Бев таму, и многу се разочарав.
Како прво, колку и да си добар, нема да те вработат,они ти даваат 1 год договор, демек да те тестираат, без некој динар да ти дадат, за превоз, храна.
Од таа една година, ти даваат некој си таму проекти, без врска, каде сто морас се да правиш, од моделирање, анимација, ригинг, светло, рендер, текстура. Добро тоа до некаде е убаво, ама на пример, јас кога бев таму, отидов заедно со едно другарче, и двајцата сакавме да знаеме само за анимација, и ми викаат нешто, тука се мора да правиш.
Кога ке заглавиш некаде, и сакаш да прашаш некој од тие со повисок ранг, и те како ке се разочараш. Ќе ти дојдат така демек брзаат, ќе погледнат што е проблемот, нема да седнат да ти кажат, некогаш да, ама реткост, и се само што ќе ти кажат, види таму има туторијали симнато од торенти, најди, неможам сега. Или па, кога е време да ти го прегледаат прокетот, што демек си го правел, ќе ти дојдат 5 души, неорганизирани, и нема да знаеш кој да слушаш.
Тие главните таму, кој од кој е себичен и дволичен. таму до трето колено е вработено, брат, сестра, братучед. дечко. девојка.
За плата да не збориме, таму од 250 евра, не даваат, освен ако не си некој на некој од газдите.
За 3Д, не работат на блокбастери, работат, на некој цртани, некој си детски емисии, што не ни знаеш од каде се. Таму каде што се работи за филмовиве од Холивуд се во 2Д, ротоксоп , matchmove, paint. Или некој визуелни ефекти не прават. Значи тие само зимаат пари од 2Д.
Фирмата е многу тапа, има неколку што им се таму останати, останите, не седат ни до 1 година, неможеш да напредуваш, они не ти даваат, договорот им е турли тава, демек ако си одиш од таму, не смееш да работиш 2 години. Многу луѓе си идат од таму, или идат во вертиго, или во другата фирма Video House. газдата што е од Video House, беше во фх3х, и од таму си отиде со уште неколку луѓе и основаа фирма. И овој мајмунот Кристијан, ги тужи, пошто не го почитувале договорот.
Фх3х, и добро само на име, внатре кога ќе бидеш, е друга приказна.
А на запад да работиш на филм, е друга приказна.