го затупуваат неговиот интелект и/или на било кој начин ги ограничуваат неговите способности и омеѓуваат неговите идеи. (За жал - реалноста е поинаква од посакувањата. :( )

BTW, не заборавајте дека парите се отепувачка :P
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.352
Поени од реакции
28.009
Убаво ти кажа @Ал нема врска дека е таа платата. Таа сума од 400 до 500 дели ја на два и ќе добиеш плата во фирмата.

Жити се кој е тој другар баш да видиме дали е стварно така, може? Јас имам неколку таму што работат и муабетов не држи вода.

Ал погоре многу убаво ја долови целата работа, само ќе го надополнам.... секој работи точно на мал дел на пример 5 секунди од некоја секвенца и после тоа така сработено се склопува во една целина и затоа имаат 100 и кусур вработени.
За напредок понатаму може и има шанса ама се е тоа индивидуално.
Е ај баш да видиме дали е така како што викаш ти ? Првпат пишувам на ваква тема а и општо на подфорумов и не ми е намерата да излажам некого, кажувам што ми кажува мој добар другар, сигурно не продава марихуана па да вади од таму пари. Крај краева твое е дали ќе веруваш, нити имам намера да ти докажувам нити да го правдам него, не ме интересира оваа област.
 
Ако си редовно вработен ќе ја добиеш, 3Д дизајнот е во моментов златен рудник и на пари таму не се штеди ама финтата е што тешко е да стигнеш до такво вработување, обично преку врски се стига. Треба да имаат огромна доверба во тебе за да ги добиеш сите делови од моделот оти тогаш ќе дознаеш на кој проект работиш. На нив тоа не им се исплати. Ако дознаеш дека работиш на холивудски филм, нормално дека нема да се задоволиш со 400 евра, ќе бараш повеќе. И не е проблем да добиеш и 50к евра, тие можат да си го дозволат тоа ама сопствениците се екстремно алчни луѓе, спремни се да најмуваат индијци за ситни пари да им работат. Да ја земеме за пример колата одозгора повторно. За неа имаат буџет од 50к евра а колата може да се дизајнира за 20к, сосе саатите за рендер фарма оти како што претпостави, сопствениците се толку чкрти што немаат своја фарма. Ај нејсе..

Наместо да ги инвестираат тие 20к на редовни дизајнери, тие ќе му дадат 20 долари на еден дизајнер за бандажите, 30 на друг за седиштата, 50 на трет за моторот и така натаму. На крај колата ќе ги чини 1000-2000 ем никој нема да знае што по ѓаволите правел. Јас разбирам штедење и намалување на трошоци, ама со ова го убиваат идеалот на 3Д дизајнот. Не знам со кој памет најмуваат уметници а потоа не им даваат да демонстрираат креативност.

Не знам, можда јас премногу при срце си ја земам етиката и идеалот на 3Д дизајнот ама во мои очи бездушно е талентиран 3Д дизајнер да нема шанса да ја изрази креативноста.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Е ај баш да видиме дали е така како што викаш ти ? Првпат пишувам на ваква тема а и општо на подфорумов и не ми е намерата да излажам некого, кажувам што ми кажува мој добар другар, сигурно не продава марихуана па да вади од таму пари. Крај краева твое е дали ќе веруваш, нити имам намера да ти докажувам нити да го правдам него, не ме интересира оваа област.
хах, што се згна толку, м? Можеби е а можеби и не е, јас знам дека плата таму е околу 13 до 15К и тоа е тоа. Убаво ти реков ако има некој таков ќе разберам и ќе потврдиме, as simple as that.:coffee:

Не знам, можда јас премногу при срце си ја земам етиката и идеалот на 3Д дизајнот ама во мои очи бездушно е талентиран 3Д дизајнер да нема шанса да ја изрази креативноста.
(y)
Така и е, не си земаш при срце дефинитивно. 3D дизајн, моделирање, креирање на CG и ред други работи бараат слобода и креативност од уметникот кој го работи тоа.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.352
Поени од реакции
28.009
хах, што се згна толку, м? Можеби е а можеби и не е, јас знам дека плата таму е околу 13 до 15К и тоа е тоа. Убаво ти реков ако има некој таков ќе разберам и ќе потврдиме, as simple as that.:coffee:
Ќе продолжиме со дискусија коа ќе ми дадеш релевантен извор кај што докажуваш дека платата е таа.
 
THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Лоша фирма е се согласувам, немаш шанси таму да растеш и да се надградуваш како дизајнер но платата е таа што ја наведов.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Ќе продолжиме со дискусија коа ќе ми дадеш релевантен извор кај што докажуваш дека платата е таа.
Ти кажав, двајца другари работат таму. Едниот е година таму, другиот е пола згора на тоа уште барем 3-4 нивни добри другари работат таму.
 
Член од
24 август 2011
Мислења
511
Поени од реакции
807
Пер тргнувам сам по себе, лани добив проект да дизајнирам вила на еден газда на текстилна фабрика во Прилеп и човекот ми даде одврзани раце во најголем дел од работите. Го следев техничкиот нацрт само за floor plan-от, но ентериерот и хортикултурата беа целосно мој дизајн. Тоа ми беа прекрасни 30-тина дена поминати во забава, кога на дизајнер ќе му дадеш таква слобода, тој си го пушта мозокот на пасење а резултатите се зачудувачки добри.

Му наплатив само пола од реалната цена и му направив fly through анимации, нешто за што воопшто не се ни договоривме. Едноставно ми беше забавно дур си го работев проектот и чувствував дека треба на човекот да му дадам попуст. Затоа ако најмуваш дизајнер некогаш, дај му слобода и тој ќе ти го даде светот.

Еве еден проект на кој работам сега. Човекот сака оваа слика да му ја направам photorealistic со асално дрво, книга и слично. Реално за ова би требало да плати 150 долари, јас му наплатувам 50 затоа што никогаш во живот не сум правел надворешни корења од дрво и ова ми е нешто ново. Во текот на проектот ќе научам неколку нови техники, што е напредок за мене.

Kajgana Shop

На врв Bottom